Tuesday, July 29, 2014

Твитер прашалник @Giotto_mkd

Твитер прашалник @Giotto_mkd



1.Име (ник ово оно)?
Името ми е Ѕвонко ама кога сум почнал да зборам на 3-4 годинки било невозможно да го изговорам името и искачало нешто што звучело на Џото и тоа ми останало.

2.Висина и тежина?
Онака висок и не сум многу тежок

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
трето и четврто со една фотка ти одговарам ако?

4.Убав? (одговори со да или не)
(види фотос)

5.Зошто си на твитер?
Зашо @LalahTootoot ми рече дека сум бил за таму

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас како позирам

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Во врска сум а иам една друга врска у дијагонални штрафти

8.Вашето прво искуство?
Моето прво искуство?

9. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би отишол во Уругвај а на меден на Лефкада

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе ме трпат на фејзбук

11.Ако реинкарнирате во фотоапарат, кој би сакале да е?
Nikon FM2

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
-Хитлер брат батали Русија!

13.Шо фотоапарат користиш?

 14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
-Шо знам... миљон евра!

15.Што би сменил на себе?
Да сум малку посериозен...

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
Hello World!

17.Знаиш ли да развиваш?
-Цела професија ми е од стариот (поздрав до докторот), и за среќа имавме црно бела фото лабораторија дома. Така да пораснав мирисајќи и дишејќи хемии додека развивав филмови и фотографии ко дете. за тоа сеа сум ваков...

18. ај има црно/бел филм да се купе?
-Абе некаде имало на крај од скопјанка ама никад не дознав каде е местото. некој од Софија да ти донесе или од нет...

19. Која е твојата омилена фотографија?
Фоткава некако слабо ми проаѓа со публиката ама мене нешто ептен кеиф ми праи


20.А од светските?
Уф... тешко прашање... една да одвоиш од толку добри фотки на планетава...

21.Најпозната личност што си ја фотографира?
Бекам познат е?

22.Најдобро селфи?
Па и со тревата и со свадбата на Амди внукот селфијата. не би можел да изберам :)


23.Повеќе си по политичките или љубовните твитови?
Зависи од расположение

24.Зошто Мисир?
Зашо често прави мутава фаца и некако ми дојде да му речам мисир (види фотос)

Monday, July 28, 2014

115КА




Wednesday, July 23, 2014

Твитер прашалник @bravarot

Твитер прашалник @bravarot 


1.Име (ник ово оно)?

Браварот

2.Висина и тежина?

Висина метро осумдесет и четири, тежината ми бега накај осумдесет.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Црна

4.Убав? (одговори со да или не)
До некаде

5.Зошто си на твитер?

Зошто не сум на диазепам

6.Шо преставува вашиот аватар? 
Маршалот Тито

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Не сум во ништо

8.Вашето прво искуство?
Батали го, ракијата е крива

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?

На еден месец на Крф, на меден доста е и на Тиквешкото езеро.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?

Ќе пишувам твитови во тетратка со коцки.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?

Магдонос

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?

Шопска и домашна ж’та

13.Шо мобилен телефон користиш?
Сони Ериксон S 312

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Обврските

15.Што би сменил на себе?
Рамката од наочарите

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?

Кој ќе купи Синалко?

Прашања каа за Кавдарчани

1.Кој е најбољи твитерџиа од Кавадарци ако има ?

Има @iki3iki и @Kavdrcanec 

2.Дрекселмаер е ......... за Кавадарци (дополни)

Германска фабрика што работе на македонски начин

3.Како се вика реката шо тече низ Кавадарци?

Мара, Луда Мара

4.Кај се бањат Кавадарчани?
У капатил’то

Твитер прашалник @Ladescarada11

Твитер прашалник @Ladescarada11 



1.Име (ник ово оно)?
Витамин М

2.Висина и тежина?
Метар и жирафа тешка доволно

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафена

4.Убав? (одговори со да или не)
Баба вика најубава сум била

5.Зошто си на твитер?
Забава на прво место

6.Шо преставува вашиот аватар?
Истетовирана жена-јас во иднина

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Врска ама безврска

8.Вашето прво искуство?
Утепај ме не ми текнува

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден и меден во едно на Хаваи

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Какво затварање?? Нема затварање.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Морков

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Би му порачала пиво за разонода.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Алкател ама идол и не мини

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Четврта светска војна.

15.Што би сменил на себе?
Ништо

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
Не знам што да твитам.  

Прашања од @1machka

1. Која ти е омилена песна?
Imagine Dragons-Demons

2.Колку витамини пиеш на ден? 
Пи

3.Колку склекови правеш на ден?
30 само кога не

4.Јадеш ли пица?
Прејадувам

5.Што правиш у слободно време 

Мислам на него.

Monday, July 21, 2014

114КА




Thursday, July 17, 2014

Твитер прашалник @1machka

Твитер прашалник @1machka



1.Име (ник ово оно)? 
Мачорот

2.Висина и тежина? 
Висок сум метро и осумдесет тежок сум доволно

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф) 
Кафена

4.Убав? (одговори со да или не) 
Убав сум и бил

5.Зошто си на твитер? 
Забава пред се, ме исполнува и дружење со фини луѓе

6.Шо преставува вашиот аватар? 
Мачор у чизма пошо Мачка

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)? 
Не сум во никаква врска

8.Вашето прво искуство? 
Многу се, не ми текнува

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Би идел у Бора Бора со неа

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму? 
Нема затварање

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е? 
Крставица

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Би порачал пица

13.Шо мобилен телефон користиш?
Паметен

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Не се повлекувам, не ми се дава пари за на психијатар

15.Што би сменил на себе?
Ништо

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
Не сте нормални

Прашања од @aksvesum 

1.Што ставаш во тестото за пица? 
Дрога

2.Кој те натера да направиш твитер?
Имав одамна твитер, дојдив да видам што се дешава тука и заглавив

3.Колку на број имаш твитер симпатии 
Една и си ја чувам у срцето <3

4.Кој ти е омилен хаштаг за твитање?
Љубов