Monday, September 30, 2013

72КА

72КА 




Sunday, September 29, 2013

Твитер Прашалник @Momichet0

Твитер Прашалник @Momichet0 


1.Име (ник ово оно)?
Крстена сум на симпатија на татко ми, Бојана се викам и се викав и на твитер дури не решив да твитам.. Се прекрстив зошто алијас ми даваше глупа “сила“ да можам да твитам се’ шо ќе ми е на памет... Момиче, шо знам зошто.. симпатично ми беше. Ваљда уште така се осеќам и покрај тоа шо повеќе ми одговарат Момичиште.

2.Висина и тежина?
Стапалата ми се стално надвор од кревет; во автобус седам на косо; на штикли личам на потпорен ѕид; си потпирам подлактица на темето од другарка ми; менвам сијалици без столче; Миќи ми рече да се фатам со џинот од рекламата за Нести; во школо секогаш јас ја бесев картата по историја; имав еден дечко на тротоар се качвеше ко ќе шетавме пошо беше ко шпер-плоча а јас ко масивно дрво; пред коперација некој рекол “Брат, на оваа да и се качиш со пожарна ќе требит да те слезат“ и селски надимак ми е топола. Е толку сум висока. Ми викаат не сум дебела, ама не се осудил никој да ме кренит.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
имав многу вошки ко мала и сега ми е темно кафеава.

4.Убав? (одговори со да или не)
не одговарам на да-не прашања, многу сум неодлучна.

5.Зошто си на твитер?
Зошто ми олеснува кога пишувам. Уште си пишувам дневник. Интересно ми е кога си се читам после, ми помага тоа што сум го пишувала порано во самоанализа и си приметувам како си менувам мислења (да не речам зреам)...плус на се’ ова додај го чувството на гагучкање на душичето кога знаеш дека некој те чита и се согласува со твоите ставови. Го праев тоа порано на Фејсбук , ама цело село масовно дојде таму, и мајка ми ми рече “дете, те молам прекини, ќе мислат дека се дрогираш, никој нема да помисли дека си од чиста мира будала“, па како секое послушно дете прекинав и се преселив тука. Сама си дојдов, никој не ме покани, си се вдомив и иако некогаш ѕрцките ми се превртват, имат луѓенца ради кои се осеќам удобно.

6.Шо преставува вашиот аватар?
момиче

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
кога ќе бидам, нема да е карирана туку зелена, да си одморам и очи и душа

8.Вашето прво искуство?
Џери Спрингер, ти си?

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец дефинитвно би ја шетала цела Азија уздуж и попреку. Меден џабе шо ќе ти кажам...секако трудна ќе се мажам, во Македонија и нема да имам пари, па ќе требит да реновирам дома со парите од свадбата.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Нека го затворат уште утре, еве јас ќе му носам цигари.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е? 
Аку да се реинкарнирам во камионџија? Ак не мојт, нема да се сменам. Грав ќе бидам, секако и сега на многу луѓе им се прдит и им е мачно од мене.


12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Да постојат вакви заебанции неќам да се сретнам со историска личност. Би се сретнала со дедо ми или со Бојана од иднината.

Дополнителни Прашања од Ел
1. Зошто одбиваш да ставиш твоја слика на твитер?
Повеќе сакам да знам како ми го оценуваат мислењето, него кој сакат да ми го натопорит. Ко ќе пораснам и ко ќе сум попаметна ќе напишам на некој ѕид: Мери ми го умот, не газот.

2. Кој е поголема лескоечка ѕвезда, ти или Драганче Нормално, Драганче. Пример, ме прашват од кај си, кажвам Лескоец и тука одма наредно прашање е за Џоче (пуштете ја Докас од Цеца) или Драганче. Никој не прашвит дали го знајш Момичето.

