Saturday, August 31, 2013

Т.П @My_Vezilka

Твитер Прашалник  @My_Vezilka


1.Име (ник ово оно)?
Калеш Анѓа. Од таму се роди феминистката во мене. И оти природно сум калеша и името ми е блиску до Анѓа. Одберете си толкување по желба.

2.Висина и тежина?
Уште не нè однеле на систематски годинава. Повеќе од лани, сигурно.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Неприродна црвенокоса.

4.Убав? (одговори со да или не)
Да. Какви се овие прашања?

5.Зошто си на твитер?
Ми кажаа имало таму модни блогерки. И си реков „јее не сум сама“. После останав за гратис рекламите и пцуењето без цензура.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ова ми е првиот обид за keep calm постерче што си го направив за блогот. Винтиџ дете, ама ич не сакам скокање, уште помалку паѓање во базени. Ми се истура пијачката.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да, (не)совршено ни се вклопува шарата на карираното.

8.Вашето прво искуство?
Како и за сè  друго, сакав пак!

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец во Барселона, да навежбам шпански имам за полагање. А меден нема, не им следува на тие што не се мажат.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Прво, шуќур ќе може пак да бидам повлијателна по дома. После, здравје (што би рекла баба ми), ќе пишуваме графити по ѕидови.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Овојпат изгледа се реинкарнирав од мачка, а следниот пат во модар патлиџан, да задржам форма.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Уф, ова ми е омилено прашање. Секогаш мислев дека би сакала да се сретнам со Кочо Рацин, ама знам дека пред него само би ќутела ко шестооделенка пред симпатијата. А на Крсте Петков Мисирков би му рекла „Немој Крсте, брат, не си ја давај младоста за џабе, секако грешно ќе те толкуваат експертите во Маќедонија.“

Прашања од @Toshevska
1.Од каде таа желба за модата?
Не е толку за модата колку што е за стилот. Стилот на облекување за мене е еден од начините за изразување на креативноста и индивидуалноста.

2.Зошто имаш токму црвена боја за коса?
Природната боја на косата ми е досадна. Ич не сакам да сум досадна. Плус прочитав некаде дека црвенокосите имале најдобар секс, во квантитет и квалитет. Није тачно, уште не сум била плавуша за да споредам.

3.Кој ти омилен писател?
Немам омилен писател. Перфекционист сум и скоро сите некаде ја промашиле со некоја книга. Го сакам Мураками, да речеме. Имам омилен поет. Се важи? Радован Павловски.

4.Дали препрочитуваш книги?
Какво е тоа читање книги без препрочитување? Може да се рече дека ми е мерило дали ми се бендисала книгата.

Прашања од @Gordievjazol
1. Kоја е цената на тоа да се живее без заблудите на нашето општество?

Ќе те отфрли добар дел од општеството што и онака не ти треба. Таа цена би ја платила со бакшиш!








Friday, August 30, 2013

Т.П @Toshevska

Твитер Прашалник @Toshevska 


1.Име (ник ово оно)?
Злата, по баба ми Златка, дедо ми  (Василије) сакал некоја варијанта од неговото (Василка или Васка) ама доволно бабско било и ова. Никот си го оставив по презимето бидејќи не сакав да се кријам под никови ама затоа името на твитер си го менувам во зависност од опседнатоста со главната роља од операта што ја слушам тој период.

2.Висина и тежина?
Висина нормална а тежина доволна хахаха

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Сјајно кафеава со омбре на краевите (оноа ко оган да изгледа), ама си направив од минатото лето, меѓу првите бев.

4.Убав? (одговори со да или не)
На него сум му најубава.

5.Зошто си на твитер?
Уште од 2009 си решив да си отворам твитер, видов дека сите познати личности имаат и сакав да видам што всушност прават а и плус глупаво ми беше на фејсбук да пишувам се што мислам, ќе ме направеа ненормална. Генерално си твитам за музика, за опера, за љубов, за мене. Сакам да кажам, не пишува моете алтер его.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас, многу нашминкана (со контури со сите салтанати) еден час пред оперскиот концерт што го имав со колегите.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Карирана да ти кажам, ко кошулата за роденден што му ја земав.

