Твитер прашалник @JakovFendu



Твитер прашалник @JakovFendu



1.Име (ник ово оно)?
            Име наследено. Ник такуџере. Андркавр поп без џип. Влав.

2.Висина и тежина?
Па в подрум не ме собира исправен.  Инаку лесен… и наивен дечко
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
За малку црна. Брада долга
4.Убав? (одговори со да или не)
Коа се огледував во вирчево од аватаров убав бев. Али шо знам, баш вчера прашуев       еден, појма немаше.
5.Зошто си на твитер?
Порано мислев дека ќе го променам светот, кога @apostolov80 ми објави твит во тогашен Глобус (Глобус беше?). После тоа ме фати шизофренијата, па сеа гледате, се бориме некако… А знам и поезија. 
6.Шо преставува вашиот аватар? 
Тоа сум јас, еден врнежлив есенски ден на прошетка покрај Струшконо езеро.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Во врска без вратоврска
8.Вашето прво искуство?
Уф, тоа беше одамна. Во Горна Белица, планиско место над Струга. Со санката се движам сам по алтернативни ридчиња и угорници. Се пуштам по замрзната, стрмна стаза...се истумбав, влегов в грмушки. Ко ми влезе еден трн...у пичку...
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би одел во Норвешка. Таму ќе се скријам во некое мирно, мало местенце на север и ќе останам еден век. Замрзнат, во шупата на семејството Андерсон.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Не знам, можеби ќе почнам да живеам, да се среќавам со вистински луѓе, ќе го прошетам светот... и секогаш ќе си носам со себе бележник во кој ќе ги запишувам моите импресии во кратки црти. Којзнае, може некогаш на некој ќе му текне да направи социјална мрежа каде во 140 карактери ќе се пренесуваат искуства, спомени, информации и љубов. Wait, What?
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Па брокула. Имаме многу заеднички особини.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Фјодоре, чекај јас ќе се навалам да ја земам мастилницата. Ти доврши ги Карамазови.

Прашања од @apostolov80
1.Бато кога ќе идеш пак за Виетнам?
Го чекам Копола, не беше нешто арен месецов, па ќе одиме да одбереме локации за снимање. Психијатарот ме советува дека е време за конечна пресметка со минатото, па наскоро очекувајте нови спомени од влажниот Виетнам
2.Моби или Пинк флојд и зошто?
Види, религијата Mobism, која се заснова врз животот и делото на Moby, проповеда мир, хармонија и љубов, па верувањето во него не ми забранува да слушам било што. А што се однесува до Pink Floyd, ако музичките стилови и музичките гении се поставени на скалила во една куќа,и на највисокото скалило се најдобрите, тогаш Pink Floyd се куќата.
3.Постои ли @minimoog77 или човекот е мит?
Постои и @minimoog77 е гениј. Башка многу е висок и силен и сега ме држи за врат додека го пишувам ова.
4.Масоните или ВМРО-ДПМНЕ , кој е виновен за трансферот на Урби во Фулам?
ВМРО-ДПМНЕ. Нивната конзервативна политика го натера Урби да оди на челичење на островот. Цитирам “Урби е брз играч и одличен техничар, но со десната нога шутира како право педерче во душа.“ 
5.Има ли смисла?
Смислата се изгуби далечната 2009та кога Кака наместо во Сити за 120 милиони, отиде во Реал за 64. Е сеа, светов од тогаш забега во организирана декаденција која до ден денес ги тресе темелите на здравото општество во кое сакаме да растат нашите деца. Но оваа 2013та година очекувам ренесанса. Зошто? Па дента на својот 66ти роденден David Robert Jones го објави синглот кој го најави неговиот 24ти албум, кој очекувам да смири многу живци и зли духови. А уствари чекај бе, чуму ти е смисла ако си среќен!?!
>>>>@farbanius 


No comments:

Post a Comment