Thursday, January 31, 2013

Твитер прашалник @SkDeeyasporah

Твитер прашалник @SkDeeyasporah



1.Име (ник ово оно)?
Не знам шо да кажам еве сеа ќе пробам да бидам темелен возбуден сум проштевај за недостаток на интерпункција али дур се смирам не е битно ќе се отпуштам шо би рекле луѓево наместо опуштам а има такви многу еден еднаш у седмица наручи сенгвич со комбиниран. Еве вака


Име: Мајка ми ме вика сине, значи Ж.
Ник: Слотер
Ово: незнам
Оно: Деветка за семинарската

2.Висина и тежина?
Обично интима е интимна ствар али еве пошо слушам добра раќија си праел ќе се отворам доволно сум висок за да доминирам на твитербасќет, за тежина наводно сум имал нешо као стомаче али од гравот беф подуен тој ден и само два колача изедов у Апче додека Циле изеде исто така два али со боза а ја со лимунада (здравје преди се) иначе тешка коска иам е шо вие перфекни сте не ми се прајте невини вие читателите на ова штиво и овој блок.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)

Не знам искрено а иам и малку залисци иначе брада пуштам глеаф еден филм имаше еден хилбили со многу добра брада па еве и ја сеа сакам да го емитирам

4.Убав? (одговори со да или не)

Кажи шо треба, биди поконкретен

5.Зошто си на твитер?
Овакви прашања ценам, еве конкретно да одговорам твитер е многу интересен и ја сум на него. Сакам да сум близок со луѓе ко братот, нечовски и друѓи.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Нашиот не знам или ми персираш пошо претходно не ми персираше? Иначе да мојот авантар е поноч у Рејкјавик и сеа тоа е чудно нели за некои шо не знаат дека некад у Исланд е цело време ден.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Пак интимни прашања иначе интима ме потсеќа на интимисими и еден куп млади и стари коа си купуваат тамо и трошат новац мислам дека највише гаќи продаваат а најмалку подвезици и увек се гледаат некако у стилу хммм интересно или си мислат каде ма ти со овој прслук џабе ти е и слично.
8.Вашето прво искуство?

Нашето прво искуство беше у една телевизија и заработиф околу 12 иљади денари. Тој шо ме плати сеа е у затвор. Чик погоди

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Би сакале да отидеме на еден месец у Грчка да видиме до кај е работава и на меден исто да видиме дали може да споиме 2 месеца и бизнис и задовољство и името.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Стварно интересно ме стај у мисла сеа ќе пробам нешо приватно бизнис
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Трик прашање од типот прочитан си, ова ’да е’ је у ствари она ти стално шо пишуеш даааеее  нема мене да ме превариш, кузнае колку паднале
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Ако би се сретнале со личност од историјата би порачал све ако он/она плаќа.



Прашања од Ида
1. Дали сеуште Фанта ти е омилен пијалок?

Никад не ми бил мислам дека хроничнава жгаравица ми е од тоа срање. Али дружба је дружба док је служба плачена.

2. Како е да влијаеш од туѓина? Знаат ли твоите дома?

Добро фала, кај вас како по дома?

3. Знае ли #Ж дека ти си официјален? 

Еден од овие денови ќе разбере и ондак ако не се видиме пак ве сакам сите.

4.  Фенг шуи или панк шуи?

Додека не изгугуглам ова не можам да одговорам

5. Кога си сам и тажно е се?

си пуштам две-три видеа од Хорхе и си викам може и полошо. Иначе Литл Лејди Ида твоиве прашање се навистина возбудливи.

Дополнителни прашања
1. Ако возот тргне од точка А, кога ќе стигне до точка Б?

Геометрија увек ми била слаба тачка.