8.Вашето прво искуство?
Се разочарав кога видов дека не ми порасна одма опашка а упорно пиев кафе и после тоа.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Би ја шетала Европа, би одела во сите оперски куќи, би се прикрадувала позади сцена, а на меден месец во Капри, Италија, така убаво е J

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
М па ништо страшно, во ноутс на мобилен или на таблет ќе си пишувам а може и дневник да отворам. Ама тешко би било, морам негде да ги пишувам експлозивниве чувства од музикава што ми ги доаѓаат.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Не верувам во реинкарнација, ама кога би, не знам, можеби смоква, црвена одвнатре сум секако.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Многу би сакала да се сретнам со Верди, да го прашам како точно ги замислувал своите хероини, без разлика на партитурата на операта, истото и со Вагнер, само него би го прашала што бил толку ненормален а, Чајковски би го гушнала и би му рекла да не се замара што во тоа време бил хомосексуалец и никој не го сакал. L

Прашања од @mashna_321

  1. Зошто баш оперско пеење?
Ако ви кажам како почна се нема да верувате. Бев второ одделение (целодневна настава) и имавме нешто како голем одмор, и јас како јас си се дерам низ училница и едно од другарчињата ме праша што ќе сум била кога ќе сум пораснела и јас саркастично му одговорив „Абе оперска пејачка!“ И ете, потсвеста си работела и еве ме сега, пресреќна со операва. Веќе кога зборувам за опера, мислам дека овде ќе ме разберат луѓето што сакаат да слушаат метал музика. За слична енергија се работи, само кај нас има и солзи J

  1. Бог или наука? И зошто?
Tough one, верниците ќе ме разберат.

  1. Што најлесно може да те извади од кожа ?
Бавни луѓе што ми го трошат времето, тоа може да ми извади од контакт.

  1. Веруваш ли во љубов на прв твит ап ?
Ех за малце мене ќе ме најдеше тоа. Не баш хаха.



Прашање од @RoleOvojDole:
1.    Ако вежбањето пеење го прави совршен гласот, а не постои ништо совршено, зашто ондак вежбање?
Вежбањето не го прави гласот совршен, само подобар, башка, убавината е во несовршеностите J

Прашањe од @Gas_maska:
  1. Од опера, која ти е омилена полициска операција и кој ви е омилен оператор? :D
„Дон Џовани“ од Моцарт, кога ќе го фатат Дон Џовани дека прца се живо и диво J

Прашања од @Dr_Koljo
1.    Дали се дешаа конфликт кој да пее додека се туширате заедно со дотичниот
Кај може он со мене, и башка фалш пее левел доџе ми да вриснем/зашто ме људи избегавају J))))
2.    Дал ќе ми запееш на свадба нешо од Цеца ако решам да се женам
Чим јас ти пеев во кола на првиот твитап без одбивање за свадба да не правиме муабет, само порано ќе ми кажеш да спремам и сценски настап. Сакаш од новиот албум? Или од тие постарите?
3.    Дали би сакала у дует со мене да ја испееш "Кад замиришу јорговани"?

Како да не сакам бе Кољо, срциња ми цртавте со дотичниот во 3 сабајле на хауба! 

Thursday, August 29, 2013

Т.П @mashna_321

Твитер Прашалник @mashna_321 


1.Име (ник ово оно)?
Име.. по двете баби. Среќна коенциденција, во спротивност ден денес ќе слушав  ТРЕБАШЕ ПО ДРУГАТА БАБА. Никот.. машна, зошто шнола машна, ташна машна, папуча машна. Да, малце сум опседната со нив.

2.Висина и тежина?
Метро и желба за раст. Ми рекоа дека се растело до 21 година па сее тешам дека за една година можам да стигнам до 175, неколку сантима плус што се, ништо. Тежина... ме имате видено ај.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафеава, од оние типови на коса што со солзи е проследено чешлањето.

4.Убав? (одговори со да или не)
Убава ама лоша. Така вика мајка ми.

5.Зошто си на твитер?
Некако бев заробена со мисливе, па морав да се искажам некаде. А баш и не е секоја мисла погодна да биде кажана на некој друг пар очи. За големи последици се работи.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ми видоа сплет од чуства, премногу бурно извирале на површина. Па ете, ајде нека бидат оковечени.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Нешто како ѓезве и ѓезве и пример за нивно совршено поклапање. Бели. Значи карирана не, па и онака карираните кошули не ми ги дава.

8.Вашето прво искуство?
Го чекам вистинскиот што ќе дојде со новите кочии низ градов.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Нема да спомнувам камп, да не бидам досадна.
Еден месец, пат околу светов, на меден Индија. Тотално клише.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Рехабилитација. Сигурна сум дека оценките до плафон ќе ми скокнат. Само твитер одбојката нека не ми ја зимаат! Никас кис маче :*

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Модар патлиџан. Тука сме негде со тенот.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Се дур не почне да ми се плетка јазикот, у локалната биртија ќе сме. После тоа, се само си доаѓа.  

Прашања за @Ratkonakratko
1. Бас или секси глас?
Адреналин. Ќис.

2. Влажни соништа за некој твитерџија?
Прилично си ги остварувам тие соништа.

