Monday, February 8, 2016

Твитер прашалник @TwinOfArabella

Твитер прашалник @TwinOfArabella



1.Име (ник ово оно)?
- Старо-римско женско име, шо у тоа време уствари било многу фенси.

2.Висина и тежина?
- Понекад закачувам завеси ама понекад не го докачувам третиот рафт у продавница; доволно тешка за да не одлетам од плочава (пошо, нели, рамна е Земјава, да).

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- Темноцрвена, исто ко карминот и лакот за нокти.

4.Убав? (одговори со да или не)
- Па секако дека не знам јас тоа.

5.Зошто си на твитер?
- За да ви ги поправам граматичките и правописните грешки и да ме мразите за тоа! А да, и успут знам понекој твит да пишам, колку да не сум без ич де.

6.Шо преставува вашиот аватар?
- А бе шо ви е, јас сум.

7.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- Еден месец во Лондон, на меден, се разбира во Лондон.

8.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Петиција за да се врати, секако. Инаку кого ќе поправам јас?!

9.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
- Компир, дефинитивно.

10.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
- Чајче, секако. Тамн на раат да си помуабетиме за тој одреден период од историјата.

11.Што би сменил на себе?
- Ништо, класика одговор.

12.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
- Прво ќе си изнакупам едно чудо книги и остали речници, а тоа шо ќе остане ќе раздавам наоколу.
  
Дополнителни Прашања

1.Зошто Наци Грамар?
- Ко прво грамар наци е (grammar Nazi* to be more precise), а ко второ е баш поради овакви грешки. Нц, нц, нц.

2.На кого од твитеров би му мавнале чврга?
- Вероватно на Ернесто, пошо он највише ме хејта коа го поравам.

3.Шо му фали на твитер?
- Појше луѓе со расположење у плус, а помалку со истото у минус. Исто, не хејтајте толку многу.

4.Шо е постаро јајцето или кокошката?
- Имам доказ дека е кокошката.

5.Со која песна би го опишала својот живот?

- Со било која песна од Arctic Monkeys или Northlane. Знам дека информацијава ви е од круцијално значење. ♥