Sunday, July 14, 2013

Т.П @IbraimZekir1

Твитер Прашалник @IbraimZekir1 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Никот не ми е стаен како Хиро за Херој, туку Хиро му е името на еден лик од една серија. Хиро Накамура е тој на аватарот, еден од поомилените ликови во мојата омилена серија (Heroes). Омилен ми е пошо можам да се поврзам со неговите особини; секогаш оптимистички расположен , љубопитен за тоа како светот функционира, детинест, сака да помага на луѓе, амбициозен,  и неискусен во љубовта.  YATTAAA !


2. Опишете се (макс 140 нели)?
Името е Зекир.. Ибраим Зекир. Хехе, отсекогаш сакав да го направам тоа. Инаку, 14 години, од Скопје.  Свирам на 6 инструменти (виолина, пијано, гитара, тапани, виолончело и саксофон) Секој инструмент за посебна намера, но не планирам за музичка кариера. Удобен сум у моја кожа. Гоолем nerd, но не го истакнувам тоа. Во РЛ сум тивок со нови запознаени луѓе но тоа кратко трае. Голем филмоманијак, љубител на добри книги и серии. Па, тоа е тоа. Да не го надминав лимитот бе?

3. Зошто си на твитер?
Од Твитер очекував да запознаам многу луѓе со заеднички интереси. И не се разочарав. Исто така, за добриот хумор. Па маме ви ебам, пресмешни сте биле бе!

4. Шо преставува вашиот аватар?
Мојот аватар ме претставува мене.. Со отворени очи како го гледам светот, среќен, но позади насмевката, секогаш тајно ве анализирам, набљудувам..

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Вака.. На една фб група за Хари Потер фанови имаше фејсбук свадба каде што јас бев младоженецот а нестата не се знаеше која е. Траеше околу 4 саата, со преку 1000 коментари.. Тогаш на чет, @JumalaTuoni ми кажа дека сум бил ретардиран и дека сум за на Твитер. Ме советуваше и секогаш беше тука кога нешто не ми беше јасно. Еве јавно му се заблагодарувам :)
Не би рекол дека ме заеба со тоа, но ете.. никако да се одјавам од чудото. За среќа, организиран тип сум, и за се наоѓам време.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Пишуам 300 бкви во миута.
Шифра : Датлогаф

7. Каде сте родени?
Во пуста Македонија!

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец некаде во САД, во поголемите градови; Њујорк, Лас Вегас, Мајами.. но со голем џепарлак се разбира #хехе. A на меден, сеуште е рано да се размислува за тоа, но би сакал на Карибските Острови.

9. Брак?
Прерано ми е да размислувам за тоа.

10.Со која историска личност би се мењал?
Леонардо да Винчи! Генијалец на сите времиња! Да видам какви непрозборени тајни крие човекот, какви неотклучени врати му се кријат во мозокот.

Прашања од @Y2KBIOHAZARD 
1.Не дека си нарцис, ама зошто мислиш дека си поинтелигентен од твоите врсници и колку ти е IQ-то?
Не сум нарцис, ама сметам дека сум поинтелегентен од некои  мои врсници. Неколку причини се дека слушаат срање песни од Џастин Бибер, 1 Дајрекшн и сл. Некој тука би рипнал и би кажал дека секој има свој вкус. Јас би кажал дека ова не може да се нарече музика! Друго, ни малку не ги интересира школото, оцените и тн. Не дека сум бубалица, ок, сум, ама не сум она хардкор. Мене ми е важно само да си ги поминам годините со 5,00 и да си земам стипендија па у странство да одам. Исто така, повеќето немаат смисла за хумор. Некои уште се газат од смеење на финти од типот на ‘‘Кажи два. Два. Да те ебам ја‘‘. Не се воопшто начитани. Единствени книги што ги имаат прочитано се задолжителните лектири од основно. А некој и тие ги нема прочитано. Машките па урлаат кога им почнува Долина на Волците.. Сето ова го зборам со исклучок на некои поединци.   А За ај-кју-то, си направив тест прееска..

2.Омилена (специфична) песна, објави и објасни зошто?
Тешко прашање. Моментален фаворит ми е оваа.
Многу ги сакам ваквите песни. Едноставно влегувам у некој акциони филм кога ми се на слушалки вакви песни.


3.Зошто накратко те викаат Харалампие и што значи тоа?
Епа ми имаат кажано дека Ибраим им е многу тешко да се изговори и тешко е за памтење, па накратко можат да ме викаат Харалампие.

4.Џон има 20 палачинки со просечен радиус од 15[mm]. Ако Џон мисли 15 палачинки да премачка со Нутела. Колку Нутела ќе остане за Џони за другите 5, ако Џон ги премачкува сите палачинки со слој од 2[mm]. Дали Џон и Џони имат по ист број на палачинки, колку личности прават палачинки и дали проба практично?
Машинец брат, на кои дроги си бил додека го имаш напишано ова? Џон и Џони се уствари една  иста личност, Џон се вика правилно а мама нагалено го вика Џони. Не пробав практично, и вака може да се каже одговорот. Значи зависи колку Нутела имаш во теглата, а ако немаш доволно тука е Агрокрем да го спаси денот.

5.Прашањето е логично и одговори зошто?
Читатели, вам ќе ви го оставам ова прашање сами да го одговорите. И запомнете, логиката ќе ве однесе од точка А до точка Б. Имагинацијата ќе ве однесе насекаде. Сакам да кажам да ја користете  имагинацијата да го одговорите прашањето, не логиката.

6.Омилени 10 твитерџии и зошто?
Хехе, не ти беше прецизно прашањево. Колку да налистам повеќе, пошто навистина не можам да ги издвојам, ќе ги поделам на машки и женски. Не се рангирани, како ќе ми текнуваат ќе ги пишувам.
Твитермажи :
1. @JumalaTuoni
2. @FStojanovski1
3. @Y2KBIOHAZARD
4. @Ovde_Ace
5. @i999y
6. @zocikubanac
7. @nemegledajtaka
8. @profilot
9. @TomislavNaskov
10. @StalkeroOo и @___bobo и @TheFitzzz
И многу мнооогу други, тибам, мораше ли само 10 </3

Твитержени :
1. @m1ssy_
2. @catOholic_
3. @bajaderche
4. @_karirana
5. @_Sajsi
6. @ViktoryNik
7. @meebesistemov
8. @saraginova
9. @ventilirachka
10. @LaFilleSofshe



Пошто најмногу си ги сакам <3