3. Колку твитерџии се потребни да те убедат да ја донесеш Иљојца на твитап?
Николку, убедена сум. И јас сакам Лескоечки твитап кај мене в двор со ѓомлезе и Иљојца. Башка многу сакат баба ми да се дружит. Само морат да се опозициски настроени, зошто (цитирам) “Да знам дека имаме глушец во куќава шо е за ВМРО, цела ќе ја запаљам, а не вмровец дома да ми влезит“


4. Се шушка на Твитер дека ти се расипал мобилниот и сите ги отследил. Вистина ли е? Вистина е, страшна работа. Месец дена не можев да го средам и никако да се разберам. Еве пример Фарбаниус, Фрида и Кадар ми ги заследува секој ден по сто пати. Земал ми отследувал креатори на пресмешни смешки за деца/инвалиди/дебели/курви/хеланки/провинцијалци/целулити, силувани твитови, момички шо си го користат како менструално календарче, карачи и шаблонери. Го прашав зошто, ми рече ERROR- open mind not found. Можда имав и јас таква фаза, изгледа малце потпораснав. Некој паметен имаше твитнатно и потполно се сложувам, да читаш нешто шо не сакаш да го читаш (ради статистика, остручавање и било какви оправдувања) е исто како дома цело време да ти е пуштена Сител и да се нервираш за тоа што даваат на телевизија. Верувам дека и по грешка нешто му се има кликнато, ама ќе средам тоа.

5. Зошто те нема во трета смена во последно време?Станува алармантно без тебе, нема кој да дели терапија.
И терапија е потрошен матерјал како и инспирација. Лажам бе, ме неќит симпатијата и сеа глупо ми е да му твитам, а многу сум љубовна во глуво доба и нели не е во мода да кажуваш дека си љубовен, морам да глумам дека сум мангупка.

6. Низ твитер кулоарите се збори дека си една од најубавите девојки на Твитер. Како твојот ДМ го издржува тој напор?
Низ твитер кулоарите свашта се зборвит. М’мат. Во ДМ дој ак сакаш да си играме со ехото.

Wednesday, September 25, 2013

Твитер Прашалник @EStavrevska


Твитер Прашалник  @EStavrevska 


1.Име (ник ово оно)?
- Скратена верзија на името, плус презиме. Ако веќе споделувам ставови, сметам дека е важно да се знае кој стои зад нив, сосе последиците и придобивките од тоа.

2.Висина и тежина?
- Пониска отколку што твитам, потешка отколку што изгледам.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- __________________________*

*солидарност со ќелавите!

4.Убав? (одговори со да или не)
- Убавината зависи од субјектот, не објектот.

5.Зошто си на твитер?
- Прво го користев за поврзување со колеги од академија, за од декември-јануари да почнам да читам и македонски твитерџии и со тек на време да почнам да твитам речиси целосно на македонски. Во принцип, првенствено го гледав твитер како извор на информации, а после стана и многу други нешта. Ова го вклучува и дијаспорскиот елемент, кога твитер ми помага да не станам мрзелива во користењето на македонскиот јазик. И да, вистина е, на твитер сум за да ја раширам информацијата дека нилскиот коњ има розово млеко.

6.Шо преставува вашиот аватар?
- Спомени од летување и желба пак да ми биде толку убаво.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
- Во многу врски сум и сите се шарени. За волја на вистината, ги избегнувам оние со лотоси.

8.Вашето прво искуство?
- “Прво искуство” е оксиморон.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- Ех, што се месец дена? Да се барем неколку, би отишла на југот на Куба, да вежбам шпански и да учам румба и салса, или во Пондичери во Индија да мудрувам со студенти од јужна Азија. А само на месец дена, веројатно во куќата на баба ми и дедо ми во Јабланица, далеку од цивилизација, со него и со многу книги што сега ги оставам за кога ќе имам време. Исто и за меден.


10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Ќе се најде друга гранка или жица за гракање и исправање криви дрини.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
- Краставица. Освежува и зближува.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
- На Мајкл Џексон, “докторот е апаш, пази се!”, на Џек Даниелс, Џек со мед и “фала” и на Марија Кири, “заштити се!”.

 Прашања @JustPurpling            
1.Кога ќе се скрасиш на едно место во светов и каде?

- Зошто би се скрасувала на едно место кога можеш да комбинираш убавини од повеќе? Замисли да можеш да го бркаш летото околу планетата!

