Wednesday, February 29, 2012

Колку сте стари?


авионот Неготино хотел Парк

Колку сте стари?

Пред да одговорите размислете убаво
Тито, е историски лик?
Две Германии, ма немој да ме јебеш
Неврзаните, движење каа Гринпис
Варшавски пакт,полска рок група
Со динар купуваш по Европа (Трст е наш)
Со пасош секаде у Европа
Марама, титовка на глава ,горд ... те носат на ќибапи
Штафета на младоста, реалити шоу ма неее
У Сараево зимска олимпијада, и ноа Сараево, да да у тоа
Дааа РТС вршеше пренос за цел свет ,успешно
Валтер го бранеше Сараево, и го одбрани
Топ листа надреалиста, ма каков арт покрет
Големи и црни ЦД-а, не тоа е лонг плејка
Да телефон е, шо го гледаш така?
Се мислиш дали у град или да рокаш на Комодорето
Ако си хипстер, имаш гумењак(не е презерватив) Спектрум
Ако имаш евентуално Амига, ондак не ти гине музичка кариера
Јебига мораш да станиш да смениш канал!
Како нема, е така нема друг канал затоа не стануј
Видеокасета трета рака беше Џам слика (резолуција ???)
Пионер не е појачало, Маршал е (ама не смееше да се спомне)
Ебате будала,р`мбал цел живот и го ставиа на пара Алија Сиротановиќ
Курт Вајдхајм беше прецедател
Нова Македонија 35динари,и сите ја купуваа
Вечер уште повеќе,да да истиот Вечер
Најдобрата плажа, беше бесплатна... Купари (се одеше со авион)
Бок да го просте ,Џексон беше црнец.
Грција на одмор??? Златен Дојран, хотели,ресторани
На одмор со Путник не спииш  на аеродром
Пакет аранжман не е понуда на ТА Аурора

Стварно колку сте стари?!
Еве го и поздравот





Tuesday, February 28, 2012

Сељак Vs Селанец

Пред многу, изгледа премногу години, стигнав у големиот грат. Дете од провинција, селанче, во очите на новата околина. Комплексите се набиваа еден по друг. Да селанец сум. Ај нека си реков. Деновите поминуваа , Скопје метрополата полека ми се отвори. Па човеци јас дојдов можеби како селанец ама бев опкружен со сељаци. Скопје е дувло на сељачизмот. Така и остана до ден денес. Али да баталиме се и да се насмееме , да дефинираме сељак.

- забната паста ја  нарекува  Каладонт

- Има повеќе бели чорапи од М Џексон

-Даљинското од тв е замотано у најлон

-Медицински поими се инфракт, скрелоза

-На телевизорот е обавезн тишлајфер (миље) до половина на екранот и истото се подига само за вести

-Има специален пар гаќи само за на доктур

-Има ајфон оти е најскап

-Има лабтоп

-Рингтонот е моментален хит на Пинк

-Обожава Џез (без разлика шо е тоа)

-Има шанк, и у позадина празни шишиња од егзотични пијачки

-Нормално има лејтест модел на Адидас трењерки од најдречливиот модел

-Има џип ама со најмалиот дизел мотор за да не троше ногу

-Има календар за тековната година со својот 3 годишен син

-Сето ова неговата жена го документира на фб, пошто е домаќинка ( у Гучи огртач)

-Нормално во родното село има новоизградена куќа на 3 спрата

-Бтњ селото е напуштено

-Сателитската е завртена така да има најдобра оптичка видливост кон луѓето, не кон сателитот

-Исклучиво виски и малборо, тоа шо во шишето му ставиле ракија и не е толку битно

Ве молам за разбирање, а воедно и за дополнување на листата затоа искрено повелете

Ваш селанец


Published with Blogger-droid v2.0.4

Monday, February 27, 2012

За Твитерцките работи

Сите сте индивидуалци,да сите сме индивидуалци,но некои се поиндивидуалци од другите. Кој сме и што сме на твитерот? Збир на индивидуалци, но какви?
Луѓе,човеци,аватари,заклучени,мистериозни (од било какви причини),кои си најдоа свое место на ТЛ од разни причини.
Моја причина беше да го отргнам вниманието од цигарите (фала богу за 10 дена ќе биде точно една година), но постепено увидов дека твитер е многу интересно место каде се запознаваат луѓе. И не само тоа ,дел од тие луѓе стануваат твоја виртуелна фамилија, но како и во секоја фамилија мора да има и црни офци. Да тоа се оние надмени ВЛИЈАТЕЛНИ твитерџии,на кои им е испод части да следат секого, да ретвитнат, фаворизират или недај боже спомнат некој (со исклучок на неколку од нив).
Порака до нив, Влијателни Твитер е социјална мрежа, и затоа или прифатете ли правилата на игра или ебетисемајката од тука.
Поздрав

Сефте

И ја иам блог..
Чисто онака
да пробам
може каа ќе иам идеа и да напишам нешто
стварно
срам ме фаќа