Friday, June 28, 2013

Т.П @m1ssy_

Твитер Прашалник  @m1ssy_ 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
-Ников као ник ми го стави...ЈА школските на времето. Од само-ним-познати причини. Сеа малку се засрамив што сите ми го ставија, а многу школски имав.
Додека пак, името(вистинското), ми го ставила мама. Ме крстила по некоја нејзина омилена странска пеачка од тоа време. Среќа што слушала и странска музика, замисли да се викав Петранка, Јорданка, Стаменка...? о.О

2. Опишете се (макс 140 нели)?
- Да пишеше „во кратки црти“ ќе се опишев вака: „- - - - - - - - - - - - - - - - - -“ и решен проблем. Ама, затоа што си паметен и ме зезна, еве ќе се обидам:
(од тука почнува одбројување до 140, нАли?) Скромна, друштвена, по моите – ненормална, по друштвото – луда. Значи, едно е сигурно – мозок немам. Инаку, многу сакам да се смеам на своја сметка, али пошто ми се испразни, сеа се смеам на сметка на политичариве. Нивната не се празни! ОКПОЗЗ

3. Зошто си на твитер?
-Пошто професорката по македонски нема твитер и не ме следи/чита, па слободно можам да си го употребувам „ПОШТО“. И ПОШТО ми се допаѓа тоа што читам различни ставови, дискусии, мислења од достра бистроумни лица.

4. Шо преставува вашиот аватар?
-Го ставив за да ве лажам дека сум убава ко таа на аватарот. #хехе

Според мене, претставува мистичност, таинственост, личност која се крие, но внимателно набљудува сè околу неа.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
-Ме донесе таман пред последнава Нова Година @NochnoyOkhtonik, НО после ден-два, ТОА што врска немав за што се работи на твитеров ме однесе со виорот и ми го деактивира профилот. И на крај пак ме донесоа изборите. Море, му ебав матер после тоа од твитање.
И не, не ме заеба. Еве, јавно му се заблагодарувам, иако тој се спаси, си твита поретко, а јас се искривив - ни Космодиск не ме спасува.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
-Мама се породи, врпцата е исечена, енд ам вери БЛАДИ МИСИ. А ви како те?

7. Каде сте родени?
-Како тоа каде сме родени? Мене штркот ме донесе. МАМОООО, ВИДИ ШТО ВИКА ИЏИ !!
(контрадикторна сум во однос на претходното прашање... и убаво ми е!)

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
-За еден месец ќе го прошетам цел свет, ама сигурно ќе ја скокнам Грчка додека скролам со маусот по ГУГЛ ’РТ-от. А, на меден месец, негде кај што нема комарци, зашто ако некогаш имам маж, не сакам месецот да „плеска“ комарци, туку нешто друго.

9. Брак?
-Обама? Ааааа, брак... Ништо чудно, во некој нареден живот. Или и во овој, ако најдам некој што ќе ме трпи ваква каква што сум. Воедно паметен, бистар, мил и да не хрчи. Ок, ќе останам сама, знам.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?

Еве, ова. Ама, со мал пропуст – некој мелез е од еднорог и... ок, признавам, ЈУЖНОСОСЕДСКО-митолошкиот Пегаз.
Ќе летам, ќе лумпувам, рог ќе си имам, нема потреба да ми ги набиваат и пЉус, убава ќе бидам. Ако не во овој, барем во тој – наредниот живот.
Пази, чак што више, коњ си е коњ, може некад ќе ме стават и на плоштад, па ќе ме хејтате. #хехе

Дополнителни прашања:
1.Омилена турска серија?
-СИТЕ. Како можам да издвојам? Срцево ќе ми се откорне ако ги делам. Ко деца свои ги сакам. Омилен лик – Али со Ризлата. Ииии... оној убавион... упс, немаше таков.

2.Кој е најсмешен твитерџија?
-Што сеа, сакаш да ме раскараш со сите? Ок, ама ако е на српски.
Нема смешни твитерџии, има смешни твитови!

3.Кај на зимовање?
-Како што можеме да забележиме, тоа е врло скоро. После есен иде зима, така да, се спремам да отпатувам во МАЛТА. Пошто оваа ГОЛЕМ’ТА потешко се загрева зимно време.

4.Зошто пилето ја помина улицата?
-Зашто начека зелено, СРЕЌНОТО КОПИЛЕ!

5.Треба ли Македонија да има крал?
-Кралица имаме – ЕСМА. И да, треба да се омужи, па да добиеме и крал. Патем и крал имаме, ама не се важи, без круна бил(читај: Миле Кузманоски).

