Sunday, December 20, 2015

Твитер прашалник @Petar_Che

Твитер прашалник @Petar_Che



1.Име (ник ово оно)?
На лична карта Петар, за некои (мајка ми) ПетарЧе, за твитерџиите Ернесто

2.Висина и тежина?
Висина последно ми стоеше во здравствена книшка 171, ама пораснат сум бе!
Тежина, не сум тежок тип. Ослабев од факултетов, 70-1 можно е

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
_______(четврт празно, оти четврт ќелаф) Кафена темна така некако.

4.Убав? (одговори со да или не)
Дур и сам си завидувам што сум си олку убав!

5.Зошто си на твитер?
За да го читам твојов блог секој втор Понеделник.
За да иам терапија и за да бидам опкружен со прекрасни луѓе од твитер.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Тоа е омиленото нешто од мојот твитер.
Тоа е моја слика со уши од Мики Маус. Претходно беше слика од Че Гевара со ушите, па решив да го преправам и да бидам јас.
Ушите е метафора за тоа дека животот е само една голема смешка и заебанција.
Најчесто и твитовите мои.

7.Идеална врска за Вас?
Седиме со пиво и чипс, читаме поезија/гејмаме. И заедно на рок свирка.

8.Имаш можност за прв твит?
Ако ми ја дозволиш, вака:
- Ако некој ти каже дека на грешките се учи, сигурно не напраил грешки.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
 На меден месец во Барселона, а моето конечно живеалиште ќе е Тоскана, Италија.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе треба да го убијам Ернесто за тоа. Ако го затворам, ќе пишувам колумни во весник за дрогата и младите.

11.Верувате ли во реинкарнација?
Верувам дека сите ние се среќаваме во некои наредни/минати животи.

12.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Засега ништо, нит планирам. Премногу е интересно!

13.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Пола на сиромашните, ќе им купам на сите саунд системи и ќе им даам да слушаат квалитетна музика. Пошто само тоа ќе не спаси од кичерајот и турбофолкот кај нас. Остатокот ќе потрошам за една моја вила во Тоскана.


Дополнителни Прашања

1. Зошто баш антихерој ?
Затоа што ако не беше Бетмен, Супермен немаше да биде толку величан, а Бетмен толку сакан. Затоа што ако не беше Че, никогаш немаше да се случи Гевара. Тоа се оние што го прават животот (филмот) интересен, а аплаузот секогаш е кај хероите.

2. Доколку би морал би оженил ли твитерџика?
Ако знае да ми ја испегла кошулата и да ми направи појадок не е важно друго.
Ако е твитерџика ондак е бонус.

3. Не најозбилно би оженил твитерџика?
Под услов да не мора да ја ретвитам ради шо би ми била жена!

4. Шо му фали на младиот човек во Македонија?
Љубов, револуција, музика и самостојна мисла

5.Те чеша ли брадата?
Не бе маме му еам, стварно не ме чеша, удобна ми е. Си ја чешам од ќеиф и си го сукам мустаќот (кој редно време е да му текне да порасне)