Sunday, January 25, 2015

Твитер прашалник @da_danail

Твитер прашалник @da_danail



1.Име (ник ово оно)?
- Данаил (најчесто сите ми го грешат името), Дани за дугајчињата и за сите остали.

2.Висина и тежина?
- Висок сум метро и две шумски јаготки (174), тежок некои скромни 67 килца.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- Темно Кафена

4.Убав? (одговори со да или не)
- Па симпатичен сум, не сум лош, ај еве убав сум.

5.Зошто си на твитер?
- Па на твитер сум пред се ради хуморот, комуникацијата и запознавањето со други луге и добар начин за да го поминам слободното време.

6.Шо преставува вашиот аватар?
- Мојот аватар ја претставува најдобрата видео игра и мојата омилена Call Of Duty Ghosts ( ќе пораснам кат-тад).

7.Идеална врска за Вас?
- Идеална врска за мене е да има искреност, многу тролање, мешањето од страна на други личности да се сведе на минимум, значи да не потпаѓа под туѓи влијаниа... едноставно да функционираме како едно, да има многу разбирање.

8.Имаш можност за прв твит?
- Па шо знам... и така не е многу битен така да нека си остане тој што си е.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
- Па би сакал да отидам на многу места на по еден месец, али коа е више едно би отишол у Њујорк да си поминам лудо и незаборавно, а би емигрирал у Турција, Истанбул.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Ако го затворат твитер, отварам фирма у Истанбул, се пунам со пари и си живеам живот... и ќе го отворам пак твитерот.

11.Верувате ли во реинкарнација?
- А што да не.

12.Твитер пред 2/3 години и сега?
- Ас не знам, тазе сум.

13.Шо мобилен користиш?
- Sony Xperia Z1 compact (бел).

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
- Ништо не би ме натерало, ако ми здосади ќе си се повлечам.

15.Брак?
- Брак-мрак, не шала на страна, ја се надевам дека до 27, 28 години нема да рипнам у тавче, па сеа ќе видиме, не се знае коа ќе налета вистинската.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
- Како и сите останати, си основам некое бизнисче, колку да си се осигурам за понатака у животот, а со парите што ќе останат, ќе го создадам мојот возен парк од соништата, сите коли што до сега сум сакал да ги имам, ќе ги имам.
                

Прашања од @TheNymphadoro
1.Прашање за милион денари: Кој бил македонскиот национален херој што изјавил: „Ааа не у бубрези со тејзерот, неее!“ ? (опиши ја битката)
- Тој херој (не би рекол) е Данаил Шутевски, а тоа со бубрезите го изјавил во битката која се одвиваше во ходникот на Славко, баш пред да си отидеме накај домашните одаи, ме фатија во тесно Здравко и Стеки и сакаа да ме здрмаат со тејзерот од 10.000 волти у бубрези, али ок беше, ме здрмаа у бут.

2.Што се би направил за да бидеш со келнерката од Давидо?
- Да се разбереме има две што ми праат мерак, али зашто знам за која мислиш, тогаш не би напраил многу, она ми е више женска само не знае, ми е страв да и кажам да не се возбуди многу.

3.Супермен ја изгуби планетата, бетмен родителите, а ти, астрата, што ќе превземеш?
- Ќе превземам многу опасни мерки, ќе кршам кичми. Се зезам, ќе рикам као магаре додека не соберам пари за нова.

4.Каков е животот на #РичКидсОдСкопје?
- Врска неам, прашај ги, ја сум дете од Ново Лисиче, знаеш дека не сме богаташи таму.


5.Ако имаш можност да се претвориш во некоја животиња, кое животно би го одбрал и зошто?
- Би се претворил у кутре и би и се мушнал у прегратки на симпатијата за да ме гњави, зашо вака ако и се мушнам ќе ме пријави у полиција.