Thursday, January 30, 2014

Твитер прашалник @mufix

Твитер прашалник @mufix



1.Име (ник ово оно)?
Јане, mufix. X-от е додаен пошо муфи е сегде зафатено...демит!

2.Висина и тежина?
Висина таман. Tежина...малу поЧе ... али работам на случајот ;)

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафеава со по некое бело влакно :)

4.Убав? (одговори со да или не)
Да. Нормално :)

5.Зошто си на твитер?
Ме заебаја @Natalija и @Biljana на времето. Не дека твитам многу, ама сите ве следам!

6.Шо преставува вашиот аватар?
Мојата најуба (поточно, единствена уба) фотка. Мила (milaphotography.net) ми ја напрај негде Охрид по плажине.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
О, не. А пази четврто прашање :(

8.Вашето прво искуство?
Неискусно :D

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец дефинитивно Мадагаскар за да се изнафоткам ко чоек. А на меден, Бора Бора, зеам шанк и останвиме таму на меден...живот? Ето ми ја животната желба. Да, моја и не ја давам/делам, ок @pifpufpaf?!?! :)

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Нишо. Отвараме македонски сервис и продолжвиме со тролање таму. Морат да се празниме негде, нели?

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Зељка. @lannannanna знајт з'ш :)))

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Нишчо особено.

13.Шо мобилен телефон користиш?
ајФон 4. Оваа прилика ја користам да го поздравам @zuberot.

14.Кој графит би го напишал и каде?
Имам ноооогу лош ракопис, па кај и да е, веројатно: Извини, ѕиду!


Дополнителни Прашања

1.Баш 365 дена сликаше?
Баш 365!

2.Готве ли добро Сокаровски?
Уф! Јас би го зел за маж/жена. Шо сакат нека е во бракот, само нек готвит секој ден :D

3.Омилен фотограф?
Уххх ги имам многу. Повеќето не се многу познати и се прилично тазе фотографи. Ги следам на мреживе. Али ако двојам, Natalia Lisovskaya.

4.Ќе донираш ли за блогираме.мк ?
Обавезно. Пошо се цареви! :)

5.Canon или Nikon ? Шо би купил?

Имав Никон, сега Канон. И ќе останам на Канон.

Monday, January 27, 2014

89КА

89КА 














































































Sunday, January 26, 2014

Твитер прашалник @nedelkovskiv

Твитер прашалник @nedelkovskiv 


1.Име (ник ово оно)?
С’Клет, беше или тоа или Табиет, во фирма кај што работам ме знаат како првото зошто на времето кога им бев корисник највеќе ги болеше глава од мене.

2.Висина и тежина
187cm , 90kg, грчки бог.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
црно-кафеава со примеси на карамиџингел кога има многу дневна или неонска светлина.

4.Убав? (одговори со да или не)
Не, кој е тој маж со се бендисува себеси кога ќе се види во огледало ?

5.Зошто си на твитер?
Затоа што ќоравиот прогледа и се уклучи на ФБ и затоа што ми треба ново поле на кое би барал истмисленици и луѓе со слични ментални пореметувања како и моето.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас како учесник на изложбата за Олдтајмери во Прилеп Ебаго оптегнат на импровизирана масичка од гуми и бандажи.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Не, и оваа прилика ја користам да им порачам на сите моми дека колку и да делувам како нелојален и женкар, ако ми го свртите умот ќе ве сакам како богиња.

8.Вашето прво искуство?
Во Шкодилакот кај мене, уште го чувам и ми е многу драг иако стариот не ми дава да вложам во него за да го средам и бидам најјак шизик на маало.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Кјото или Кувајт. Меден би ми бил секаде каде би отишол со горе опишаната личност, иако Баден Баден не би била лоша дестинација.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Hi5.com , ќе си го реактивирам профилот и ќе гледам кој и колку пати ми го посетил + и повеќе време ќе имам да обрнам на корисниците што ми се на работа.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
‘рдоква.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Гоце седи вечерва не испаѓај издркај го дома не вреди она бе брат.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Huawei P6 Ascend

14.Кој графит би го напишал и каде?
Го напишав веќе CROSSOVER на времето кога пишував графити, на ѕидот на велешката гимназија.
  

Прашања од @Azhdaja

1.Која е врската помеѓу:
      a.Апетит и сексуалност
Многу ми се благодарни после “пушење” на сексуална база кога претходно сум имал голем апетит за благо и сок од ананас.
      b.Матор и мотор
Маторот ми мрчи за моторот, требало да си купам Голф да ме видел Господ.

