Wednesday, July 31, 2013

Т.П @safarafov

Твитер Прашалник  @safarafov


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Ник:Слотер, Корисник(чат-пат) @safarafov е од Бал Кан Кан Докторот,ако добро се сеќавам никој ми го нема стаено до сеа,башка со тапа шетам.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Прав другар сум,цело маало ко помал ми викашеДруже,ај по цигари,еве како да ги одбиеш?

3. Зошто си на твитер?
Некои работи не сакам да му ги кажам на мозокот.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Зар треба да се одговори и дали некој не ја знае таа легенда?

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Штркот ме донесе на твитер,@mikithemaus знаеше дека сум болесник и запна ај бе дојди,ајде ќе се заебааме и iOстанав.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Диџеи има,пари нема.

7. Каде сте родени?
Во една држава со 20 милиона која со јака диета ослабе на 2 милиона,роден град Скопје-небарокно

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец а и поќе на Мадагаскар,а на меден со медената,да мекнееме на Бали.

9. Брак?
Чекај не требаше првин за врска да прашаш?Одма со пушки,а?Ќе биде,најдена е уште да ја земеме.

10.Со која историска личност би се мењал?
Наполеон Жбонапарта. (Ж-то е намерно)



Прашања од @j_romanova
1.Што се случи со југото на сервис?
Мајсторот крена раце и рече АБЕ АЈДЕ!!!-до тој степен заебано.

2.Во Богомила се фалеа дека си бил одличен DJ. Пред колкава публика настапуваше?
Уф,пред 4-5 души кои имаа душа да ме слушаат,после малце се испразни и распукав.Ме викаа дури и на бис,чуда прави сожалувањето,како човечка особина.

3.Дали ти се има случено кога поминуваш со кола некој да ти фрли диплома низ прозор?
Да,така си завршив на ФОН,можев и на Европски,ама тој ден јадев у Дромска 7-ца.

4.Зошто колата ја паркираш во Србија, а работиш во Капиштец?
Ја мислам да о Томе го прашаме Друже Градоначалниче ЖИрИновски,пошто Тинекс не може веќе да се такмичи на Тур Де Центрас,дигнал килажа.

5.Дали е можно апаратот за алкохол да не покажува ништо, дури ни по испиени 10 пива?
Има финта,џандарот те држи за јајца,а ти искашлуваш на лево.

6.Имаш ли Твитер симпатија?
Имам

7.Слушнав  дека во Богомила си и пеел на некоја слика. Вистина ли е?

Има видео запис од тоа,али ко што рече Владо,некогаш и негде.Не бев ја крив,сликата не беше крстена,мораше да се напраи адетот.

Monday, July 29, 2013

63КА

63тиот дел на најдоброто од твитер! Уживајте




Sunday, July 28, 2013

Т.П @j_romanova

Твитер Прашалник @j_romanova 

                

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Романова, тоа е моето презиме. Потекнува од царството Романови. Да, изгубената принцеза сум.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Насмеана, филмофил/филмоман, сериофил/сериоман (како сакате), #наточак, на пиво и на кино.

3. Зошто си на твитер?
Дојдов, видов, паузирав, пак видов и останав. ''Имам твитер одамна, ама не го користев''.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Јас сум на аваторот, во Градски парк.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Дојдов по препорака на @ivobosilkov. И не, не ме зезна, напротив. Имам и аир видено од Твитер. Учествував во натпревар за најдобро видео, па благодарение на Твитер и на баговите си го споделував сама видеото и  секое споделување ми се броеше како глас. Среќа што имав двоцифрена бројка на следачи тогаш... И освоив трето место (имаше гласање и од жири, не дека до толку си го споделував видеото!)

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Веројатно би препорачала некој филм:
Гледајте европски филмови -
Le Prenom (2012)

7. Каде сте родени?
Во Скопје, Топанско Сити.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Би отишла до Италија на еден месец, а на меден во Шпанија.

9. Брак?
Којзнае!

10.Со која историска личност би се мењал?
Хммм, со никоја. Би се мењала само со талентот на Дејвид Силвијан за творење, за да можам да си ги искажам чувствата на лист хартија.

Прашања од @ivogievski
1. Foo Fighters или Ramones и зошто не четка кога слушаш толку многу панк?
Прашањево е исто како да си ме прашал Морисеј или Дејвид Силвијан. Различни се. Ramones се најдобри #наточак. Foo Fighters ми се стара љубов.
Четка никако, косава ја пуштам од матура!
J

2. Челзи и Реал. Хмммм, знаеш кои се Торе Андре Фло и Мичел Салгадо (и не гуглај за ова, нема смисла)? Ако не ги знаеш, навиваш за двата клуба откако купија се живо (моја констатација ова). Објаснувај!
Корекција: Челзи па Реал. За мадридистава немам слушнато. И не се вика Мичел Салгадо, туку Miguel Ángel "Míchel" Salgado Fernández J и викаат дека Реал освоиле Лига на шампиони во негово време (два пати). Не гуглав! И случајно видов дека Барселона биле толку тапа што само 4 титули имаат во ЛШ, а Реал 8.
Челзи ги поддржувам од времето на Мурињо до времето на Мурињо (сега).

3. Од кога немаш гледано нормален филм, неврзан со тешки психологии? На пример некоја епска приказна? Цртан? Го потисна детето во себе или?
Не гледам само филмови врзани со тешки психологии. Гледам скоро се', ама мислам дека никогаш нема да го гледам Хари Потер. Последни што ги имам гледано се Brave, Hobbit, а на времето омилен ми беше Gladiator.