Прашања од @ElComdandante 
1.Кога би можела годината да ја скратиш на 6 месеци, кои би ги одбрала?
-Јууууунииии, Јулииииииии, Авгууууууст, Ноемврииии(ради песнана Новембр рејн да имаТ кога да се објавиТ на фб). Ај, нека има и Јануари, ради празници, оти вернициве ќе се налутат. И ај, рецимо Март, ради двете цицки - 8-ми Март.
Р.Ѕ. Месецот со мојот роџенд’н намерно го изоставив, за да не стареам. #КажиФинта,А?

2.Омилена книга?
-Море чоек, ти личам јас на некој што чита книги? Единствено нешто што во животов го имам прочитано е содржина на детергентите при долготрајна посета на ВЦ-то. Откако отворив твитер, ни нив не ги читам, само вас!
Инаку, ми рекле дека Иван Исцелител има добра книга напишано. Еве не знам, прочитајте, па кажете.

3.Колку ги мразиш грците?
-Во мерна единица ВЕТО – 1325352312184192758136742912 ВЕТА на ТРЕТА.

4.Свесна ли си дека за ваква иронија се добива ќелија до Бошковски?

 5.Врне истура....сама во кола...двосед...проѓаш покрај автобуска, тамо чекаат...
Хирургот кој ти го спасил животот
Мало дете
Стара баба
Бремена жена
            Кого ќе земеш со себе и зошто?
-Хирургот не го земам, пошто ВОЛКАВА рана ми остави. Малото дете нема пошто сигурно има и топка, па ќе ми ја пукне главата додека тропка. Бремената жена, такоџе - НЕ, затоа што подобро на дожд да ѝ пукне водењакот, отколку кај мене во кола.
Ќе си ја земам бабата. Ем бабата - среќна, ем јас - сита и облечена.
ДОБРООО, ќе им пратам после такси на другиве тројца. Барем таксистот ќе им каже дека времето не чини и не се излегува надвор, зашто колената ќе ги вртат и се нема пари!

6.Кога би можела да го запреш времето, во кој момент од животот би го направила тоа?

-Би го запрела времето кога е сончево. И нека ни седи такво дур не ни досади, после тоа би го запрела кога вие сакате, по договор... на нотар.

Thursday, June 27, 2013

Т.П @ElComdandante

Твитер Прашалник  @ElComdandante 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Сам ко што можеш да си го стаиш никој......

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Нашиот јазик е сиромашен за оваа намена....се извинувам...   #СкромностМиНијеВрлина

3. Зошто си на твитер?
Урбани луѓе кои брзо размислуваат со уникатна смисла за хумор.....извонредно   бегство од секојдневните стереотипи

4. Шо преставува вашиот аватар?

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Првиот одговор го одговара и ова....даље?

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
ФБ тука се криеш бе?

7. Каде сте родени?
Родителиве не ми се за верување...во изводот пишува Скопје

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во изолација со медените, да скратиме трошоци

9. Брак?
E излез од мрак

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Змија....оди, а лежи

Дополнителни прашања
1.Често си на ќебап-твитапи, кој твитерџија јаде најмногу?
За јадење што правиме муабет?

2.Какво е чувството после твитап ?
Исполнето

3.Препорака за добра кафана у Скопје?
Друштвото ја прави кафаната....ако морам да бирам....биртус..со флеки и дупка од цигара на чаршавот

4.Шо те нервира кај луѓето а шо кај твитерџиите ?
Тие што ме нервираат, на постојат

5.Каде летово?
Koе лето шефе? Октомври сме....

Прашања од @______Angie
1.Омилен филм
Оној кој сум го остварил

2.Омилен бенд
Никој, никаде и никогаш не ги ископирал Zeppelin како што треба....

 3.Што за тебе претставува уживање, хедонизам
 Мир

4.Каде и како се гледаш за 10 години
Го живеам сонот...годините небитни

5. Ќе дојдеш ли на твитап на Кариби ако успеам да го организирам
Шо риби? Кариби што знаат да те уништат никој.......

6. Што најубо ти се случило во животот
Тоа што сум се родил

Wednesday, June 26, 2013

Т.П @____Angie

Твитер прашалник @____Angie 

1. Име (ник, кој ти го стави)?
Инспириран од баба ми Анџелина. Ова столче ми е спомен на неа, инаку мое „уметничко“  дело. (а кујзнае, може и античко да е).

            
2. Опишете се (макс 140 нели)?
Малце комплицирана, малце чудна, но своја  "... жена, што се престорува во девојче, кога помислува нешто свое"

3. Зошто си на твитер?
Премногу „бројки“ ми се собраа во РЛ, па дојдов овде да одморам очи со букви.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Црвено – омилено. Лижавката – дека и зборам и твитам со „усул“  заедно. Значи не: 24/7.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Јас сè сама си правам, а понекогаш и си купувам. Дојдов пред 38 месеци, а во МК Твитер пред 6 месеци. Порано бев „воркахолик“, немав многу, многу време за твитање.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
#шомие?