3. Фетиш?
Ќе бидам искрена. Добар саат.

4. Што треба да се случи за да играш на маса, облечена у минич, со Чаше ломим руке ми крваре во позадина и мирис на кромид и ќебапи во воздухот?
Види, минич и на твитаопот носев, кој виде виде, така да тоа е е проблем. За ова другово ми треба алкохол, МНОГУ, и добар партнер. За пиење алкохол мислев, таков партнер.

5. Омилена книга? J
Биохемиски методи – Ленинџер. J Се шалам. Срам ми да се погледнам колку не читам во последно време, само поради купот книги со тематика биолошки науки. Би ги издвоила сите од Антони ди Мело. Ај фил ју бро ми е со неговите мисли.

Прашања од @MarincePink
1. Дали и кога спиеш си насмеана?
Сигурно. Ама кој да види па да докаже хехе

Прашања од @Makalovski
1. Дали ја најде поентата или можеби не постои?
Уште талкам по патот на неиновативноста. Оптимист форева. Кис.
2. Дали конечно умре твојата желба за пеење?
Се дур не почнам да користам стик за под мишка, ќе пеам со дезодорансот.
3. Што мислиш за новиот албум на Селена Гомез?
Јако пиче. Убер кул, луда, бунтовна откаченка музика.
4. 10ка на факултет или 10 нови женски глупости со машни?
Пошо очајно сакам да исположам се во сесијава.. бирам 10ка. Машните ќе почекаат, и онака имам нови папучи со машна. Значи низ град таа сум, со жолтите.
5. Каква е ситуацијата во родно с. Карпош 4?
Поубаво амин. Владата ќе ни даела можност за отплаќање на трактор на рати. Стефче рулз, Каролинче ни пееше пред некоја веќер. Почна јунска сесија, траеше, заврши, отидов на одмор, се вратив од одмор, септемвриска сесија почна, овие уште реновираат над мене. Баба Нојче уште е шпиун, комшијата си го смени репертоарот од Цеца на Сека. Мајка ми уште се дере од балкон, куката и јажето алијас лифт сеуште ги имам ( пак ќе ти симињам нешто ако си забораиш ). А, да и бандерата у 4 саат сабајле пред зграда сеуште не ми работи.
 
Прашања од @itsabass
1. Омилен артист и зошто?
The Killers. Не знам ни самата зошто, ама не можам да ги тргнам од срце.
Френк Синатра, зошто мафија си е мафија бе. Можам вака и до утре со артистиве. J 
2. Дали како мала исто си сакала да бидеш тоа што сакаш да бидеш и денес?
И тогаш и денес, исто.
3. Дали цедевита пиеш со 3 лажици и ако не зошто не?

Строго ептен разредена. Немам мерено во лажица, од око. 

Wednesday, August 28, 2013

Т.П @Ratkonakratko

Твитер Прашалник  @Ratkonakratko


1.Име (ник ово оно)?
Ратко на кратко, затоа што сум Ратко и сум овде изложен во 140 карактери кратко издание.

2.Висина и тежина?
Имам комплекс со центиметрите, сакав да бидам 185 како мал, а имам 184. Тежина=одлична.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Темна. Јас сум спротивното од ќелав.

4.Убав? (одговори со да или не)
Задоволен. И упорен.

5.Зошто си на твитер?
Имам вишок мисли во главата, што мора да излезат некаде на прошетка.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас. (Сега по ново, јас според описот на твитерџиите, каков ме замислувале да им се појавам)

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Безврска. Се бара некоја да ме заврзе, па да лаам после по сите што поминуваат на улица.

8.Вашето прво искуство?
Јас сум млад и неискусен, немам искуство. :/

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На месецот.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
На рехабилитација. Првиот месец ќе биде најтежок. И никако гледање со твитерџии.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Краставица. Селските девојки знаат зошто.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Виски со лед. И за пиќку један ѓус.

Прашања од @RubinBt
1. Шо мислиш колку од твитерџиите се членови на партии?
Но ме интереса.
2. Дали вистински ги поддржуваш дпмне или глумиш хипстер на тл?
Озбилен си? J А ја па те бранам, кога те хејтаат, викам остајте го Рубинчо добар е. Не сум член, ни симпатизер, ни на куќниов совет у зграда.
3. Дали твитерџијките се срамежливи( искуство од твитапот).
Твитерџиките се најдобри жени што постојат.
4. Зошто се срамеше досега и некни ја изгуби твитап невиноста?
Всушност одамна сакав да дојдам, ама ако тоа било губење невиност, тогаш ќе почнам со други очи да го гледам @NikasInParis J
5. Ке ја искористиш влијателноста на твитер за да ми местиш некоја?
Маж на кој му треба друг за да му мести девојка, најверојатно ќе му треба друг и за у кревет со девојката.

