Sunday, January 19, 2014

Твитер прашалник @JohnVoiDoe

Твитер прашалник @JohnVoiDoe 



1.Име (ник ово оно)?
Мило ми е Doe, Void Doe, John Void Doe (Бонд стајл). Значење на John Doe е некој анонимец, John Void со мали измени на името и презимето е татко на една прекрасна глумица, а Void од програмерски аспект значи нешто шупло, празно. А од Македонија ќе биде држава, маде во чибук.

2.Висина и тежина?
180 и нешто со 70 и нешто, цел живот поминат во борба за 80 килограми.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Светла/темна кафена, не знам.

4.Убав? (одговори со да или не)
Убавината е минлива работа, секој е убав на свој начин... добро де добро, НЕ.

5.Зошто си на твитер?
Зошто да не? Смачени ми се “фраери“ и “фраерки“ од фб, не сум по сликањето и по “манијачењето“ на профили.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Театар, драма, комедија, среќа, тага... со еден збор – животот.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Моментално ептен сум без врска, само едно “Сонце“ ме грее.

8.Вашето прво искуство?
Првото искуство... а да тоа беше на 2 дена до полнењето на мојата прва година. Тогаш проодев во куќата на еден познат македонски композитор.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
“Да имам ко што немам“ време би ја прошетал Македонија за еден месец, не за “да видам Охрид, Струга да видам“ туку Дорјан, Преспа да видам. А за меден има време.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Потоп, солзи, плач, “пискотници се слушаат од Галичник до Река“.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Лубеница, затоа што има срце, а “срцево ми чууука, цел живот сум тууука...“

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Би и порачал една средна лесковачка со два-три сосови(најголем грев е со сите да земеш). Ако е помината “шегава“ јас се извинувам на потрошеното време.

13.Шо мобилен телефон користиш?
HTC Desire HD.

14.Каде сте родени?
Во парче земја каде што сите би можеле да живееме ко богови ама...

15.Што би сменил на себе?
Ако би сменил нешто, не би бил јас. Да не се разбереме погрешно, секогаш има и ќе има нешто за да се смени.

Прашања од  @Svegjan
1. Да мораш да одбереш едно дали би одбрал:
                                                         -Да имаш a pair of balls на челото
                                                         -Да имаш пениси на грбот како Стегосаурус.
Првото затоа што имам чело за two pairs of balls.

2. Да можеш да смениш име на било која населба во Скопје, на која би и го сменил и зошто?
На Центар, за центарците да мораат да вадат нови лични. :)

3. Дали според тебе @MikiMladenov е машката верзија на Селин Дион?
Мики е рамо до рамо со Кајмаковски, а не па со Селин Дион.

4. Да си невидлив на 2 минути, што попрво би направил?
Ќе ги изгубам во размислување што да направам, е до толку знам да бидам неодлучен.

5. Омилена песна од Ѓорѓи Крстевски?
Моментално му ја симнувам дискографијата, штом ќе се одлучам ќе ти пишам.