Thursday, March 1, 2012

Македонски шуми Приказна за Македонскиот фудбал












Македонски шуми Приказна за Македонскиот фудбал


Никогаш не би пишувал за македонскиот фудбал, пошто такво нешто не постои, не дека не постои стварно ама навистина не е вреден за споменување, ама некој побара збир од синоќешните твитови на оваа тема (@MirkoSlav),па еве јас да го направам тоа.
Ова е нешто како вовед
Пред 8 години, пуштам CNN teletex прва вест (за на CNN да сте прва вест треба да е војна,катаклизма,катастрофа,) Историска победа на Андора во мечот со Македонија.

Според ова вчерашниот успех на Луксембург и не е некое изненадување, сепак тие имаат 3 или 4 победи од формирањето на сојузот. Шааала!!! Луксембург има многу победи еве неколку Франција во 1914 (5–4), Германија во 1939 (2–1), Мексико во 1969 (2–0) , Турција во 1979 (2–0), Белгија во 1945 (4–1), Авганистан (6–0) во1948.

Сепак Луксембург е пациент моментално и требаше да го прими,ако не беше 2 у 1 комбинација на нашите комарџии (фудбалери)

Еве ги и вашите твитови се извинувам што се без изворот, ќе се препознаете , ви БЛАГОДАРАМ на сите

Македонската репрезентација ти е 0.5 % талент, 19.5 % вода и 80 % струготина. #makfudbal

Добро бе а Новески колко годови има, нели е за у пензију

…..а бе види сега, ако има некои дрвени ордени #хорхе, зошто да не #makfudbal

Ај некој блогер нека собере #макфудбал #makfudbal утре и нека пушти да имаме збирно!

И после Ѕинго не чинел... #makfudbal #макфудбал Штета шо своевремено во хокејот не се замеша.

Бог да чува и Истатов да брани, нема шанси Луксембург да ни даде гол! #makfudbal

Абе дај да напраимо едну твитер Мактенштајн репрезентацију. Адвокати, доктори, цајкани (добро они не), стечајци, ја (у напад)#makfudbal

И прекинете да мрчите Луксембург не биле професионалци. Капитенот им има над 200 случаи добиено у адвокатска кариера#makfudbal

Кукаме беспарица, а сега троламе против репрезентација. Па они за наше добро изгубија бе, не се криви што не пишавме ливче...

Кој играч фали во Македонската Фудбалска Репрезентација !? - Пинокио. #цепанки

Викендов ќе идам у кафана, фудбалер ќе се напраам!

Македонски фудбалер на терен има повеќе шанси да фати мов него топка. #цепанки

Кога ќе се освестиме и ќе избереме селектор со завшен шумарски? #макфудбал

Новата химна на нашата фудбалска репрезентација наводно ќе била '' Чукни во дрво'' oд Леб и Сол. #макфудбал

Цел тим кошта колку левата копачка на Величе

Ако веќе ги нарекуваме фудбалерите дрва, тогаш Пандев е тужна врба. #макфудбал

ај ве молам немојте да ја хејтате македонскта фудбалска репрезентација. не можеме цело време да победуваме побогу!#макфудбал

Изгради пилана, триумфите сами ќе дојдат #макфудбал

Со Панорамскиот аЛтобус ќе поминат фудбалериве под Портата? Замислете Пандев да дава интервју на Македонски.#макфудбал

А бе изгради стадион, крсти го „Филип втори“, резултатите сами ќе си дојдат #МакФудбал