Monday, December 30, 2013

85КА

85КА 
































































































За крај !!! Среќна Нова година...на сите шо ја слават

Wednesday, December 25, 2013

Твитер прашалник @vikohyeah

Твитер прашалник @vikohyeah


1.Име (ник ово оно)?
- Име: Виктор а.к.а. Вико, не ми е од Млади бунтовници, така ме викаат уште од далечната 1993г;
- Ник: Viko von Drom, дека сум Вико и дека сум од Аеродром;
- Јузер: @vikohyeah е од „viko oh yeah“ бидејќи често го користам изразот „oh yeah;
- Пасворд: Лозинка;
- Ово Оно? Јас знам за Yoko Ono, а за Ово Оно #ЕвеНеЗнам.

2.Висина и тежина?
- Висина околу 178cm, и мислам дека е таман. А тежина ми видоа пред некој ден кога ми гледаа на кафе. Имам малку вишок, ама барем не сум мањак.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- Руса, барем додека не почнав да ја бричам главата, пред поеќе од 20 години (види фотос)

 (Фотос: Шизик од twitter во рана младост)

4.Убав? (одговори со да или не)
- да или не.
Меѓу тоа, многумина кои што ме познаваат подолго ми кажуваат: Алал да ѝ е на таа што ќе се омажи за тебе. Претпоставувам дека тоа не значи дека не сум убав, освен на тие што не им се допаѓам. Тоа најубаво го знаат девојките. Имам сини очи и секси Р!!!

5.Зошто си на твитер?
- За да се оженам. Почнаа да ми вршат притисок од дома, во маало, на работа, на twitter, на facebook, Hi5, mIRC, за да се женам дека многу ме бивало за домаќин, а јас сум сингл као Clint Eastwood во вестерн филм.
Секако дека се зезам!!!
За да запознаам интересни луѓе кои ме расположуваат додека ги читам нивните умствени креации преточени во 140 карактери, и за интересни дружби.
Инаку, @TomislavNaskov а.к.а. Tom is Love ме убеди (читај: прелажа) да направам профил на твитер, ама не се каам интересно е, а и твитер дамите се претежно убави.

6.Шо преставува вашиот аватар?
- Јас, лично јас, the one and the only Вико. Моменталниов аватар ми е новогодишен бидејќи наликувм на дедо мраз, инаку сум фотографиран летото двеиљадитаипеттата додека нанесував пена за да се бричам. На секој иден аватар би бил лично јас.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
- Не сум во врска. Не ме собира. Имав една карирана врска - Вратоврска.

8.Вашето прво искуство?
- Беше од дамна, на гостински терен. Ме предизвика една девојка мислејќи дека ќе ме фати неспремен, ама тактички ѝ го пуштив прво полувреме, па ја средив со 3 акции во второ полувреме. Сите што се кладеа на мене 1 во 2 фатија! - Не беше местена!

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- На еден месец би сакал да одам на многу места. На меден би сакал пола на море со многу сонце, а пола на планина со многу снег, ама коа ќе се женам ќе ти кажам поточно. Сепак и половината што има ПМС ќе влијае на одлуката.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Ќе штрајкуваме како стечајци од социјална мрежа загубар пред влада и во знак на протест ќе твитме со чкртање на ѕидови... Добро нема, ама најверојатно ќе најдеме некоја друга социјална мрежа, не се откажуваме! Поскапеа третманите на психијатар.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
- Поеќе би сакал во некое егзотично овошје, ама штом инсистираш на зеленчук или Брокула или брутално лута Пиперка.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
- Ако би се сретнал со Ferdinand Porsche или Feruccio Lamorghini би порачал по една кола, омилени ми се од авто индустријата.

13.Шо мобилен телефон користиш?
- Се снаоѓам со користење на повеќе модели и видови на мобилни телефони од повеќе брендови. Моментално користам Nokia Asha 302, а се острам да ќарам (читај: да си купам) некој HTC.

14.Каде сте родени?
- Не се сеќавам, од дамна беше, а и бев многу мал. Моите ми кажаа дека сум роден во Скопје.

15.Колку цркви има у Дром?
- Само во населба Аеродром има 4, а вкупно во цела општина Аеродром има 7 православни цркви.


Прашања од  @totalbullshitX 
1.Да знаеш дека од утре нема повеќе твитер, кој би бил твојот последен твит?
- Еј не знам, не сум размислувал. Можеби би пишал нешто смешно или да се организира ТвитАп.

2.Кога ќе те жениме?
- Кога ќе ја најдам вистинската, која би требало да се однесува како домаќинка во домот, мајка на децата, дама во јавност, и како порно актерка додека води љубов со мене. Би требало да знае да биде и згодна и неопходна, нежна и неизбежна, и секси без комплекси.
 Ако имаш ти, или било кој, некоја вистинска како за мене кажувајте!

3.Кое би било твоето порно име?
- Не ти е малку незгодно да ме прашаш вакво нешто? Нели ќе ме жените?!
 Или можеби имаш понуди за мене од порно индустријата. Се мислам помеѓу Vikо Ohyeah или Viko Horny. Распиши реферндум за да може женската популација да одлучи.

4.Дали ја имаш таа смелост да излезеш по фармерки во Аеродром?
- Ако ме прашуваш за смелост да излезам по фармерки во Аеродром, во тој случај, јас сум најсмелиот Аеродромец бидејќи најчесто носам фармерки, а знаеш дека:

Почитувани #ТвитерДами и #ЏентлТвитерџии ви благодарам на вниманието



Monday, December 23, 2013

84КА

84КА 




Friday, December 20, 2013

Твитер прашалник @totalbullshitX

Твитер прашалник @totalbullshitX 


1.Име (ник ово оно)?
   Мислам дека нема потреба од понатамошна елаборација, самото си кажува (сѐ е Total Bullshit).

2.Висина и тежина?
   Сѐ си мислам дека сум некаде околу 180 цм...а за тежината ќе го цитирам Цацко: „Маж под 100 кила не е маж“

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
   #6F4E37

4.Убав? (одговори со да или не)
   Не сум во можност да одговорам на прашањево, затоа што не сум се видел во огледало повеќе од 5 години (не сакате да знаете како се бричам). Пред тоа еднаш се погледнав и напукна десно во ќошот.\

5.Зошто си на твитер?
   Некако интимно ми е прашањево.

6.Шо преставува вашиот аватар?
   Нашиот аватар претставува дека сѐ нешто смрди некаде, па вака се заштитувам.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
   Каква врска бе, во дуксер сум...ладно е надвор.

8.Вашето прво искуство?
   Беше тоа една вечер во еден парк во Прилеп. Се собравме некои 30-тина души. На почетокот не беше нешто ептен вкусно, но после тоа некако почна полесно да ми е. Кога се пресметав другиот ден видов дека сум се начукал од едно шише пиво. Детска работа, па ти.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
   Хммм...на еден во некое јапонско село, чисто да видам дали има некоја вистина во “The Last Samurai”. А на меден ќе оставам понежната страна да одлучи. (Бора Бора)

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
    Бараме некоја друга мрежа да замараме со нашите мудрости.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
    Иако прашањево е за вегетаријанци, сепак ќе одговорам: во кромид (bitches love кромид).

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
     Би му порачал на Елвис: „Земи легни си брат, поспиј малку“.  

13.Шо мобилен телефон користиш?
     HTC Inspire 4G…иако сеуште нема 4Џи кај нас, важно јас сум си спремен.

14.Каде сте родени?
     Essen, Deutschland…ама во лето.


Прашања од  @Ognen_K

1. Дали во 2014 да ја очекуваме твојата збирка на преведени мак.народни и српски турбофолк песни на англиски?
   Сеуште се комплетира и мора да ја споделам првата од Цеца “When tears fall upwards”.

2.Да можиш да смениш крајот на некој филм и серија кој би бил и како би го завршил?
  Би го убил Брус Вилис во  “Die Hard 2”. Ова веќе нема смисла што се случува, човекот умира 5 пати и никако да умре.

3.Ако можи да те голтни земјава, во кој бенд би сакал да те плукни?
  Lamb of God, дефинитивно.

4. Светиот пијалок #Пиво - Кригла, шише или лименка?
   Кригла, ама со дупли рачки. 

     Плус, еве ви #ПредлогСпоменик -