Saturday, November 29, 2014

Твитер прашалник @El_Guaje___

Твитер прашалник @El_Guaje___ 


1.Име (ник ово оно)?
Борќе.....wannabe кул верзија на Борче.
2.Висина и тежина?
Немој не прашувај, болна тема се и двете...
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Оставам полупразно...
4.Убав? (одговори со да или не)
ДА!!!
5.Зошто си на твитер?
Еден сончев ден ми беше досадно, направив акаунт.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Lennonception.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Најкарирана шо е можно.
8.Вашето прво искуство?
Моментот кога го вдишав првиот воздух во болницата.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден во Бора Бора, на меден во Бора Бора.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Одиме на протест.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Марула
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Шекспир брат, дали воопшто и самиот си знаел што сакаш да кажеш?
13.Шо мобилен телефон користиш?
Еден шо е посвоен во фамилијата на смарт телефони...баш како во еден твит беше кажано.
14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Моментално ништо.
15.Што би сменил на себе?
Ништо бе, супер сум си.
16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Прво одам Барса – Реал да гледам, а остатокот во кладилница на 5 коефициент го ставам.

Прашања од @Mirrianna
1.Детство како детство, шо е тоа детство и дали си го имал?
Не не, веднаш станав голем јас.
2.Дали и ти како Владо Јаневски сакаш да имаш 10 девојки?
20 ако може...по две на секој прст.
3.До кое ниво ти е струмичкиот дијалект и дали ти треба преведувач?
Па фала богу дека ми треба преведувач, бугарски јазик не разбирам. Посебно кога ќе седне човек со тебе и со Силвија на кафе....пет преведувачи ми требаат тоа време.
4.Бордо или окер?
Тегет...оти на све иде.
5.Има ли филм шо не ти е гледан? (ако има, кој е?)
Има два од азербејџанскиот режисер Рза Тахмасиб, два – три филма од Боливуд, еден од нигериецот Чико Еџиро и Twilight фала Богу, кој нормален би ги гледал тие...

Tuesday, November 25, 2014

Твитер прашалник @Mirrianna

Твитер прашалник @Mirrianna



1.Име (ник ово оно)?
Цело време ме чекале машко да се родам и требало да се викам Никола (по дедо)  ама сум се родила женско и дедо сакал да се викам Николина, ама сепак ме крстиле Мирјана.
2.Висина и тежина?
Поарно рипни ме, отколко да ме заобиколаш.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Ќељава со малце коса.
4.Убав? (одговори со да или не)
Да, мислам хелооооу.
5.Зошто си на твитер?
Оти нема seen у дм.
6.Шо преставува вашиот аватар?
За некој само слика со обичен триаголник, а за некој ного повеќе.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да, оргии со врските на Латас.
8.Вашето прво искуство?
Од 92ра, прв пат ка осетих шо е тва ваздух и как е да можаш да дишаш.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Во светот на бајките и зад 7 реки, 7 мориња и 7 планини.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ако треба да се тепамо и че се тепамо, има да испадне еден добар чотек.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Брокула, за сите да ме хејтат (чест на исклучоците).
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Цезаре, дојди, види, победи у денешно време.
13.Шо мобилен телефон користиш?
Simens a52, ради портокаловио екран, моја прва љубав, моја невиност.
14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Ако воведат seen.
15.Што би сменил на себе?
Албум со сликички од Панини.
16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе ми тече реклама пред Се‘ или нешто со Ин јор фејс банкару”.


Прашања од @xposedinthedark

1.Го нема Ѓорѓи Колозов меѓу спомениицте во СК2014.Зошто?
Нема место за Шенка.
2.На кого од твитеров би му мавнале чврга?
На мене, најсилно би се слушнало пау, оти празна глава.
3.Зошто се' помалку се прави милиброд?
Оти никој не праа мармалад, сите Нутела купуват.
4.Карлинг или гејминг?
Ауууу, сакн од гејминг, да не ти стапне гејмер у куќата, а не дај Боже на дуушта, наебал си.
5.Силвија рече, но не ме чести текила за роденденот. Што ти згрешив животе?
На мене ги потроши сите, кај мене треба да се бунаш.


