Wednesday, August 20, 2014

Твитер прашалник @TangLung_

Твитер прашалник @TangLung_


1.Име (ник ово оно)?
TangLung_, затоа што за TangLung_!3647811#2*WANK_ немав доволно простор. Не знам, можеби некад ќе го сменам во TangLung_&Sons

2.Висина и тежина?
Идеално е све. Уздуж у попреко.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Празно се остава после запирка, а не ако си ќелаф(свашта)

4.Убав? (одговори со да или не)
Не, али затоа сум упорен, а истото го ценам и кај девојките. Обично им давам ако се упорни, јер љубов не водат убавите туку упорните.

5.Зошто си на твитер?
За да победам.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Царот на царевите. Курајбер. Џедај... Најголемот син што е роден на овие простори после Гоце Делчев и Есма Реџепова.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Член сум во клубот на најнепосакувани ергени за разведување. Прво и единствено правило на клубот е да збориме за 'онаа работа' и за ништо друго.

8.Вашето прво искуство?
Не е битно како било првото туку како ќе е последното. Искуството е ствар на истрајност во обидувањето. Ко Шекил О' Нил на тренинг. Вежбаш слободни фрлања дур не отидеш у пензија а после чекаш ревијални утакмици каде практикуваш забивања и лесни положувања. Нема тука никва симболика.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Да јадешкур леден.. хехе добра форица. Им ја кажував еднаш на некои богати госпоѓи дур крстаревме со брод. Послем тоа бродот потона а и фората со све нив. Нишо ме ми оставија проклетниците.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Најверојатно ќе идам у Неуромедика на систематски. После тоа ќе се истуширам и ќе размислам. Можно е да преоѓам од една социјална мрежа во друга. Ко Феникс Санс Боцевски.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Во краставица, али под услов да е свежа јер би ми било доста непријатно кога некоја госпоѓа ке ми го пресече врвот и ќе земе да ме трља све дур не искочи тоа белото од мене. Она тоа би го искористила као пена за депилација а тоа веќе ги преоѓа границите на добриот вкус. РТ ако мислиш дека е тоа одвратно, фејв ако мислиш дека е глупо што барам РТ јер ова не е твит и е глупо понашање за краставица која има самосвест и поставува било какви услови.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
-А што ако Тито не е во право?!!...“ фина дискусија би се развила со било која факинг историска личност, дури и повеќе од нив истовремено. Ако не ни тргне ќе свртиме муабет околу онаа песната на Мадона. Сте ја слушале. Ја збоеа у еден филм.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Мангупски, со тач, ама не си ни свесен колку работи можат да се завршат со фиксен телефон во денешно време.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Војна. И паметни луѓе. Тоа се најголемите зла на социјалното здружување.

15.Што би сменил на себе?
Би ја сменил желбата да сменам било што.  Амбициозните луѓе го тераат светов во амбис. За тоа постојат суперхерои ама они моментално акаат по други планети. Еден ден ќе дојдат и тука ама нема да можат да ги разменат парите у менувачница. Сурова е оваа планета. Сум глеал по филмои.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Најверојатно ви пристапил до класата милионер како тип милионер но би добил манири и понашањето на класите милионер и милијардер. Спремен бев за ова прашање. Сум го среќавал и на интервјуа за работа.

Прашања од @Shkottt

1. Кога си плачел последен пат?
Кога умре Леси. Уствари Лајка. Не, Лајка се обеси а Леси ја спржија у спејс шатлот. Појма немам. Се изгубив. Секогаш плачам кога се губам.

2. Дали го одобруваш реоформувањето на Ганз енд Роузис
Тоа не е можно бидејќи ќе треба да се реоформи и Ѕвон и Зимска Рекреативна Програма а и мајките веќе не носат перфорирана канцелариска хартија за праќање писма во емисија. Други времиња беа тоа. Гламстик упропасти све.

3. Кажи ми нешто повеќе за тебе
Знам да ја свирам Биљана платно белеше на Касио синтисајзер.

4. За кој гласаше на последните претседателски избори
Плурализам е за пички, со опроштение. После 10000 години археолозите ќе пронајдат гласачка кутија и ќе се чудат како сме кењале низ тоа дупчетоВо една прилика додека бев промискуитетен сакав да го искусам сладострастието на гласање под партиска директива. Ми дадоа пополнето ливче, но со штуро упатство за употреба. Го уфрлив празното и им го вратив пополнето. Ме прогласија за дисидент. Од тогаш практикувам да уфрлувам флаери од АМЦ, од оние што ги има во Тинекс. Говнарски е, знам.

5. Дали те пали кога грми?

Да. Заради истите причини ме избркаа од Skopje Fashion Week.