7. Каде сте родени?
Јас сум „слетана“, сигурна сум.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Малку е месец, а меден ми е секој.  Каде би сакала до крајот - го преформулирам одма прашањево. Куќичка, шанкче, сонце, песок, рибички, море...и ќе ве чекам на твитап. Ете некаде во овој „круг“:


                  
9. Брак?
Иам и многу е убо, ако знаеш како. #Iykwim
  
10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Птицата Аљаска, дека најдолго лета, без прекин (до 11.500 км). Ама имам некое претчувство дека во пеперутка ќе се реинкарнирам.
                                               


Дополнителни прашања

1.Каде би живееле во Македонија?
Ја имам цела прошетано, еден период и работата ми беше таква, секој ден си патував во различни места. Цела си ја сакам, а мој избор е Гевгелија – заради топлината на луѓето. Да додадам дека и сите дијалекти ги сакам и разбирам.

2.Најдобро нешто што ти се има случено во животот?
Уф, многу убајни. Како лични, така и професионални. Но, сепак најбитно е:

3.Најдобар Македонски филм?
Секогаш ми е тешко да одберам омилено или најдобро, дека ги има многу. А си сакам сè што е создадено во Македонија. Еве сепак „Пред дождот“.

4.Најчуден ручек?
Јас што сум направила: свински шницли со портокали; мусака од модри патлиџани со цимет; чоколаден десерт со чили. Преживеани се сите што јадеа, а и репете бараа.
#СамоКажувам

5.Кај се гледаш за 10 години ?
Ако не на Кариби, некаде по светот како женска верзија на Тони Борден, или асистент на Феран Адриа. Имам многу опции.

6.Омилена песна?
Како и во трето прашање. Си имам многу за во различни периоди. Ај сепак би ја издвоила (дека е за мене):

7.Што те нервира кај твитерџиите?
Усилено а неискрено твитање, опсесијата со броеви, квантитет пред квалитет. Истово и за во РЛ важи.


Monday, June 24, 2013

58ЦА

58ЦА 





































































































Thursday, June 20, 2013

Т.П @MirkoPopov

Твитер Прашалник @MirkoPopov 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Сам на себе си го ставив.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Висок, убав, плав...тукуречи Александар на своето време.

3.Зошто си на твитер?
Природна екстензија на мојата личност. Исто да откорнам прегрст тајни од длабочината на мојата напатена поетска душа. Исто против #абортус.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Симбол на мојата религија-политика.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Твитер ме донесе. Прашај го него дали ме заеба.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
S is for…Superman

7. Каде сте родени?
У Скопје.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Тешко да го оставам Скопје толку време. Ќе престане да биде Скопје ;)
На меден? Со автобус на Ниш Експрес низ јужна Србија. Не се заебаам.

9. Брак?
Ептен ќе се усреќи невестата со мене.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Во човек – прекрасна животиња, нели?

Дополнителни прашања
1.Те паметам од 90тите се акаш да створиш Скопска клупска сцена до кај си?
Ете ја. Баш као шо замишљав. Можда малце боље. Living the dream.

2.Најголемо достигнување во животот?
The ongoing process. Задњиот албум. Задњата песна.

3.Имаше нешто со Црква(та) ?
Да, доаѓам од попска фамилија, што е очигледно од моето презиме. Нешто не сме синхронизирани задњиве 350 години. Јасум од таСтрана.

4.Омилена група?
Prefab Sprout. Dead Can Dance. New Order. Сварно незнам.

5.Кај се гледаш за 10 години ?
Тука.

Прашања од  @Tea_Shaldeva
1.Зашто навијаш за Арсенал?
Елеганција. Самоодржливост. Гарантирано континуирано емоционално исцрпување и премостување психички бариери.

2.Што се дешава коа ќе умреме?
Ние што сме сварно кул дечки се трансформираме у витези на небеското царство. Ја минуваме вечноста во транс и екстаза од нектари разни, жени мирисни и меѓусебни креативни интеракции. Другите нишо. Затоа памет у глава.

3.Ако можеш да го проживееш животот на било кој човек што постоел/постои,  кого ќе одбереш и зашто?
Ебено тешко прашање. Ок сум со мојот живот, али и Кралот Артур не е лоша идеја. Зашто? Пошто имал опасен меч, ги обединил способните, ги победил гадовите и успеал за својот народ да обезбеди значаен период на тнр. Благосостојба.

4.Колку манеќенќи имаш смувано?
Ниедна. Низаедна.

5.Како сакаш да умреш?
У битка. Се заебаам...сакам да умрам мирно у кревет на 120 години, опкружен со луѓе кои сеуште ги занимам.