Wednesday, December 30, 2015

Твитер прашалник @MajkaNaZmejovi

Твитер прашалник @MajkaNaZmejovi



1.Име (ник ово оно)?
За неупатените во серијата Game of thrones Калиси е највисоката титула во едно племе Дотраки. А јузерот доаѓа од Мother of Dragons ( едно од имињата на Денерис Таргеријан) и НЕ СУМ БУКВАЛНО МАЈКА ШТО ДЕЦАТА СИ ГИ ВИКА ЗМЕЈОВИ!!!111

2.Висина и тежина?
Висина- доволна за бесплатно да влагам по музеи со екскурзијанти од 6то одделение
Тежина- не се мерам за празници, ризично е

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Ко на Горде

4.Убав? (одговори со да или не)
Народот нека одлучи

5.Зошто си на твитер?

6.Шо преставува вашиот аватар?
00:12 <3

7.Идеална врска за Вас?
Интернет врската

8.Имаш можност за прв твит?
Здраво, јас сум Калиси и пишман ќе бидеш и ако ме следиш и ако не ме следиш.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
На еден месец дефинитивно во Куба. А за емигрирање, било каде на европското Средоземје.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе протестираме

11.Верувате ли во реинкарнација?
Па со оглед на тоа што сите диктатори ги прават истите ствари , могуче е .

12.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Зголемување на бројката на простаци.

13.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе направам дневен центар за аутизам и нешто што ќе остане би го потрошила на патувања. Или ако се продава небо, би и го купила на Јасна.


Дополнителни Прашања

1.Шо не знаеме за тебе?
Хмм, па не знаете дека сум била на натпревар по географија у седмо.
- другарите ме викаат Текила.
- течно зборам влашки, делумно грчки и шпански а имам учено и јапонски.

2.Како би се опишала во твит (140 карактери) ?

Чувствителна на неправди, сака да биде смешна. Го јаде марципанот од Мерси. Причује српскоме али се шалује. Сродна душа на @IamAliceMadness

3.Каде ја гледаш својата иднина?

На тронот.

4.Змејовите шо ги раниш?



5.Најсреќен момент у животот



Tuesday, December 29, 2015

Твитер прашалник @Lathronniell

Твитер прашалник @Lathronniell



1.Име (ник, кој ти го стави)?
Јузер нејмот ми е елфска верзија од името, не е тешко да го научиш ако сум ти симпатија.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Малите деца ги плашам дека сум вештерка, големите веруваат во тоа. Дишам преку поезија и сонувам да добијам Нобелова награда. Немав срце.

3.Зошто си на твитер?
Се навлеков.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Демек вештерка со рогови. Црвенокоса.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Сам ако не се заебеш кој?!

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Здраво дечки. Дечки? Дечки? Ме читате? Ок, не.

7.Каде сте родени?
Во болница, за жал во Македонија.

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден во Италија, на меден во Сибир.

9.Брак?
Ми нудиш? О.о

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е? 
Од кај знаеш дека верувам во реинкарнација? Делфин.

Дополнителни прашања

1.Зошто слонот се плаши од глушец?
Не знам, ама и мене ми е страв.

2.Омилена пијачка? 
Мартини. Ама обично пијам пиво.

3.Што за тебе претставува „ќеса полна среќа“?
Гушкањеееее.

4.Кога би тргнала на пат до крајот на светот што и кого би понела со себе?
Само јас и моите демони. Полароид и пенкало.

5. Дефинирај совршен ден. 
Јас, тој, планина, чипс, пиво, поезија.

Monday, December 28, 2015

189КА





Saturday, December 26, 2015

Твитер прашалник @pretposledna

Твитер прашалник @pretposledna



1.Име (ник ово оно)
Името потекнува од една долга, досадна и суперглупа приказна која мразам да ја раскажувам.


2.Висина и тежина?
Т аман.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)

Природна, нефарбана со неколку бели влакна. Еве, уште едно ми се појави од вакви прашања.

4.Убав? (одговори со да или не)
Какво е ова чудно прашање?


5.Зошто си на твитер?
За да ширам морал и љубов..се зезам. Овде сум за да станам славна како Васиљ или Ф или П (моите твитер идоли).


6.Шо преставува вашиот аватар?
Мојот “долг” јазик кој ме става во непријатни ситуации.


7.Идеална врска за Вас?
Само да не сум јас чудната во врската.


8.Имаш можност за прв твит?
Под кожа? Не ми влезе. Туку се всели и реновираше и ја згреши бојата на тапетите ,идиоту.


9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
На еден месец сакам да одам на боловање од работа. А за емигрирање негде кај што нема македонци, ваљда на Марс.


10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Прво ќе поплачам малку после ќе видиме.


11.Верувате ли во реинкарнација?
Не, јас никогаш нема да умрам.


12.Твитер пред 2/3 години и сега?

Тазе сум овде,не знам, јас уште се срамам риплај да напишам.


13.Шо мобилен користиш?

Службен.


14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Никој и ништо, твитер форевер.


15.Брак?

Не, благодарам.


