Friday, December 12, 2014

Твитер прашалник @Ref

Твитер прашалник @Ref



1.Име (ник ово оно)?

Реф #ФабрикаЗаЗадоволства #СлаткатаСтрана #УстаПолнаРадост
2.Висина и тежина?

Јас сум ти од тие ниските страсти

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)

Доберман

4.Убав? (одговори со да или не)

Убавина е измислен концепт за вреднување работи што ги сакаме или не. Значи не убав, најубава.

5.Зошто си на твитер?

Дека го заслужувате најдоброто

6.Шо преставува вашиот аватар?

Желбата на секој твитерџија да се пронајде во твитовите на некој друг.
7.Идеална врска за Вас?

Слободна во мисла, да гори со страсти, со убав план за секое утре и весела песна во срцето да ја поздравува секоја вечер, кога желбите не се само заеднички туку се надополнуваат и разгрануваат во искреност и бесконечност. И по можност спонзорирана, дека капитализам.

8.Имаш можност за прв твит?

Не знам? Иам?
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?

Стапала низ прозор и ти на мое лево, твојата рака на менувачот и мојата рака врз неа, кучето и трски на задно седиште, патот пред нас. Не прави разлика каде. А второто, на планина. Која било планина во Македонија. Далеку од луѓе.    
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?

Ја не си идам, вие како сакате
11.Верувате ли во реинкарнација?

Во сѐ верувам, постојано
12.Хоби ?

Собирање приватна колекција фотографии од згодни момчиња од шеста управа
13.Шо мобилен користиш?

Искрено се трудам да не.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?

Уцена, или ако престанам да наоѓам луѓе што се лутат за глупостите што повеќето ги пишуваат и споделуваат.
15.Омилена фотка од твитеркалендар?

Таа една што не заврши во календар
16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?

Толку сме категорија сиромашни не можам ни да замислам да се случи, а не па да знам што би правела со парите. Би создала нешто, би хранела луѓе, би се запрашала што сакам кога се' ми е возможно и би го остварила тоа. 

           

Прашања од @Golejska

1.Јога или дрога?

Јога, дрога, секс, поезија, храна, богови и луѓе, сѐ што отвара. Вдишувам полнам и отварам, издишувам празнам сѐ.

2.Фотографијата за тебе е...

Начинот на кој гледам сѐ

3.Да ти е телото инструмент, би била...

Тапан да ме плескаш со страст што ти држи ритам, да те збеснам и да се истуриш врз мене, дланките да те жежат и јас цела да горам.

4.Омилен град за сонување?

Лондон секогаш повикува

5.Кога ќе идеме на ракија?

Можеби денес, нели?