Thursday, January 24, 2013

Твитер прашалник @VlatkoVasilj

Твитер прашалник @VlatkoVasilj 


1. Име (ник ово оно)?
VlatkoVasilj слеано.

2. Висина и тежина?
Што, одело да не ми шиеш?!

3. Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Костенликава. Од секад сум сакал да го употребам овој збор. Констенликава, не кафена или кафејава. КОСТЕНЛИКАВА!

4. Убав? (одговори со да или не)
Колку што и ружен.

5. Зошто си на твитер?
Па и немам друг живот... освен жена, дете, две работни места, кирија, полиција, пријатели на гости, мајка, стрина и тетка на кафе.

6. Шо преставува вашиот аватар?
Шериф.

7. Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Што е ова со прашањава бе? Се обидуваш да ми навлезеш во приватноста? Што е фората? Некоја неготинска фора е? Што е? Објасни.. Не ќути. Објасни..? Нешто интересно треба да биде со откривање на мојата приватност? Што треба? А и ова прашалникот. Што ти е идејата? Поише да не хејтаат сега? Демек еве ги овие влијателните си праат прашалници а нас обичните никој ништо не не прашува? И зашто кај тебе на блог? Па ти не доби блог на годината па да се правиш тука некој и нешто? Што ти е фората бе? Навистина понекад не ве разбирам вас твитерџиите. Стварно знаете да ја злоупотребите влијателноста дадена од народот. Сеа демек посети ќе лапаш и после ќе идеш у вмро и ќе бараш пари за реклами да им пушташ. Знам како иде тоа, сум видел по интернет. Знам, не ми врти очи. Што вртиш очи? Што тогаш бе праша за овој прашалник. Усвари не ме ни праша бе. Николич у ниедно време на скајп ми прати прашања вика „ај брат за атер на заедницата одговори на прашањата. Ми викаат овие Сулимановиќ и Гас Маска ти си једини што ќе го спасиш прашалникот.“ Чекај бе човек? Што јас да спасувам? Кој сум јас? Бетмен ли сум? Што ви е на вас со вие прашалници? А што се деси со оној прашалникот од пописот. Па и тие вака миљон нелогични прашања ми поставија и на крај си лапнаа парите а све пропадна. Јас за џабе дома ден губев, одговарав. Па и учтив со сите. Озбилно не ве разбирам понекогаш. Твитерџии бе. Секташи. Да и убаво викаат старите. Што и да правиш, само глеј детето твитерџија да не ти стане. Од компјутер нема да стане, а после ќе сакаш у автобус да ти стане. Него до кај бев? Дали сум во врска? Да сум, женет сум.

8. Вашето прво искуство?
Невиноста.

9. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На месец би отишол во Израел. На меден, во Мека.

10. Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Кој да го затвори?! Кој?

11. Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Дајкон. dai (што значи голем) и kon (што значи корен), што во буквален превод значи „голем корен“.

12. Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Такси. И среќен роденден, Кројан Бојан!

Прашања од @Martin_Nikolic

13. Кажи ни нешто повеќе за твоите бркови. Зошто баш бркови и како ги негуваш за да бидат во топ форма?
Дедо ми викаше: Држава не се гради без брк, тоа е народен аманет.

14. Во последно време сеповеќе на Фејсбук, а се помалку на твитер. Зошто?
По платено е а и Твитер стана многу СУЕТЕР.

15. Како се справуваш со својата влијателност? Како реагираш кога некој ќе те препознае на улица?
Се правам дека не се познавам.

16. Кога би бил вазна, во кој дел од домот би сакал да бидеш? (наведи една соба и образложи зошто баш таа)
Кога би бил вазна, јебеш место кај и да бидеш. Вазна си.

17. „Јувентус има 30 скудета“ – кој е твојот став околу ова тврдење?
Еднаш лопов, цел живот 30 украдени скудета!

18. Што би им порачал на новите и помлади твитерџии? Со каков совет ќе им го олесниш патот до влијателноста?
Не зимајте дрога по која ќе би се зацрвенуваат очите. И твитајте повеќе а понеквалитетно. А да, и.. И немој да мислите дека јас сум оној кој дава титули на твитер, јас сум оној кој ги кине лажните! Затоа..затоа..затоа... не гледајте Сител!

И прашалникот го префрлам на @BatmanSaysT. Зш? Зш така требит!