16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе читаш по весници.





Прашања од @rnixn

1. Како изгледа да бидеш најпосакуваното суштество на твитер?

Рековме без претерување( си ме послушал). Да не ми си во кожата и во дм. 


2. А вон твитер?
Вон твитер е позабавно.


3. Кромид или буковец?
Со повеќе кромид и буковец.



Прашања од @Shkottt 


1. Што повеќе сака: шугар деди или срџан керим
Нели е тоа исто бе?


2. Дали милениумскиот крст на водно е крст на времето или просторот? 

Зошто На ова ќе ти одговорам со физичка формула за само ти да го знаеш одговорот. 

3.Љубов без секс. Да или не Да, секако. И обратно.

Friday, December 25, 2015

Твитер прашалник @pikabu00

Твитер прашалник @pikabu00


1.Име (ник ово оно)?
Кога дојдов беше Пикабу, после еден Јове од тука, оној со плавата врата почна да ме вика Пердуф... 

2.Висина и тежина?
Леле, морам да ги ѕирнам другите прашалници, да видам дали воопшто некој успеал да одговори духовито на ова. Скроз неспремна фатив со одговарање.
Ќе се вратам на ова.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Црна коса со бел корен!

4.Убав? (одговори со да или не)
Да бе, леле колку анкети лежат во овие прашањата, ама ај.

5.Зошто си на твитер?
Ми кочеше фејзбукот.
Зезам. Ги читав оние на тајм.мк со месеци дур ми текна да си направам профил за читање. МОЈОТ ПРОФИЛ БЕШЕ НАПРАВЕН СТРОГО ЗА ЧИТАЊЕ!

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ништо! Воопшто немав никакви чувства за пердувите. Ми дојде убава сликата и ја ставив. Сега ми е многу црно бела, ама ептен се приврзав некако и не би да должам на ова прашање.

7.Идеална врска за Вас?
Не верувам во идеални работи. Ама верувам во семејство.

8.Имаш можност за прв твит?
Не, не. Првиот ми е најјак! Не би го сменила за жива глава.


9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
На еден месец во Бразил. А би емигрирала во Лондон, само на слика да го видам и ме смирува.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ах... Сум живеела 35 без твитер... чекај сега, ова испадна тешкото прашање?

11.Верувате ли во реинкарнација?
Да! Имав другарка, што имаше другарка, што на времето (тоа времето без интернет) имаше книга, во која по датум можеше да се најде што си бил во минатиот живот. Астроном сум била. Од Австралија. Знам дека не е интересно.

12.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Кога би ја изгубила анонимноста... Ми е страв дека така твитер ќе ми стане фејзбук.

13.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе ги сменам у денари да личат повеќе!

Дополнителни Прашања
1.Ти воа озбилно  ?

Да! Е сега, кој прв рече ај на кафе е малку дискутабилно. Ама, да. Имаше викање на кафе и требаше да биде другарски :)

2. Копаш по твитер? Зошто?
Е тоа ми е уживањето! Почнав ради бегање од дневни теми кои се повторуваат во секој втор твит и налетав на богатство!

3. Те изненедуваат ли резултатите од анкетите што ги правиш?
Да. Страшно е колку сум лош прогнозер за моите анкети. Не е дека имаат некоја смисла, ама ете, се навлеков :)

4. Има ли убави твитеџии??? Кои се??
Оние позитивните :)


Thursday, December 24, 2015

Твитер прашалник @Tvitagora

Твитер прашалник @Tvitagora



1.Име (ник ово оно)?
Нешо као Питагора ама у твитер верзија

2.Висина и тежина?
Без скок го фаќам плафонот дома. У дискотека им служам како локатор кога некој од друшто не може да не најде. Тежок помалце од шо треба.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Смеѓа накај плава

4.Убав? (одговори со да или не)
Убав. Бар дома така ми викаат.

5.Зошто си на твитер?
За да се праам паметен ама слабо ми иде..

6.Шо преставува вашиот аватар?
Аватаров го вртам по профили уште од времето на HI 5

7.Идеална врска за Вас?
Да гледаме Црвена звезда заедно и да пиеме пиво.

8.Имаш можност за прв твит?
Кога играат педери жмурка викаат кур за мене кур за сите спас.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
На еден месец во Северна Кореа а би емигрирал во Русија

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе пишувам книга Глупостите на Твитагора

11.Твитер пред 2/3 години и сега?
До пред година дена беше супер сеа е океј али иде накај тапа

12.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Ако стане како фејсбук

13.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Со еден дел ќе купам од тие наочарите како на #ж све розово што гледаат. А со другите би го шетал светот.
                
Дополнителни Прашања
1.Кој графит би го напишал на ГТЦ?
Не би пишувал графити на ГТЦ, поубав е вака.

2.Последна прочитана книга?
Зоки поки

3.Постојат ли твитер симпатии?
Ваљда

4.Има ли Скопје доволно дрва
Нема ни за лек.

5. Кој ќе победи Лига на шампиони оваа година?
Барса.

Најдоброто од ТВИТЕР 2015