Saturday, December 26, 2015

Твитер прашалник @pretposledna

Твитер прашалник @pretposledna



1.Име (ник ово оно)
Името потекнува од една долга, досадна и суперглупа приказна која мразам да ја раскажувам.


2.Висина и тежина?
Т аман.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)

Природна, нефарбана со неколку бели влакна. Еве, уште едно ми се појави од вакви прашања.

4.Убав? (одговори со да или не)
Какво е ова чудно прашање?


5.Зошто си на твитер?
За да ширам морал и љубов..се зезам. Овде сум за да станам славна како Васиљ или Ф или П (моите твитер идоли).


6.Шо преставува вашиот аватар?
Мојот “долг” јазик кој ме става во непријатни ситуации.


7.Идеална врска за Вас?
Само да не сум јас чудната во врската.


8.Имаш можност за прв твит?
Под кожа? Не ми влезе. Туку се всели и реновираше и ја згреши бојата на тапетите ,идиоту.


9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
На еден месец сакам да одам на боловање од работа. А за емигрирање негде кај што нема македонци, ваљда на Марс.


10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Прво ќе поплачам малку после ќе видиме.


11.Верувате ли во реинкарнација?
Не, јас никогаш нема да умрам.


12.Твитер пред 2/3 години и сега?

Тазе сум овде,не знам, јас уште се срамам риплај да напишам.


13.Шо мобилен користиш?

Службен.


14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Никој и ништо, твитер форевер.


15.Брак?

Не, благодарам.


16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе читаш по весници.





Прашања од @rnixn

1. Како изгледа да бидеш најпосакуваното суштество на твитер?

Рековме без претерување( си ме послушал). Да не ми си во кожата и во дм. 


2. А вон твитер?
Вон твитер е позабавно.


3. Кромид или буковец?
Со повеќе кромид и буковец.



Прашања од @Shkottt 


1. Што повеќе сака: шугар деди или срџан керим
Нели е тоа исто бе?


2. Дали милениумскиот крст на водно е крст на времето или просторот? 

Зошто На ова ќе ти одговорам со физичка формула за само ти да го знаеш одговорот. 

3.Љубов без секс. Да или не Да, секако. И обратно.