Monday, December 21, 2015

Твитер прашалник @cccruella

Твитер прашалник @cccruella 



1.Име (ник ово оно)?
Името си го менувам редовно. Исто како на државава. Сеа сум пак „Жане од кадрово“
Никот @cccruella е vilian од некомерцијален стрип цртан како подарок за мене.

2.Висина и тежина?
Многу сум тешка, да ти кажам. Од оние за кои викаат „алееее колку е тешка у пичку...“

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Тотално несоодветна за швалерка и за по лов од практични причини.

4.Убав? (одговори со да или не)
Имаш грешка тука се пишува убаФ? Кај е тука твитерполиција да викнам?!

5.Зошто си на твитер?
Овде е соодветниот примерок што ми е потребен за истражувањето за докторските.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Сите аватари ми се цртани верзии налик мене. Океј сите они имаат цицки што не е случај во рл.

7.Идеална врска за Вас?
Сингл сум.

8.Имаш можност за прв твит?
Немам.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
Јужна Америка на месец.
За емигрирање ќе свикам фокус група со отворен повик кога ќе останеме само 6 души у државава па ќе одлучиме низ транспарентен демократски процес по пат на консензус.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
На протест пред управа пак да го отворат!

11.Верувате ли во реинкарнација?
Ја сум со науката.

12.Твитер пред 2/3 години и сега?
Шузнам. Ми се допаѓа што сега повеќе луѓе развиваат критичка мисла и се бават со политика. Ми се свиѓаат иницијативи што помогнаа да се опраат/спасат човечки животи. Не ми се  допаѓа што некако се наметна идеја дека сите мора да имаат мислење за се и тоа што гледам генерација што е скроз турбо фолк (и тука не мислам на музиката)

13.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?


14.Брак?
Лично, ич нејќам рамки, етикети и обрачи. Статистика и наука исто така не се баш на страната на институцијата. Сепак го велам тоа што ме учеле моите: „на цел живот со некој, нафати се само кога ќе бидеш со оној поради кој нема да посакаш никој друг. Ако си со некој и посакуваш друг, време е да не си таму каде што си.“
Да, малку ко џедаи збориме по дома, големи фанови на Стар Ворс сме фамилијарно.

15.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Олеле. Ја со платава што ја земам не знам да располагам а не па со миљон. Плус од тие наивчините сум што прибираат животни од по улица, што носат свашта по сиромашни и што се затапуваат за оние кои имале помалку среќа во животот.  

Дополнителни прашања

1.Што е строга диета?
Вртење мрсен хедонизам на зелен хедонизам.

2.Тргнуваш ли со втора?
Ретко правам ствари од навика.

3.Ќе а биде ли државава?
Не

4.Зошто не?
Зошто очигледно треба да банкротираме и да го допреме најниското можно дно за истото да има еднаков импакт до сите граѓани у државава. Веројатно само тогаш ќе сфатиме дека ние сме одговорни за општеството кое (и какво) го градиме и луѓето кои ги бираме да не застапуваат а не владеат.

5.Кога би бирала,шо би одбрала?
Еден.

6.Стварно ли се штелуват ПМ мерењата само за да се протестира?

Секако, тоа е дел од тајниот план на американците кои сакаат да ги провоцираат русите, кои пак имаат за цел да се осветат на американците преку македонците иако двете страни целосно несвесно се дел од манипулациите од мастер планот на вонземјаните за уништување на најдревниот македонски антички народ кој е единствен кој знае како изгледаат вонземјаните затоа што единствени ги пречекале на земјата. Кога установиле дека промајата како убиствен метод на балканот, предизвикана од хаарпот не успеала, морале да смислат нов прониклив начин, кој за среќа македонската истражувачко-новинарска екипа во еден штаб го откри на време и сега можеме сите да дишеме на раат.