4. Лик од филм што го гледаш како идол? И зошто?
Немам идол од филмовите. Имам идол кој е вистинска личност.
Ликови кои го обожавам се Wolverine (Hugh Jackman), Batman (Christian Bale), Joel Barish (Jim Carrey), Driss (Omar Sy), Abed од Community како и Señor Chang во првите две сезони.


5. Легендата вели дека си пиела преку 10 текили на излагање. Или вистина е ова?
Легенда е. Ама знам една личност која може да испие 10+ текили, литро ракија, многу пиво и вино и да си оди дома со кола разочаран дека не му делувал алкохолот.

6. Се зборува дека го имаш најјаката задница на твитер. Кои аргументи имаш да го потврдиш тоа?
Веднаш после Гиевски, да. Аргументи немам, кој видел - знае!

7. Помлад или постар дечко? И зошто помлад?

Постар нормално, неjќам да изигравам мајка :-)

Wednesday, July 24, 2013

Т.П @ivogievski

Твитер прашалник @ivogievski 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Во јузернејмот ги имам ставено името и презимето. Сепак, твитер е социјална мрежа и сметам дека треба да се претставиш себе си, а не некое алтер его. Дилдо Багинс... Од Дилдо потекнува, нема сега да кажувам зошто Дилдо, нели :D Багинс, од Билбо Багинс хобитот, ми одговараше некако на Дилдо... А и на твитер често доаѓаме да се насмееме, па сметам дека името може да го побуди тоа кај твитерџиите (така ми имаат и кажаноJ)

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Исклучително дружељубив. Дури и од твитер би станал за друштво! Иначе, хард кор фетиш имам на коли. И сакам екстремни авантури, по планини!

3. Зошто си на твитер?
За луѓето што се на него и за да споделам мое мислење за сите тие скокотливи теми. Навистина, има многу различни, ама ми се допаѓаат или ги почитувам размислувањата на сите твитерџии и покачувањето на заедничкото ниво на свест. Уште малце ни треба и можеме да напраиме Влада од сенка бре!

4. Шо преставува вашиот аватар?
Јас. Како што реков, сметам дека на социјална мрежа треба да се претставам себе си. А и убаво сум испаднат на сликата, па зошто да не :D Иначе позадинската слика е Lexus LF-A, веројатно најдобриот автомобил произведен досега (по мене!)

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Facebook. Сериозно. Барав социјална мрежа каде се комуницира на малку повисоко ниво, нешто што FB не можеше да ми го пружи. И бидна твитер. И не, не ме заеба :D Освен тоа што сега ми треба ден што трае барем 30 часа... Али се снаоѓам

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Најтешкото прашање е ова, ја не знам сега што да твитнам, а не за прв твит :D Али мрч ќе беше веројатно, како што и личи на твитер, нели:
„Што сте сите вицкасти, бре!“

7. Каде сте родени?
Вака кога ми персираш во прашањава, како на интервју за работа се осеќам :D Во Гинеколошко – Акушерска Клиника во Чаир сум роден, во Скопје нели. А сум живеел на Рузвелтова тогаш, 3-ка. За мене е песната, да

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец, би шетал на многу места. По планини веројатно повеќе и од едно место на друго. Нормално само со воз. На меден месец, џентлмен како мене прво ќе ја праша понежната половина

9. Брак?
Доволно е што прашањево го слушам на сите семејни веселби мислам дека

10.Со која историска личност би се мењал?
Со Ајнштајн. Ме импресионираат такви умови, неограничени од стегите на денешново општество. Би сакал и јас да можам така

Прашања од @zocikubanac
1 . Алексис Тексас или Стоја ?
Алексис да ми биде швалерка, појебозовна е. Стоја за жена, фала богу

2. Што би и зготвил на девојка на прв дејт ?
Њоки. Со четири вида на сирење... Ај еве и рецепт, фул:
- Њоките (500
gr) се варат во зовриена посолена вода, додека не се кренат нагоре
- За сосот, пола литар хопла за готвење, Гауда Голд од олденбургер, Пармезан, Рокфорт мувлосано сирење и Моцарела. Ја грееш хоплата, ги ставаш сирењата, ставаш црн пипер, босилок и малце лук во прав. Што повеќе сирење, тоа подобро, нели
- После го мешаш сосот со њоките, ги сипаш во две мали земјени тави (за тебе и девојката, нели) и потпекуваш 15-тина минути на 250 степени. На крај украсуваш со гранче француски магдонос. И после
#Љубов нели

3.Сакам да праам приватен возен парк. Кои коли би ми ги препорачал?
Уффф, тука можам 100 да набројам. Али еве пет сега што ми текнуваат:
-
Bentley Mulsanne за секој ден на работа
-
Jaguar E-Type за на изложби
-
Ferrari 458 Italia за викенди
- Lexus LF-A исто за викенди
- Aston Martin Vanquish Volante за во лето, отворен покрив нели

4.Што е со металот? Дали го собираш од улиците и околните села? И која му е продажната цена ?
Го крадам бе па ти! Не се поставуваат вакви прашања јавно! За цена пиши ми во ДМ ако толку те интересира

5. Зашто ако си металец, на рингтон ти е стаен Скрилекс?
Па ако ставам метал песна, никогаш нема да кренам на телефон, зошто нели ќе мора да го слушнам солото, па рефренот итн... А ова кога ќе рокне, морам одма да одговорам

6. И на крај : Зашто Барса е послаба од Реал?

Смешна констатација. И да се полоши нема да ти признаам, а не па сега кога се најдобриот клуб во светот 

Monday, July 22, 2013

62КА

62ри дел од најдоброто од твитер,повелете,уживајте!