Friday, February 28, 2014

Твитер прашалник @fidanska

Твитер прашалник @fidanska


1.Име (ник ово оно)? Елена Фидановска.
Фидановска бидејќи прадедо ми на смртна постела и рекол на мојата мајка внукот да се вика Фидан. Внукот излезе малку поженствен од што се очекуваше па за да не биде Фиданка, Фидановска.
Инаку во цела фамилија само јас си сум Фидановска (после и сестра ми ни крива ни должна го наследи презимето). Ама е многу супер момент бидејќи наставниците и професорите мислеа дека сум посвоена и понекогаш добивав сожалуавње
;)
Fidanska
– едноставно е, секогаш е слободно за логирање. Не е уметничко или не знам какво име. Логин име е.
Други логин имиња по порно сајтови: Гранка (
Granka) и Менче (Mence).  Гранка ја користев за чатови, а Менче како уметничко име за на профилите.

2.Висина и тежина?
Коцка - Стошеесе на шеесе

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Мојата или на принцезата во мене?

4.Убав? (одговори со да или не)
Уба.

5.Зошто си на твитер?
За слава и за пари.

6.Шо преставува вашиот аватар?
I’m huge on the internet

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit

8.Вашето прво искуство?
Најомилен сладолед ми беше оној од што го продаваа во трафиката (бутката кај Педагошка). Тој во пластично топче со лајче.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден Аргентина, на меден Токио... или обратно. Односно зависи колку богато ќе се омажам. Не можам сега вака од ракав да нафрлувам места... Важно е тој шо е со мене да биди богат. Не за друго, ако не е богат одговорот на прашањето нема да има смисла. А реално не сакам да те повредам.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Пред Влада.
                                                                                                                        
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Крстајца. Спирално исечена и поставена помеѓу куленот и кашкавалот во ордевер.
Има моменти кога ме пука депресија и сакам да сум магдонос...

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Ааааа куче еднооооо.... Virgin Mary, I know what you did last spring.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Nokia Lumia еднаш дневно тресната на земја со апликација за Facebook без seen.

14.Кој графит би го напишал и каде?
“ВМРО“ внатре во тунелот кај Охрид и “СДСМ“ на надворешната страна од мостот кај Катланово. Тие ми се така најдреналински. Инаку за своја душа на гаража “Пази гаража“.

 Прашања од @strezovski

1.Како претприемач (столар), колку е тешко во Македонија за еден млад човек да се бави со занает и колку е тешка иверица дебела два сантиметри, метар на два големина?
Столарството е една комплекса супстанција од талент, способност, фат и елеганција. Моментално сме во преговори со уште неколку столарки од внатрешноста за формирање на здружение МСК - “Македонски столарки и канттракерки“, па се надеваме дека нашата ситуација ќе се подобри следната сезона. Нашата капиталистичка идеологија ни дава доста слобода во работата и во изборот на ефтини материјали за работа. Стилот на работа ни е обратен од Симпо. Значи правиме мебел со карактер, но кој што се распаѓа по само 3-4 години користење. Моментално сме сконцентрирани на карактерот. Штом го вдахнеме тој во нашите дела, веруваме дека нашите муштерии ќе не побараат веднаш штом ќе им се распадне стариот.
Што се однесува до дебелината, таа и не ни е толку важна. Важна е кант траката и како ја нанесуваме.
А, мислеше тежината? Па зависи... На пример плакарите
од серијата Џорџ Мајкл“ имаат многу поголема тежина.

2.Зошто ми љубомориш цело време, a не преземеш нешто во врска со тоа - да си купиш поубава бормашина од мојата (да речеме дека има таква)?
Затоа што рачната изработка секогаш е најсигурна. Како што кажав и погоре, сензуалноста и фатот не можат да се доловат со бормашина или било каков уред за стружење. Имам најмногу доверба во моите две раце. До сега не ме изневериле.  Верувам дека еден ден при рака ќе ми се најде и некоја рамна на DeWalt и ветувам дека тогаш ќе те викнам на соочување и на вечера. Двајцата со бормашините.

3. Кажи шо е смешно, сите да се насмееме?
Незаклучени подотворени врати.

4.Дали додека беше заробена во Битола си била во Охрид? Ако да, дали си поминала низ еден мал но навистина исклучително многу убав град на пола пат? Ако да, кажи како се вика тој град и да го рушиме митот еднаш засекогаш дека истиот не постои? Дали прашањево делува тенденциозно, зошто мислиш дека не е така?

Ме натера да чепкам низ архивата со одморите накај Охрид и да гледам слики кај шо сум послаба и повисока за 10 см...
Мислиш дали сум поминала низ овој град?


Да да... Њу Ресен Делхи. И тврдам дека постои и како резулатат на тоа јас за малку немаше да постојам.
Прашањето е тенденциозно, и мислам дека не е така.

5. Кои сѐ состојки ги ставаш во твоето надалеку познато кафе? Дали е точно дека имаш магаре и Бразилец во визбата кои секое утро ти носат свежо кафе?
Тајната на моето скара кафе има два дела:
1. Ринглата ја тријам и ја загревам рачно (ти реков дека рачно е права ствар)
2. Течноста ја оставам да претекува на рингла 10 до 15 секунди и потоа мафтам со десната рака 7 пати накај ѓезвето и кога ќе се собери доволно густ чад дувам надолу кон него. Суво дување.



Monday, February 24, 2014

93КА

93КА 



Monday, February 17, 2014

92КА

92КА 



Monday, February 10, 2014

91ЦА

91ЦА