2. Кој е следен?
@bratot1

Твитер прашалник @LittleLadyIda

Твитер прашалник @LittleLadyIda



1.Име (ник ово оно)?
Литл Лејди Ида.
2.Висина и тежина?
1м55цм 47кг или што би рекол Васиљ на Дени и Кајли Миног помалата сестра. (намиг)
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафена. Ама таква нема во природата,само јас ја имам.
4.Убав? (одговори со да или не)
Најмалото,најубавото!!! – мајка ми.
5.Зошто си на твитер?
Влијателна да бидам (клик Follow), да ќарам клиентела за психотерапија (ping ако си заинтересиран/а), сречно да се удам (Harry Winston round brilliant solitaire 3.01 carat on a platinum setting ако си богат, убав, висок и анатомски правилен) (намиг)
6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас на кафе во Излет со цвикери или на англиски piche from Center in her natural habitat.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Јас сум карирана. (намиг)
8.Вашето прво искуство?
Му бегав, му бегав, трчав најбрзо што можам и се сопнав...
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец во Њу Јорк, меден месец на Бора Бора.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе се убијам!
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Брокула.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
1. Лобутинки.
2. Hermes Birkin bag.
3. Ф’стан од McQueen, Oscar de la Renta, Vivienne Westwood, Elie Saab и Galliano (се враќа на сцената, пресреќна сум!!!)
4. Шампон од Herbal Essences. (lifetime supply!!!)
5. Пудра немам, може и тоа да ми земе.
6. Авионска карта до дестинација каде температурата не мрда помалку од 25 и повеќе од 30 степени.
7. Зоља, за некој кога ќе ме изнервира да го пукам.
8. Круна за принцеза да бидам.
9. Прстен и златни ланац.
10. И некое џиџе по негов избор (намиг).

Прашања од Јована
1.Како е една чка центарска да живее во Капиштец. Центар е, ама не е центар, исто е ама не е исто.
Многу ми е тешко што морам да пешачам 10 минути до моите омилени центарски дестинации.
 2.Позната како љубител на Лобутинки. Каде би ги носела во Скопјево, да имаш еден пар.
На нечии рамења (намиг).?
3.Како е да лапаш фолоуери?
Не е онака како што замислував. Очекував виножито, пеперутки, бели гулаби,добив само меншн,а нема ни благодарам.
4.Немаш влакна на јазикот. Депилираш, бричиш или како?
Ни едно, ни друго. Така сум родена.
5.Замисли се на црвен тепих. Опиши си го аутфитот.
ЛЕЛЕ НЕ ЗНАМ ШТО ПОПРВО ДА ОБЛЕЧАМ!!!!!!!!
6. Ќе му се смири ли Лела некогаш? Има ли надеж љубовта да победи?
И љубовта победи, а Лела уште му е скарана.

Дополнителни прашања!
1.Што пијачка ќе нарачаш да ти се пушти Џорџ Клуни?
Ќе нарачам соба во хотел.
2. Кој е следен?
@SkDeeyasporah

Wednesday, January 30, 2013

Твитер прашалник @jovanatozija

Твитер прашалник @jovanatozija



1.Име (ник ово оно)?
Шукар Чавела, во народот позната како Јована Тозија
2.Висина и тежина?
Не се поставува вакво прашање после новогодишни празници, имај милост, ниедни панталони не ме собираат.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Темно кафеава, ама пошто во последно време се фарбам со кна – црна. Ќутук црна.
4.Убав? (одговори со да или не)
УбавА. Јас сум женско. Иначе, да. Многу.
5.Зошто си на твитер?
Да тепам време, прибирам информации, читам вести, интеракции, да се праам важна, да се дружам, да се истурам кога ми е тешко, да се пофалам кога имам нов фустан или кондури и сл.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Шукар Чавела.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Најн. Веќе година и пол сум скроз без врска.
8.Вашето прво искуство?
Прекрасно беше J
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Мексико, да го прошетам надолж и попреку, а на меден месец во Куба, да пијам мохитца и играм салса на улица.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе ми биде малку чудно секој пат кога се будам да не е првото нешто по што посегнувам, ама што се не ни ускратиле нас во државава па сме се навикнале, та за еден твитер...
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Нејќам да се реинкарнирам во зеленчук. 
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Со Хитлер би се сретнала. И би му рекла: Слушај, не почнувај џабе. Ќе изгубиш на крај. Ќе се самоубиеш, ќе исчезнеш засекогаш, ни гроб ќе имаш кај шо ќе може да те плачат ни ништо. А ќе оставиш еден куп срања позади тебе.
И со Џенис Џоплин би се сретнала исто така, да и порачам дека дрогата убива. И би ја замолила да ја отпееме еднаш заедно A woman left lonely. И би акнала флаша од ѕид кога ќе го пееме стихот she’ll do crazy things, on lonely occasions