2.Што љубиш повеќе: Visual или Basic?
Basic...Instinct.

3.Како изгледа еден твој обичен зен?
Пиво -->одличен соговорник-->пиво--> Џејмисон-->пршута-->уште подобар соговорник-->џејмисон--> деколте-->меење-->пиво-->џејмисон-->пофаќање-->ниски страсти-->пиво-->секс.

4.Дали поседуваш субјективна инклинација кон неафирмирани академски неологизми, или гледаш на тоа како асексуална непартиципативност?
Да понекогаш, иако знам да им дадам шанса да ми докажат дека не сум во право на таквите случаеви каде јас, мислителот, ја сфаќам својата грешка се помирувам со тоа дека не сум без грешен и продолжувам кон придобивање на симпатиите на оние кошто ги немам во колекцијата.


Saturday, January 25, 2014

Твитер прашалник @Azhdaja

Твитер прашалник @Azhdaja 


1.Име (ник ово оно)?
Име: Тања. Ник: пропорционален со нешто што го добиваш уште пред да ти го стават името, а ти го вадат и заменуваат при ремонт во матично

2.Висина и тежина?
Ако доволно силно дувнеш во флуид, можеш да ме поместиш со веројатност 0.5; а ако ми истераш памет со незгодно прашање: висината+косата + (-паметот) = просечен кошаркар

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Венге у антикварница

4.Убав? (одговори со да или не)
Би ме запамтил = Да

5.Зошто си на твитер?
За да го крафтувам мозокот без да правам ментални итерации у празно. Ок, ок – лажам: за да издадам твитер прирачник: Како да станеш популарен твитерџија со активен конект и да го искористиш телефонот ко динамо за точак

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас – на пријатна седенка, сред есенска запурнина, во необична приквечернина, некуртулена од арнина.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
#Длабоко – ко индиски филм... но ќе ти одговарам на јапонски: карирана ко кари на рана

8.Вашето прво искуство?
Би ти одговорила, но имам полна уста

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец – на планината кај што се калев. А на меден...јужно од најбитниот дел од телото (освен ако си Ахил – тогаш северно)

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе се собереме пет илјади души, ќе донираме и очи и уши (на секој стотти по едно ќе оставиме), и кауција ќе платиме за Твитер да го вратиме

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
IF реинкарнација
Тања = Тиква // ме потсеќа на глава, а семките - на мозок: може да е полн, али ако не се отвора лесно – џабе
ELSE
            Тања = тикварка у гастрономија
RETURN Тања

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Тесла – да си го крстиш глушецот Мишо Ковач

13.Шо мобилен телефон користиш?
iОЅстај вакви Applea досадни прашања

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Да замислиме дека А = РЛ, а B=ТЛ
Ако А∩В почне да станува многу големо, twitter=qwitter


15.Што би сменил на себе?
Мозочното забрзување. Би го направила -0.1 (ментални метри во секунда на квадрат) за работи што имаат занемарливо мала тежа во однос на земјината

Прашања од  @Law_D_Ohm 

1.Освен за сметки после пазарење, како ти влијае математиката на твоето опкружување?
Твитам во  π-смена, решавам Log(in) пред да пуштам Твитер, не сакам 100К народ, сакам права коса, не сум нормална кога паркирам паралелно, влечам познати корени, размислувам дали Македонија е интеграбилна во граници на ЕУ, сакам секакви луѓе – нормални, комплексни, имагинарни...едноставно сум во логаритам со времето...али не сум непресметлива

2.Тешко ли е да си родител?
Не е комплицирано, само комплексно. Адаптивна вегетација во низа контексти; на почеток: “Who are you people and where are my horses?”, секој нареден ден ја откриваш разликата помеѓу Родителе! и Роди теле!...и после почетокот го забораваш, а ради другото си среќен

3.Твој личен став за зодијакот и астрологијата?
Трол е дел од астрологија, и астрологија е дел од трол. Зодијакот ги прави да имаат и заеднички форум за меѓусебно разбирање

4.Дали преќутувањето е лажење?
....

5.Се плашиш ли од прогресот на технологијава?
Се плашам од злоупотребата на истиот...и дека тоа е причина неправедно голема народна маса да се смета за паметна, а неправедно мала маса да трага по вонземски цивилизации кои уствари нѐ одминуваат зашто сме им неинтересни.
И кога викамодминуваат, мислам меѓу нас се: