Monday, September 29, 2014

124КА




Wednesday, September 24, 2014

Твитер прашалник @Kirca1000

 Твитер прашалник @Kirca1000 



1.Име (ник ово оно)?
Сите ме знаат како Кирца (фала куме !), а Џоџо... господ знае зошто !

2.Висина и тежина?
1.78 и зимава морам да се поправам.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Многу црна.

4.Убав? (одговори со да или не)
Кога како, се слуша по дома убав тој на мајка.

5.Зошто си на твитер?
На почетокот и јас се прашував зошто. Имав премногу слободно време. Сега заследувам надежни.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ова прашање бара внимателно набљудување за да се дојде до длабочината на внатрешниот свет на ликот, како одраз на карактеристиките, првенствено физичките за да се открие иделошкиот карактер на личноста, што ја прави уникатна во сооднос со другите. (Историчар на уметноста)

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Врска немам.

8.Вашето прво искуство?
Значи...аааа само сек... ќееее... знач.... друго прашање... само.. зат...аааа....

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Ја би ги споил тие два и не би отишол негде далеку.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе му одиме на посета во вторник.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Тој железниот, спањакот.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Жорж Брак и Пабло Пикасо. Добро бе, што се замислувате вие бе ? Мислите дека тоа што го цртате е убаво ? Ќе ви испоземам и четки и се бе...и атељето ќе ви го затворам !

13.Шо мобилен телефон користиш?
Црн Алкател со проѕирна гума.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Животните обврски.

15.Што би сменил на себе?
Само батеријата на саатот што го носам, друго ништо.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе ги упатам кон Скопскиот аеродром, заедно и јас со нив.


Прашања од @Red_Magic_Woman

1.За што си нај(не) способен ?
За варени јајца на плафон.

2.Твитерџики ги вртиш или те вртат?
Им плаќам 50вче на Рингишпил ако се малоленти и нека се утепаат од вртење сами.

3.Мали, по кои кафиќи искачаш?
Малеее и ти па, там дека има народ и ти па.

4.Зошто кога губиш на ПЕС плачеш дека баш твојата рачка е расипана?
Тоа ректо се случува кога губам скоро и да сум заборавил зошто.

5.Си посакал ли некогаш на комшијата да му умре козата?
Пре би сакал на Комшиката да и умре Голубот.

P.S. Маж и се вика Голуб.

Monday, September 22, 2014

123КА




Friday, September 19, 2014

Твитер прашалник @Red_Magic_Woman

Твитер прашалник @Red_Magic_Woman



1.Име (ник ово оно)?
Miѕs. Curly, очигледно е зошто J

2.Висина и тежина?
Ги гледам како константа и променлива.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Фурам црвено (против волјата на #ЕднаЕмајка).

4.Убав? (одговори со да или не)
Да прашаше за ‘убава’ ќе ти кажев...

5.Зошто си на твитер?
Да си го губам релаксирано и непродуктивно времето ;)

6.Шо преставува вашиот аватар?
Исто шо и моето име (мене).

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Мене се ми е без врска..а и карирана ми е клише, си имам јас свои дезени.

8.Вашето прво искуство?
Ваљда првиот плач после раѓање.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец може Куба, а на меден хмм ќе чекам да ме изненадат.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Епаа чорба македонче..

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Зелка.. да не можат да ми ги соблечат кошулите 300.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
На Марко Поло би му кажала: Dude џабе шо си добар трговец и истражувач, кога во ‘Среќни коцки’ кај Вучич не те знаат.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Една нокиа шо ми е само за ѕвонење.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Монотонијата шо знае да завладее.

15.Што би сменил на себе?
На себе ништо, во себе па нешто.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Тргнувам по концерти, фестивали...

Прашања од @Maci_White91

1.Веруваш ли во виртуелни пријателства ?
Поверував..

2.На која Група/Пејач/Пејачка ти е животна желба да отидеш на Концет?
Massiv attack, Portishead, Radiohead, чекај списокот да земам.

3.Кого највеќе цениш од Твитер?
Заеби сега сериозни муабети..

4.Струмица или Љубљана?
Мразам кога треба да бирам..

5.Од горе наведеното прашање за наследување на миЉон долари , ќе ми дадеш ли пола?

Gold digger-у мој!

Шкотска