 Прашања од Сокаровски
1. Дали имаш чувства за мене или само ме користиш за банери?
Строго за банери. Јас сум користољубиво суштество, и ти тоа го знаеш. :*  

2. Ерик Клептон или Блех Оркестар?
На звучници Ерик Клептон, во живо Блех Оркестар.

3. Што имаш лично против Тримческа?
Ништо. Апсолутно ништо. Само што уште имам трауми од нашето прво запознавање кога ми рече: Може да ти ги фатам цицките?

4. Зoшто веќе не си политички активна и кај се парите што ги зема од сорос за #живаограда?
Политички сум неактивна токму од тие причини, ни сендвич ни сокче не ни дадоа за #живаограда, за пари муабет да не праиме. Што знам, политика је курва, извините ме што пцујем...

5. Зoшто би останала во Македонија ако имаш можност да се вратиш во Германија?
Џигерот во љуц, гадната веце шоља во Балет, фурнарините во Менада, шемското кафе во Излет, чувството кога ќе видиш еден куп луѓе заедно #NaTochak секоја последна среда во месецот, изгрејсонцето со кое си одиш во петок вечер дома и наведнувањето глава дур се разминуваш со комшиите кои купуваат леб и слични мали животни радости

6. Што би направила доколку завршиш со @Necovski на пуст остров?
Веројатно ќе го поделиме остовот на пола и ќе одиме секој во својата половина во потрага по вифи мрежа за да твитнеме дека сме на пуст остров.

7. Колку битови има во еден бајт
бит и пол - кило и пол, три бита колку се?

8. На кој Македонски шлагер би снимала дует со Боби?
На овој!!!

9. Уствари, со кој твитерџија би снимала дует?
Многу ќеиф имам раперка да бидам, така да веројатно би израпувала нешто со некој од рапериве... ги има доста. Ама они да ми напишат текст. Ја дудук сум.

Дополнителни прашања!
1.Познат хејтер на шабанајзери,зошто?
Неописливо е грдо чувството кога заспиваш со такви радиоактивни звуци.
2.На ѓермански, кој е вашиот избот на жртва за испрашување
Die nächste ist meine sekica @LittleLadyIda 

Твитер прашалник @sokarovski

Твитер прашалник @sokarovski


1.Име (ник ово оно)?
Презиме a.k.a Sexy Motherfucker (со кумство на @VlatkoVasilj) a.k.a Бел Дензел Вашингтон (од ко станав влијателен)
2.Висина и тежина?

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)

4.Убав? (одговори со да или не)
5.Зошто си на твитер?

6.Шо преставува вашиот аватар?
Аватарот ми е демон во ѕиври, каверот ми е ангел со јаболко. Уствари и двата сум јас пошо сум близник у хороскоп.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Тартанот на нашата врска уште го дизајнираат во шкотска, се надевам до свадбата ќе ми го сошијат килтот.
8.Вашето прво искуство?
Кај памти чоек на 2-3 години, жити све брат.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Ако Тримчето биде босилок или лукче, немам ништо против да бидам домат.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?


