Friday, December 25, 2015

Твитер прашалник @pikabu00

Твитер прашалник @pikabu00


1.Име (ник ово оно)?
Кога дојдов беше Пикабу, после еден Јове од тука, оној со плавата врата почна да ме вика Пердуф... 

2.Висина и тежина?
Леле, морам да ги ѕирнам другите прашалници, да видам дали воопшто некој успеал да одговори духовито на ова. Скроз неспремна фатив со одговарање.
Ќе се вратам на ова.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Црна коса со бел корен!

4.Убав? (одговори со да или не)
Да бе, леле колку анкети лежат во овие прашањата, ама ај.

5.Зошто си на твитер?
Ми кочеше фејзбукот.
Зезам. Ги читав оние на тајм.мк со месеци дур ми текна да си направам профил за читање. МОЈОТ ПРОФИЛ БЕШЕ НАПРАВЕН СТРОГО ЗА ЧИТАЊЕ!

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ништо! Воопшто немав никакви чувства за пердувите. Ми дојде убава сликата и ја ставив. Сега ми е многу црно бела, ама ептен се приврзав некако и не би да должам на ова прашање.

7.Идеална врска за Вас?
Не верувам во идеални работи. Ама верувам во семејство.

8.Имаш можност за прв твит?
Не, не. Првиот ми е најјак! Не би го сменила за жива глава.


9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
На еден месец во Бразил. А би емигрирала во Лондон, само на слика да го видам и ме смирува.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ах... Сум живеела 35 без твитер... чекај сега, ова испадна тешкото прашање?

11.Верувате ли во реинкарнација?
Да! Имав другарка, што имаше другарка, што на времето (тоа времето без интернет) имаше книга, во која по датум можеше да се најде што си бил во минатиот живот. Астроном сум била. Од Австралија. Знам дека не е интересно.

12.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Кога би ја изгубила анонимноста... Ми е страв дека така твитер ќе ми стане фејзбук.

13.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе ги сменам у денари да личат повеќе!

Дополнителни Прашања
1.Ти воа озбилно  ?

Да! Е сега, кој прв рече ај на кафе е малку дискутабилно. Ама, да. Имаше викање на кафе и требаше да биде другарски :)

2. Копаш по твитер? Зошто?
Е тоа ми е уживањето! Почнав ради бегање од дневни теми кои се повторуваат во секој втор твит и налетав на богатство!

3. Те изненедуваат ли резултатите од анкетите што ги правиш?
Да. Страшно е колку сум лош прогнозер за моите анкети. Не е дека имаат некоја смисла, ама ете, се навлеков :)

4. Има ли убави твитеџии??? Кои се??
Оние позитивните :)