Sunday, January 27, 2013

Т.П @rnixn Никсон, Инц.

Твитер прашалник @rnixn Никсон, Инц.
1.Име (ник ово оно)?
Бифш Претцедател на Соединетите Американски Држави (- Тексас, + Порторико) во Оставка -  Никсон, Ричард, Инкорпорејтид. Човекот што ги извади Американците од Виетнам, а ги качи на Месечина. Which is good.

2.Висина и тежина?
Во мојот случај, поприкладно е ширина и должина. Два метра во минус.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Сребрена металик GTI

4.Убав? (одговори со да или не)
Да. Сонце!

5.Зошто си на твитер?
Имам мисија. Секогаш сум имал мисија. Моето име овде значи правда. Затоа овде и ме викаат Шејн!

6.Шо преставува вашиот аватар?
Спомени. Лоши спомени. Зборевме со Еразмо за тоа. (не Охридски, овој другиот). Пофалба на лудоста.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да. И не е карирана, пепито е.

8.Вашето прво искуство?
Го знаеш тоа второто? Исто, само ова беше претходно!

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би отишол секаде каде што не сум бил до сега. На меден месец више не ми се оди. Доста ми е.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?.
Исто како и до сега, ништо. Ни на Љубе не сме му носеле пита и цигари, нема ни на овој.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Тутун. Тутун е мојот омилен зеленчук, а и даваат субвенции. Френк Запа ме просветли по ова прашање.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Само за тоа ми е криво. Не се видов со Ацета пред тргање, а тогаш немавме телефони. Еве сега му порачувам, пошто тогаш закаснив: НЕ ДЕСНО, БУДАЛО! ЛЕВО!!! ЛЕВО, ГЛЕДАЈ КАРТА!!!

Прашања од @BatmanSaysT
1.Според твојте узанија, што е побрзо или воз?
Или е побрзо. Или не е.

2.Откако разбивме трема со првото прашање, кажи ми што би сакал да те прашам во второто прашање?
Одма знам шо ќе прашаш, зошо Никсон. Те знам ја. Одговорот е кај кумот. Кумот ми е улаф, затоа.


3.„Зошто баш Никсон“ е сувопарно прашање. Ќе го суштинизирам: Зошто не Клинтон кој се покажа како далеку поголема фаца од Дик Никсон? Зарем толку многу сакаш успешен имПичмент?
ИмПичмент е јака сила. Слаба нуклеарна, јака нуклеарна, па имПичмент. Војни се воделе за тоа. Од сите овде, #форевералоун, имПичмент мене ми припаѓа, дека ја сум Шејн! А не ко оној пичментон Клинтон шо мораше да се вади на пушење, да не го избркаат и од дома и од канцеларија. Вошкар.

4.Вистина ли е дека ти си автор на изјавата „Жено, буди се, дојде Бетмен, ми треба прекривач!“ дадена во 02:34 сабајле во топлината на твојот дом? Дали е точно дека твојот пес-чувар Лаки не ти правеше муабет 3 дена после овој инцидент?! Каде е, што прави Лаки денес? Како се осеќа поради тоа?
Вистина е, дури и во печат ја имаше таа изјава, во интервју со некоја опскурна личност. Јас лично на таа изјава не се сеќавам, ама добро се сеќава жена ми. Која во оваа прилика сакам да ја поздравам и да и се заблагодарам дека уште е со мене, а воедно и да ѝ изразам и сочувство. Ова последново дека според зборовите на Трендо, ако ова него му се случело, од неговата како одговор на ваква изјава би добил само два телефонски броја: од психијатар и од адвокат.

Инаку Лаки е добро, фаланапрашање. За разлика од неговиот газда, сеуште го интересираат само кучки.

5.Имаш многу убава седа коса. Зошто коренот го фарбаш црн?
Мојата не е седа, млечна е. Кај и да е, ќе ми никне трајна. Затоа црниот корен.

6.Што мислиш за правата на жената во една твитер-заедница? Дали треба да се воведе твитер кујна и зошто не? Што би им готвел на твоите сакани на твитер?
Жената на твитер, како и во секоја друга заедница, треба да ги ужива сите права. Право на глас. Само да не го користи често, Усул овде сите добро го знаеме. Пошто се договоривме за Жената, другите жени се задоволени, еве имаат претставник. Па не може сите! Во твитер-кујна редовно готвам интриги, добар сум во тоа.

