Monday, April 29, 2013

50КА

50то издание на најдоброто од твитер, се надеваме дека и овој пат успешно ги собравме најдобрите ,најуникатните твитови. И на крај се надеваме дека онаа бројка што оди напред ќе стане троцифрена.
























































































Friday, April 26, 2013

Твитер прашалник @banekoma

Твитер прашалник @banekoma 

    1.Име (ник, кој ти го стави)? 
    2. Опишете се (макс 140 нели)?  
    3. Зошто си на твитер?
    4. Шо преставува вашиот аватар?
    5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
    6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
    7. Каде сте родени?
    8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
    9. Брак?
    10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
    Дополнителни прашања
    1.Како си?
    2.Викат( јас најногу) дека си Цар за дизајн, ти шо викаш?
    3.Дали Елфаско ти беше прв проект?
    4. Најдобро македонско лого ever?
    5. Како го доживуваш твитер ?
    6.Каде се гледаш за 10 години?
    7.Светот останува на младите, не ќе да е многу точно а?
    8.Омилен дизајнер?
     9.Опиши го твојот ден?
    10 Извини шо те малтретирав

Твитер прашалник @SreknoDete


Твитер прашалник @SreknoDete 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
-Среќно дете, не памтам кој ми го стави ама не ме болеше :)

2. Опишете се (макс 140 нели)? 
-пола девојка пола сирена (за жал по вертикала). Среќна, неодговорна,мрзлива,креативна,шарена,бушава,со голем нос и уште поголем апетит.

3. Зошто си на твитер?
- Да црпам инспирација

4. Шо преставува вашиот аватар?
-држач за прстен

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
-Марија ака Фокси Лејди (ме заеба пошо ме излажа дека даваат гага нутела)

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Никогаш не твитам на празен стомак.

7. Каде сте родени?
-Во земја Дембелија, се ми се чини по грешка

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
-на еден месец во Амстердам. На меден на пат околу светот (скромна жена, ќе се усреќи тој што ќе ме земе)

9. Брак?
-Само ако маж ми ми ги донесе Little Dragon на свадба да ми пеат.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Нешто со крила, да си полеткам малце. Еве добро може и еднорог, да не бидам скромна.

Дополнителни прашања
1.Омилено животно
Т-Rex  со рачињата. Најмил

2.ИОС или Андроид?
-R2D2

3.Зошто пилето ја прекина улицата?
-за да си касне ужинка.

4. Шо ќе понесеш на пуст остров?
-храна, материјали за цртање и музика. Уствари ќе пратам друг место мене, мене ќе ме мрзи.

5. Што најмногу те нервира на твитер ?
-Ама баш ништо не ме нервира
Прашања од Marija______
1. East или west coast?
-East.  Мада,само да е Hip Hop па ако сака и North нека е

2. Преродбеничка или комуњарка , курва или светица , предавник или патриот ?
-гладен контраш.

3. Знам дека беше видно потресена од разделбата на Скипи и Тајзи . Кај кого оди сега твојата поддршка?
Во Силви и Бенд. 

Thursday, April 25, 2013

Твитер прашалник Marija______

 Твитер прашалник Marija______ 
1.Име (ник, кој ти го стави)?
Марија – дел од изводот на матичната книга на родени , едно од поретките имиња во Македонија , па затоа ми требаа едно пет-шес (ни ја не знам колку се) црти за да не е зафатено . Foxy лејди позајмено од лектирата на нашиот ни Џими , зошто сум sweet little lovemaker #хехе

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Надвор од кутијата , подалеку од бетонот . Вечен идеалист . Филмохолик , алкохолик , спортохолик , метеопат . Каде има журка , таму сум и јас .


3. Зошто си на твитер?
Доста пари си фрлив кај tattoo артистот , на психијатар не ми се иде , па тука фикс идеите и мисли си ги кажувам , а кога ќе се поднапијам ме спасува да не му пишувам пораки на дотичниот , па си куцкам љубовни јадови  

4. Шо преставува вашиот аватар?
Илустрација од Fab Ciraolo . Никогаш не научив да седам како женско , си пцујам како кочијаш , ама се трудам да имам шаренила и насмевки во моето секојдневие . Треба да ја едитирам цигарата , во фаза на оставање сум , еден порок помалку

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Никој конкретно , си реков дај да видам што е тоа и си отворив профил . Не се каам , ама кога малце ќе ми дојде преку глава знае да ме снема на некое време

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Ретвит на Nas “I never sleep cause sleep is the cousin of death”

7.Каде сте родени?
Во погрешен век дефинитивно

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Лондон и да си останам таму . Трпејца

9. Брак?
Ај ќе си го преќутам ставот зошто како што ми тргна со Марфи за девојачко ќе добијам сукало и торта машки полов орган , ќе бидам осми месец трудна на свадба и ќе ми свират Био Ритам

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Жирафа . Не сакам да се откажам од високата перспектива на околината

Дополнителни прашања
1.Веруваш ли во 10тото прашање
Верувам дека духот никогаш не умира

2.Кој сакаш да те глуме у филм?
Rooney Mara дефинитивно

3.Омилен споменик?
Христијан Тодоровски – Карпош . Многу бардаци , пиво и спомени на клупите околу него 

4. Каде за Нова Година, за мајот е апсолвирано веќе?
Се надевам со постојано живеалиште надвор од државава

5. Колку се мислиш на прашањата ?
Доволно


Прашања од @Elena_Shore

1.Како ја замислуваш твојата астрална проекција?
На магично килимче да си леткам низ времето , да се потсетам што беа вредности , вистинска љубов , простор со повеќе зеленило место бетон . Ако не може така да бидам WALL·E , да се заљубам во Eve и да ги потсетам луѓето за што им служат нозете 



2.Имаш можност да укинеш или измениш постоечки закон.Кој и што ќе биде тоа?
Зошто да ти одговорам на прашањево кое се однесува на држава во која нема еднакво владеење на правото ? 