2.Што ти смета на Твитер?
А неговата добра страна?
- Ми смета злобата и некултурата. Ми смета и сајбер силеџиството и групното тролање на грешка на твитерџија. Како група средношколци кои шутираат некого кој веќе лежи на земја. Сосема непродуктивно искористена енергија и мозочни клетки. Ми сметаат и паралелните, изолирани дискусии на неистомислениците, што е само копија на сликата во општеството. Се блокираат оние со различни ставови или нивното мислење се делегитимизира преку етикетирање без грам размислување дека можеби аргументите се основани. Добрата страна, покрај информираноста за тековни настани, е што може многу да се научи. Има неколку твитерџии од кои речиси секојдневно учам по нешто ново, а има и такви кои и на најлошиот ден знаат да ме насмеат до солзи, разнежнат со некој твит или да ме натераат да размислувам за нешто што можеби несвесно го правам.

3.Како истражувач и наскоро доктор на науки, наоѓа време за Твитер?

- Твитер ми доаѓа како издувен вентил и често, во зависност од концентрацијата, како пауза меѓу продуктивни мини периоди и напишани/прочитани параграфи.

4.Што има повеќе во државава Евроскептици, или хеланки хејтери?
-
Тука се некаде, со таа разлика што првиве барем имаат какви-такви аргументи.

5.Твитерџии зборат дека си била пресмешна во живо. Ако отидеш на твитап со Македонија, што би и кажала?a
- Од кога им веруваме на твитерџии? Како доказ дека не сум смешна ги приложувам одговорите на прашалников. А и со твитерџии никогаш не знаеш дали се смеат или те исмеваат J На Македонија би и’ рекла: “Не си веќе тинејџерка, не се води од оваа изрека http://vukajlija.com/zivot-pocinje-u-tridesetoj/660312, туку бери умот (pun intended)”.

Monday, September 23, 2013

71ЦА

71ЦА 



Sunday, September 22, 2013

Твитер Прашалник @JustPurpling

Твитер Прашалник @JustPurpling




1.Име (ник ово оно)?
Прп за пријатели. JustPurpling е моја кованица, за која се надевам ќе влезе во официјален англиски речник и ќе означува жена која не знае што сака, ама е спрамна за ултра-мега анализи во секое време. Инспирација од локална ТВ реклама


2.Висина и тежина?
5,5’’ na 120lb. (така ми напишаа на Ај Ди овие америве)

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Боја на топло чоколадо, зачинета со чили пиперче. Морав вака пошто коса е една од ретките работи кои сеуште не сум ги зачинила со чили

4.Убав? (одговори со да или не)
Да не се лажеме, да - RT pls

5.Зошто си на твитер?
Дојдов по Аштон Кучер, му видов фолоуерси, се пренервирав и решив да го баталам, па почнав да си зборам сама со себе. Некои блесави почнаа да ме следат, а останатото е God-complex in development

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас у катна гаража на шопинг мол, јер иди ти запали цигара коa e надвор 49С.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Ц, ама 
8.Вашето прво искуство?
Јас сум олд фешн грл. Нас не учеа дека за искуства не се збори додека не станеш искусен, така да...уште не сум компетентна

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден у Македонија, за меден ќе се договорам со секирата коа ќе падне у мед. Нема да се лутам ако ја одбере Камбоџа

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Нишо...Ќе се собереме на MySpace и ќе се пингаме, дур велешани не го вратат Твитер на хаштаг

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
БожеПетра каква реинкарнација? Кој ќе го пополни тој посебниот круг во пеколот, што го отворија за твитерџии

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Добро бе друже Колумбо? Кај тргна како мува без глава? А где је компас??

 Прашања Дополнителни

1.Домашно милениче?
Имам малтезер, ама остана во Скопје. Чистокрвен патриот од Малта. Овде имам пајак. Не носи пари, ама работи како аларм. Ако го нема у ќош, значи ми влегла дома шкорпија

2. Зошто мисиците се за мир у светот?
Толку им е времето. На убрзан англиски се учи peace што значи мир, ама не и anxiety, што значи немир (што ме тера да се премислам.mp3)

3. Шо спремаш како домаќинка?
Истерувам уроци од боранија со мексичка супер-спајси храна и адаприрани македонски јадења. Строго вегетаријанска

4. Ќе се вратиш ли?
Се надевам. Ако предходно не ме голтне земјава со големи апетити

5. Кој филм би го опишал твојот живот?
Chocolat.Исто имам проблем со северни ветрови. Не знам кога ќе дувнат и ќе ме спотераат на друг крај од светот