Monday, November 24, 2014

132КА






Thursday, November 20, 2014

Твитер прашалник @xposedinthedark

Твитер прашалник @xposedinthedark



1.Име (ник ово оно)?
Апостол. Золвата нагалено ме вика Апо. Никот е инструкција од партијата кај што бев ангажиран во секторот за мито и корупција (http://www.exposingtruth.com) пред да направам трансфер во ПОДЕМ, чиј горд член сум до денес.

2.Висина и тежина?
Прашањево е алтруистичка пародија на изохронијата, мислењето е променето скоро константно, а резултатот ја задржува својата примордијална состојба на умот.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Виолетова, по мајка ми Виолета.

4.Убав? (одговори со да или не)
Квазимодо заврзан во перпетуална конверзија на неговите изговори кој мора сам да се пренесе себеси над себеси.

5.Зошто си на твитер?
Затоа што на фејсбук во графата “Say what you’re doing” нема cleaning. И да ја побарам ногата на @ShaniaTwain.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Детерминистички пристап на идејата за конфискување на реалноста и илегално пренесување на полномошни иверици надвор од очекуваните предиспозиции.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Со близначки. Вики и Кики Ралеви.

8.Вашето прво искуство?
Кога бев мал еден педофил сакаше да ме заведе. Ми даде лукчета, а јас му реков: “А бре чичо, стар синема фајде”. Се расплака и си замина, а јас научив да се пазам.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Месец Чешиново, меден Облешево.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе самонапредувам низ просторот на моралноста затоа што само извидничкиот карактер може да придонесе кон целобитноста на вистината, без оглед на тоа што времето за кое треба да се успее со колоквијалниот енелал е вистинска траги-комедија.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Праз. И по можност да ме галат рацете на некоја мештанка на Празијада 2067.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Церебралната парализа што го зафатило владеачкиот сегмент кај одредени клучни луѓе го менува целокупниот концепр кон само екстерминирање.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Nokia 3310. Мислам дека ја имам ставено на твитер некаде во Сечко 1874-та.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Комплексот на следбеник што инферентно е поставен како специјална фокус точка на вниманието без идејата да се продолжи да се разградува кон другите, постаналитички материјали.

15.Што би сменил на себе?
Чорапите 3 за 100.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе ја однесам вербата до ниво на трансцедентална гордост и моментот кога ќе ја премине фактуелната девијација ќе биде прекината со фактуелни девијации.


Прашања од @DingoOdKratovo

1.Во еден од твојте најпознати твитови велиш, цитирам "Еј мори Ноне, малој Ноне кој е оној црн мераклија" зашто баш Елена Ристевска?
Реалноста на твитот е непотребно да се одговара или да се постави во тие рамки поради самата бескрајна точност која некако е некомпактибилна со човечкиот фенотип.

2. Струмица, Амстердам или Твитернагради?
Муртино. Поздрав #RKOS

3. Зашто и покрај 40те иљади твита, луѓето не те сметаат за интересен и сеуште се водиш во твитер архивата како невлијателен?
Финализирањето на целиот статус на октаморфоза се постигнува само со директна примена на кулминативниот метод на ексреција на јајцата на блискиот.

4. Голем фан си на Шанаја Твејн, запеј нешто!
Со задоволство! (пее без заебнации)
We’ve created us a credit card mess. We spent the money that we don’t possess. Our religion is to go and blow it all, so it’s shopinn’ every Sunday at the mall.
All we ever want is more, a lot more than we had before, so tale me to the nearest stoooooooooooooooooooore! (
Молам, кој ја предвиде свецката економска криза?)

5. Латас или Заев? Шанаја Твејн или Моника Белучи?
Ротацијата е потребна и неопходна за да се допре до знаењето преку интроспекција и дозволи на ништожноста да се пробие низ заштитничкиот дух на себеси, кој постои само како последица на тренингот со условен рефлекс.



Tuesday, November 18, 2014

НоминиранТвитНаГодината by @Architweetka

 #НоминиранТвитНаГодината by @Architweetka


Втора година по ред @Architweetka илустрира некои од номинираните твитови.

















Monday, November 17, 2014

И НИЕ ИМАМЕ СТУДЕНТИ