3.Кој може да биде инспирација за твоите романтично-меланхолични твитови?
Што би рекла една моја другарка “Како бе цело време рипаш од шупак на шупак? “ Така да или мојот бес кон себе или мојата мечта да доживеам љубов каква посакувам 

4.Што е љубов?
Зрела емоција на две индивидуи кои еден покрај друг станале подобар човек , не за себе туку за другиот 

5.Рецептот за позитивност кажи ни го.
The child in me defines the way I see miracles :D 

Следна да биде @SreknoDete

Wednesday, April 24, 2013

Ти можеш за двајца


„Ти можеш за двајца“


Pending Coffee Иницијативата го организира својот прв настан во четврток, на 25-ти април, во 20.30 часот, кој ќе се случува во Кафе-Книжарница Магор. Идејата позади овој настан, е да започне една иницијатива од хумантирен карактер. Имено, со секое испиено кафе, а платено второ, второто да биде за некој кој не може да си го дозволи истото. Оваа идеја функционира беспрекорно во други земји, и оваа Иницијатива е прва од ваков карактер во нашата земја.

Print

За почеток, додека да се стекне навика и додека идејата да почне да функционира во својата основна форма, сретствата собрани од настанот ќе овозможат кафето и храната да бидат однесени на оние за кои се наменети.

Станува збор за истакнување на основните човечки вредности, хуманоста, довербата дека идејата нема да се злоупотреби и храброста да се преземе ризикот во ова општетсво да се направи нешто бескомпромисно добро. Се во еден филџан кафе. Навистина, секој од нас може за двајца!

Твитер прашалник @Elena__Shore


Твитер прашалник @Elena__Shore 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Име:Елена Ник:Сама си го стаив hehe,Shore доаѓа од Alan Shore од Boston Legal,кој гледал знае.Shore, зашто планирам да бидам балканско женско отелотворениe на негoвиот лик и дело,ревносно да ги бранам уставнo загарантираните права и слободи на граѓаните, онака како што тој го брани и се повикува на првиот амандман.    

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Еманципирана,саркастична,прекриена со финоча алкохоличарка,ослободена од балканштината на 21 век.Ова беа 97 карактери значи ми фалат уште 43.

3. Зошто си на твитер?
На твитер сум за трезна да ви кажам се што сакам и не сакам.И имам многу твитер симпатии да.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Мојот аватар уствари ме симболизира мене,кога сум сама дома и твитам гола физички и психички.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Тетка ми ме донесе. Да озбилна сум сега.Не ме заеба, задоволна сум од дочекот и услугите.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Твит после отварање профил.

7. Каде сте родени?
Родена во болница, а зачната на флаша вотка и Лед Цепелин.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Ова е најтешко прашање од прашалников јеботе.Не знам, може Бали за максимално препородување . А на меден,секој ден различно кај не носи Orient Express.

9. Брак?
Бракот е преценета институција.Можеби после 29тата година од мојот живот.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Што знам, не сум толку фина за да бидам куче,а не сум толку злобна да бидам мачка.Еве ќе бидам морско коњче,за партнерот  да ги раѓа младите.
  

Дополнителни прашања
1.Како си?
 У моментов спокојна станав сама и пијам кафе на раат.

2.Од кога си на твитер?
Од ноември од прошлиот година што беше па се до сега.

3.Каде искачаш у Скопје?
Ќе ме најдете у чаршија,најчесто у Менада на шанк.

4. Омилен филм?
Pulp Fiction се разбира.

5. Каде има најбоља пица ?
Ако сакате frutti di mare,бившо Фуфо,a ако сакате капри Gino или Red Caffe.И мојата секако, ако е со купечко тесто.


Прашања од @NikasInParis
1. Дали сеуште мислиш дека Дона ќе те сака после импресиите на @IvGj и @KhayTeeB?
Не мислам тврдам, нема куче што не ме сака ,пред неколку дена едно сакаше и секс да има со мене.Мислам дека ти се плашиш дека ќе ја изгубиш кладбата.Милка е кладбата иначе,кој и да победи нема да добие милка.

2. Пофали ни се со своите миленичиња дома што си ги чувала.
Oфф ова ќе биде долго.Првото милениче беше желката Жаки што обожаваше јагоди.После двете водни желки Жаки и Мила пар беа иначе,па папагалчето Рико што гасеше игри на тастатура, па папагалчето Ристо кој живееше 10 години и почина претходната недела,еве овој прашалник на него е посветен :( Иначе имам чувано риби самоубици,був на 3 саати,мравки и штипалки у аквариум и 3 лабрадори кај баба во двор.

3. Дали планираш на секој нареден твитАп да касниш иако ќе се затопли времето?
Јас не планирам да каснам,нешто неиспланирано секогаш излегува,лажам родена сум со тој деформитет.Така да, да ќе каснам, кога ќе ви кажам 10 минути дека каснам тоа се 25 . Си знаете.

4. Водка и џин, то је сада __?
А гдје су сада?

5. Кога ќе се возиме со олд-тајмерот, ретро музика, назад во времето па се’ до неповрат?
Имам олдтајмер немам возачка, се надевам не ти пречи, сакаш сега? Е75 со сите свои крпеници ќе биде наш,музика имам спремено, времето го вратив,ти земи флаша вотка и штека цигари.Јас те чекам со бела марама и мачкинска наочара пред зграда на паркинг Одри Хепберн стајл, дрес код у тој стил само ќе те молам.И побрзај ајде, да фатиме зајдисонце.
Следна да биде @Marija______