Friday, December 26, 2014

Твитер прашалник @markoratatata

Твитер прашалник @markoratatata


1.Име (ник ово оно)?
Марко Ратататковски  или како што би рекол Зоро Сите прават пињау пињау само @markoratatata”
2.Висина и тежина?
Метро и десет ќебапчиња со кромид, а тежината варира зависи од слави во месецот.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Полукафена (проќељавувам)
4.Убав? (одговори со да или не)
Да, само дека девојките сакаат зелени оки.
5.Зошто си на твитер?
Дружба пред се. Башка имам доста слободно време.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Џим Кери, човек кој пред екраните е еден од најсмешните луѓе на планетата ама сепак е човек кој има претрпено многу работи во животот а ја задржал насмевката. На некој начин се гледам во него, а и ми викаат луѓево сум ги потсетувал на нив.
7.Идеална врска за Вас?
Мори краво! Море ВОЛЕ! ТЕ САКАМ! Ај дојди да ме ебеш сеа!
8.Имаш можност за прв твит?
Деца сакајте се додека не е касно. (И се разбира краден ќе е јер новаклија ќе сум на ТЛ)
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
Како пееше Бора? Неко ми је украо бициклом. Емигрант во Норвешка.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе го отвориме пак. ПРАВДА ЗА ТВИТЕР!
11.Верувате ли во реинкарнација?
Не се замарам со вакви работи.
12.Шо инструмент би свирел у рок група?
Имам свирено бас во неколку бендови. Те молам не жали по мене, тешко ми е и онака.
13.Шо мобилен користиш?
ZTE Blade III
14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Не знам...
15.Колку твитерџии има у Велес
Колку зрна песок има во Сахара?
16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
500к црно 500к црвено и една мастика Turbo
                

Прашања од @itsrozee
1.Aко би поседувал superpower , која би била ?
Wolverine, башка и мотор јак вози.
2.Животно мото ?
Не се замарајте со секакви ситници и луѓе.
3.Последната лага што ја кажа ?
Бабо не сум гладен.
4.Прашање што најмногу мразиш да го одговараш ?
Спиеш?
5.Чашата полуполна или полупразна ?
Малце ми е полуполна чаша, дај фрли гајба.