Saturday, December 27, 2014

Твитер прашалник @xxnya

Твитер прашалник @xxnya



1.Име (ник ово оно)?
Вера.
2.Висина и тежина?
Не сум по македонски/балкански стандарди.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Надприродна црвенокоса.
4.Убав? (одговори со да или не)
Надприродно.
5.Зошто си на твитер?
За да се празнам/полнам, зависи од контекстот.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Мајка ми ме сликаше.
7.Идеална врска за Вас?
Врска што не ми троши рам и личен простор.
8.Имаш можност за прв твит?
Здраво Кралство Македонија!
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал? 
Исланд/Норвешка.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Не можам да си го замислам светот без твитер, ваквото прашање ми создава панични напади проследени со анкциозност, внатрешен терор, психолошки грозоморници.
11.Верувате ли во реинкарнација?
Нормално. Во мене се инкарнирани повеќе значајни божества од неколку светски пантеони. Кој не верува може да провери.
12.Твитер пред 2/3 години и сега?
Забележан е раст на твитови поврзани со „љубов“ + „ми фалиш“ + друго. Имам впечаток дека се јавува одредена фобија од Его, спечифично како мктвитер феномен.  Нема разлика!
13.Шо мобилен користиш?
Њиндоњс.
14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Да се отвори интердимензионален портал и Ктулу директно да ми упати закана (тенткл спенкинг!). Тоа или акаунтот да ми биде изгасен од уште повисоки инстанци.
15.Брак?
Постои.
16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе изградам замок во некоја далечна шума и ќе го наполнам со русокоси момчиња од северот. Со остатокот од парите ќе направам нов светски поредок. Или ќе си купам остров. Сакам повеќе од еден миљон.
                

Прашања од @Ref
1.Тајната на вечна младост?
Коктели од крвта на адептите.
2.Што преќутуваат мачките?
*штурци*
3.Како се справуваш со интегрираниот шовинизам во окултизам?
Со сериозна работа и труд, со побивање на вкоренетите стереотипи за жените, со користење на научниот метод и континуирана практика. Со љубов под волја.
4.За шо ни се мажи, ама озбилно?
 „Male-female, quintessential, one...
5. Љубов или ритуали?

И двете тополо би ги препорачала на секого, а тука се крие и тајната на вечната младост :)