Прашања од Боко
1.Елена на страна..кого најмногу го сакаш на Твитеров(посочи го аватарот)

2.Ако ти се јави Обама да постира блог на блогораме во кој го трола Соте дали ќе му го објавиш
Ако не го објавам ке и го скратам задоволството на македонската твитер заедница да го истрола обама

3.Дали Телеком те мрзи..што си му згрешил во детството
Телеком се срциња само понекогаш забораваат кој е клиентот у приказната нареден пат со @zuberot под рака и:

 4.Колку гола има дадено фудбалерот Песото во својата кариера?
Не го разбрав прашањето многу ми е јака тетоважата

5.Прашање од Скандал: Отркиј ја тајната на црвениот кајш!
Уште малку... подоле...
6.Дали ќе емигрираш ако те отследи @i999y
Ако ме отследи Иџи ќе престанам да пијам. Иџовача.

Екстра прашање 1. Би земал ли битолско државјанство?
Веќе имам, меѓу пријателите сум познат како Магистар по Битолологија на пример: Гроздо, Хигиена, Стаклената, Мара Св. Промет во мантил собира шишиња в паркот, Ќе одам да купам чоколадо од кај Мара, Кај мачето, Мазинкот, Палистер, Паскали, Цане Боксерот, Трајче Безистен, Чешмичо, Пукичо, Паљото, Кускус, Буре, на таксистот секогаш му викаш ДО ПРЕД база, не кај Домот! бооо чоек шо сторав ај Битолчани ме разбраа. 
Екстра прашање 2.Омилени модни детаљи?
Следна на прашалникот одговара:@jovanatozija

Monday, January 28, 2013

Твитер прашалник @BorjanJovanovsk

Твитер прашалник @BorjanJovanovsk



1.Име (ник ово оно)?
За кои и да е на власт сум  Предавник  Платеник така што тука се кријам ко Борјан Јовановск
2.Висина и тежина?
20 кила мање од Соте и глава повисок од Шокре..скапете
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Сребро у коси,челик у панталонама и злато у џепу...последново ми фали
4.Убав? (одговори со да или не)
Заеби реторички прашања
5.Зошто си на твитер?
За да бидам Борјан Јовановски
6.Шо преставува вашиот аватар?
Носталгија
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Ептен е карирана мојава..црвено-жолта со црн орел у фркет
8.Вашето прво искуство?
Неподобен  или  моментите коа учителките не ма ставаа у прв ред во шпалирот за да му мафтам на Другарот Тито..
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Брајчино!еден месец е таман време јужна преспа да ја отцепам од Ресен и @NikolaStrez
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ај не колни...обично затвараат таму каде што сум активен
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Зрел енд Чук #скејџ
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Еве пример Александар Македонски би го замолил да прекине да дила од таа дрогата

Прашања од @mnogufina
1.Важиш за голем шизик меѓу твитерџи(к)и, шо е работава?
....а замисли да имав се од оние три работи што ги набројав под број 3

2.Планираш да се кандидираш за градоначелник на Ресен со канцеларија во Брајчино, з'инат. @NikolaStrez се гледа како твој конкурент. Дали е мазохист и нешто повеќе за подзнакот?
Одговорив на број 9...а @NikolaStrez е мазохост дека верува оти Ресен сепак може  да стане град без мене ..затао ја се сепаришем а он нека проба

3.Знаеме дека одлично готвиш, дај рецепт за готвење петел три дена.
Овој Стрезов мазохост ама ти садист дадо...многу има за пишување

4.Нова ТВ е одличен портал, @Sulimanovic прајслес. Пофали го проектот нескромно.
Фасцинантен....не спијам од фасцинацијата ..све му е..

5.Сакаме да се собереме и да се одземеме кај тебе на свирка, ќе ни учиниш ли?
Ова со одземањево ми се свиѓа..ќе учинам (детали у ДМ) а свирката мање више...

Екстра прашања
1.Шо е побогу Песото?
Песото е нов прехранбем продукт чиј рецепт се подготвува во најголема тајност во дворчето кај Иџи одма тука десно од казанот за ракија..деталите ги има Соте

2.Фасциниран си од твитер?
Енлајтмент и надеж дека Македоња сепак ќе стане Македонија

      3.Си ги ли зема конечно цвикерите?
Да ама ми остана таму кучето

Следен е @sokarovski