7. Што мислиш, дали ти оставив една капка од ракијата меѓу блиските позната како „Иџовача“?
Знам дека да. Исто ги знам и последиците ако не. Исто ги знае и модераторот на овој блог. Никаде не одам без план „Б“. Обично одам без план.

8.Где иде Миле и зошто баш Лајковачком пругом? Зашто не Фејвовачким путем? Ретвитачком мосту? Кој е Миле, што работи и зошто му гори цигара?!
„Лајковачка пруга“ е патот од било која точка на планетава до Лајка. Што е кафана, а не вселенска кучка. А Миле е измислен лик, и тоа од Салвадор Дали химселф! Буњуел го има снимено прв како оди, а после го ставиле во песна напишана како манифест на надреализмот, со легендарната цигара. Дека така.

9.(намиг). Објасни.
(намиг) Нема.

10.Зошто Галичник не е држава како Вевчани?
Е на шо би личело тоа? Секое племе своја држава? Ние секојпат сме гледале кон пошироки хоризонти, дека качени на планина!

11.Не е до тебе, не е ни до мене. До кого е?
Луѓе по кафани дипломирале на оваа тема, апсолвирана е. После доволно долг период, се знае: докурца е!

12.Ти си бил жив кога ја делеле Македонија. Кој рече тогаш во Букурешт „абе стави го и Тасос во Грчка“, да му се наебаме сто мајки? Каде е денес Гоце Делчев? Кој го уби Пол Макартни?
Заебано прашање. Малкумина знаат дека лично ја сум крив. Седиме со Јаја Паша, Амди Паша, Бајрам Паша и Узун Бела Марие на Димково Сокаче во Солун (денешен Цимиски, грците не можат да кажат збор што почнува со „Д“ – „да“, на пример) се преговараме и пиеме она што го знаете денес како Кока Кола. Ја викам: „Абе како ќе си одите?“ – „Не знам, у пичку,“ вика Амди, „бродови немаме, да ви ебам ова вашите ѓемиџии!“ Зли времиња беа тоа, Гоце утепан, Јане, Даме, Никола, сите предадени, Шатев семки продаваше (а денес Институт, еј!!) проблем невиден, а грци идат. Дига глава Јаја, многу му беше благо ракииче, и вика – Ја знам! –„ Шо па ТИ знаеш, ебате, ајде спиј таму!“ му викам, а тој се дере: -„Знам, бе, знам како! Преку ТАСОС!!“ И така ја ебавме работата.

П.С. Ова со Пол не знам, ама не е на арно, ми спомнаа некоја со дрвена нога. Ќе се јавам да прашам.

13. Дали те знаат од дома?
Истото што му го одговори Тито на Сталин ’48-ма: Дефинитивно НЕ! J

Екстра прашања
1.Сепаре ,маса или коњопој?
Шанк, дефинитивно. На шанк се знае ред. Кој дужи лева страна, кој десна, како шанкер команда со ситуацијата, све. Во последно време, откако донесоа извесен закон за пушење, и шанкот стана влашки, пошто гледаш, а не пипаш. Така да резервна варијанта е коњопој у бафча, како што се вика тротоарот пред Лајка. Садиме патлиџани на бехатонот. За сепаре не сакам ни да дискутирам, срамота!!

2.Каа постар (поискусен) шо нема да му препорачате на младите?
Писмо. Никогаш нема да препорачам писмо никому! Ако добиете препорачано писмо, знајте, внатре нема тестамент од некоја заборавена баба од Тексас или Аризона. Такво писмо праќаат судови, извршители и телекомуникациони компании. Гледај само какво му е турското име: катил-ферман! Одвратно.

И на крај, да кажам нешто без да бидам прашан. Ја делам скорешната фасцинација на Бетменишчено, а и џентлмен сум. А и ми остави аманет. Аманетот тригодишен / две јаболка ѓулабии / ни од ветар повеани / ни од сонце огреани. Enter: @mnogufina!
#цицки!