Wednesday, September 24, 2014

Твитер прашалник @Kirca1000

 Твитер прашалник @Kirca1000 



1.Име (ник ово оно)?
Сите ме знаат како Кирца (фала куме !), а Џоџо... господ знае зошто !

2.Висина и тежина?
1.78 и зимава морам да се поправам.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Многу црна.

4.Убав? (одговори со да или не)
Кога како, се слуша по дома убав тој на мајка.

5.Зошто си на твитер?
На почетокот и јас се прашував зошто. Имав премногу слободно време. Сега заследувам надежни.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ова прашање бара внимателно набљудување за да се дојде до длабочината на внатрешниот свет на ликот, како одраз на карактеристиките, првенствено физичките за да се открие иделошкиот карактер на личноста, што ја прави уникатна во сооднос со другите. (Историчар на уметноста)

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Врска немам.

8.Вашето прво искуство?
Значи...аааа само сек... ќееее... знач.... друго прашање... само.. зат...аааа....

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Ја би ги споил тие два и не би отишол негде далеку.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе му одиме на посета во вторник.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Тој железниот, спањакот.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Жорж Брак и Пабло Пикасо. Добро бе, што се замислувате вие бе ? Мислите дека тоа што го цртате е убаво ? Ќе ви испоземам и четки и се бе...и атељето ќе ви го затворам !

13.Шо мобилен телефон користиш?
Црн Алкател со проѕирна гума.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Животните обврски.

15.Што би сменил на себе?
Само батеријата на саатот што го носам, друго ништо.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе ги упатам кон Скопскиот аеродром, заедно и јас со нив.


Прашања од @Red_Magic_Woman

1.За што си нај(не) способен ?
За варени јајца на плафон.

2.Твитерџики ги вртиш или те вртат?
Им плаќам 50вче на Рингишпил ако се малоленти и нека се утепаат од вртење сами.

3.Мали, по кои кафиќи искачаш?
Малеее и ти па, там дека има народ и ти па.

4.Зошто кога губиш на ПЕС плачеш дека баш твојата рачка е расипана?
Тоа ректо се случува кога губам скоро и да сум заборавил зошто.

5.Си посакал ли некогаш на комшијата да му умре козата?
Пре би сакал на Комшиката да и умре Голубот.

P.S. Маж и се вика Голуб.