Екстра прашања од други твитерџии

Прашања од @Estavrevska
1) што толку згреши на твитап што реши да си го заклучиш профилот?
Имав твитови што не требаше да бидат ретвитнати. J
2) колку си навлечен на твитер од нула до за да останеш, ќе мора да се согласиш со политичкиот став на мнозинството?
Колку и да сум навлечен, став на мнозинство можам само да почитувам, а никогаш без моја волја да се согласам со него.
3) кога би морал да избираш меѓу двете, што би избрал, жена или пиво?
Паааа идеално, жена со пиво. Вака само жена. Една. Добра. За век и веков. Амин. (insert крст here).

Прашања од @MilaShila
1) Со колкава брзина ти поминува лутината коа си напизден?
*му покажуваат #цицки – “Која лутина?” J
2) Опиши ми ја твојата среќа накратко кога се олеснуваш во природа?
Frank Sinatra – Fly me to the moon
3) На маичка или на фаца?
Фаца. Цела кофа.

Прашања од @mashna_321
1) Од прв впечаток, каков препорачуваш?
Таков што остава место за втор,трет итн. впечатоци. J
2) Фетиш?
E..ње у мозок.
3) Од каде таква љубопитност за твитер?
Долго го одлагав и по правило кога нешто долго одлагаш следи масивна експлозија. J
4) Влажни соништа за твитерџика?
Имам тенденција да си ги остварувам соништата.
5) Стана ДЈ. До кај си со манекенките ?
Чекам Мики Црнокрак да ме земе, манекенка да будем.
6) Кога каде и до кај си со љубовта ?
Знае да наврати понекогаш, стари другари сме, ама одамна ја немам видено, се плашам да не и се случило нешто.

Прашања од @mikimladenov
1) Попрво би ги смирил Скипи и Тајзи или Том и Џери?
Знам кого никогаш не би смирил. @mikimladenov vs. @pavlovik . Том и Џери гушнати би следеле тл и би го гледале дуелот уз пуканки.

Прашања од @mackodetegradsk
1) Кога се реши за @ratkonakratko на колку кратко мислеше?
Ако го одговорам прашањево, никогаш повеќе нема да имам девојка.
2) Кај би сакал да пушташ музика/пијачки на девојки?
Повеќе би сакал менe да ми пуштаат музика, пијачки и девојки, на Бора Бора на пример. Ок, не мора девојки, ако не сум сам таму. J
3) Кога те пука манчис што ти е омилено за конзумирање?
Пиво. И поховани лигњи пржени со него.
4) Кој е рецептот за психичката спремност?
Кога ќе се видиш у огледало кажи си “говедо едно, како не ти е срам, види се на што личиш, која жена би те сакала ваков”. Другото само по себе си доаѓа.

Прашања од @ana_od_vtori
1. Дали си најде девојка на твитер или се приклучи кон forever alone групата?
Твојот твит дека сум дошол на твитер да си фатам девојка, ми ги уништи шансите за првото и сега сум засекогаш сам. ТИ СИ КРИВА ЗА СЕ!!!

Прашања од @skopski_peder
1. Дефинирај твитер геј и твитер педер.
Твитер геј е @skopski_peder. Твитер педер е твитерџија што неосновано кака други твитерџии, за да стекне поголем број на фоловери. Значи сите сме помалку или повеќе твитер педери. J
2. Ако имитацијата е најискрена форма на ласкање, кој најчесто ти краде твитови?
Не ми ласкаат мене. Јас кога ќе ме украдат одам и настапувам директно резилејќи го лоповот.
3. Која твоја #Исповед е најискрена?
Сите. Никогаш не лажам дур се исповедам. Кај че ми ојт душана да знам?
4. Навикант си на 140 карактери муабет. Како планираш да се објасниш со идната невеста?
Со стап. У која смисла сакаш. J

Прашања од @toni_dimitroff
1) Зашто толку касно се приклучи на твитер заедницата? Дали само за да ги нервираш опозициски ориентираните твитерџии со твоите про-македонски политички коментари? Дали е сето тоа намерно и тенденциозно?
Твитам тоа што мислам. А сакам разумност, ако на некого тоа му пречи, нека ми каже, ќе престанам да твитам така. Или не беше така... J
2) Иако рече не сакаш, ама јас стварно незнам што да те прашам освен политички прашања... кога би си поставил прашање сам на себе, ете што би се прашал?

Ако светот е бесконечност и ништо во исто време, зошто си поставувам вакво прашање?

Monday, August 26, 2013

67KA

67КА