Sunday, February 24, 2013

Твитер прашалник @jocoska

Твитер прашалник @jocoska


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Правец во музиката – три букви, хоризонтално. Мој омилен. Го надоврзуваш како суфикс на надимак и добиваш ник со кој наивните твитерџии (кхм..) можат да се прелажат дека е презиме на твитерџика. Дотолку позабавно. Во последно време сменив име во ЈоцЕ пошто, нели, јасно а?

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Се жалат твитерџии понекад 140 карактери им се малку, јас тврдам дека тоа е солидна шизофренија.

3.Зошто си на твитер?
Го сметав за технолошки закржлавено братче на Фејзбук со посебни потреби. За (не)среќа, поводлив по природа - ме убедија... 

4.Шо преставува вашиот аватар?
Прво, да се разбереме - Брус Ли е Наџак, Фотошоп ми е љубов и проклетство, а gif анимацијата е омаж на 8-битни игрици од 80ти и 90ти, (‘начи од мое време). Инаку, #труСтори, фотката од аватарот е сликана во зграда на Влада на РМ, ЦеКа, Извршен совет каде јас некое време шљакав нешо Европа, сајтове и нешто пообемни прашалници од овој. We worked hard, we danced harder, шодаречам

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Имав account одамна, ама како лани да беше, @imanolev и @JankoL ми викаа „дој, ќе ти легне Твитер “. Засега сум благодарен. За воља на вистината (и сериозна нота на муабетов)  #протестирам беше одлучувачки фактор.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
„Денес (датум), во рамки на домот беше извршено свечено отварање на Твитер акаунт. Лентата ја исече (рандом_политичар) и веднаш нарача паралелна архива за лична употреба.“

7.Вашето второ искуство?
Прво искуство – Германец, не многу развиен, ама тогаш многу ме правеше среќен. Schneider CPC 464. Со касетофон од страна. Вторите не се памтат.

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец скриен од цел свет у скривница попут Родни кога бегаше у 'Only Fools&Horses', епизода Wanted. Пошто не живеам у зграда, може у ваша? Ама да не ме пријавувате ако ви засмрди од вентилација. Инаку, доцна ми е за меден месец, а рано за да се врзуваме.

9.Брак?
Имам,  благодарам... Од овие среќниве... Зашо прашуваш, Лоба да не се интересирала...

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Еж. Животно – филозофија само по себе. Не се ни зезам на темата.

Дополнителни прашања
1.Кај за мајот ?
Ме погоди. Природата ми е љубов голема, а зимските се месеци тажни, тмурни и скапи за огрев. (ти да скапеш за огрев!). Се спремам уште од сега, од два каиша еден праам, ја подмачкувам трубата и вежбам сплет од народни игри и Данци.  Децава ги тренирам по дома како да донесат пиво од кладенец. Им мерам време, а жена ми се нервира дека полна кадата со шишиња пиво, не можела да пере... Се зезам, богати сме, машина имаме... Whirpool - предно пунење.

2.Шо би сменил на себе?
Ако е ова нешто за чорапите, не е смешно, сите шарени чорапи со Simpsons мотиви се 40% полиестер, си повлеквит... А бели не носам, бе!

3.Каде би емигрирал?
Јапонија или Марс. Стално ги мешам.

4.У кој кафиќи искачаш?
Кафе Браво -ТЦ Буњаковец, втор спрат. Младост оставив таму, сега оставам средовечност, само пијачка недопиена не оставам... Паралелен универзум во најпозитивна смисла на зборот, повелеЈте .


Прашања од @toVornottoV

1.          Колку ти плати Драган Вучиќ за да му го работаш PRот? Признај!
Тоа се шпекулации кои не би сакал да ги коментирам. Само ќе речам дека таа тетката шо ќе победи на квизот на познавање на турски серии наредниот месец не ми е вујна Билјана, наставничка од Прилеп (еј какви сармичиНа прави, мф, мф, мф...).

2.          Дали и колку твитерџие не те заследуаа пошто мисља дека у позадина на аватарот ти е логото на ДПМНЕ?
TO ODZADI E ZNAMETO NASE PODNAPRAENO VOTOSHOP, A TO OKOTO TVOJE SO TI GLEDAT LAVOJ E USTE POPATRIOCKI BRATU. OK POZZ.
Инаку у „народна“  на времето имаше правило – „нема со криви очи“- демек не смее  да гледаш у еден, а мааш у друг со топката. За твитер никој не ми кажал дека нема криви очи, а сега веќе нема ни „народна“ ни „Граѓански“.
3.          Дали после твитот за Девојката со тетоважа на Драган се осеќаш као суперстар?
Цукерберг прати некоја икебана,  картичка нешто „фала за промоцијата на Фејсбук како канал... дрн-дрн... “ Колачињата не им беа лоши, мада по дефаулт бришам колачиња... Иначе #СуперстарСи кога имаш 36 години на Твитер. Туку глејте тегнете тоа факултетите, пошто после ем нема работа, eм ако има, цело време ќе киснеш на Тви... кхм, бриши, бриши тоа последното.....

4.          Ти си еден од најбољите тролои на ТЛ, која е твојата тајна?
Меријам-Вебстер речникот вели дека 'тролање' е 'фузија на цинизам, интелигенција и презир како возвишена форма на општествена критика'... Ве тролам, ништо не пишува, има само слика од @Martin_Nikolic.

5.          Уште немаш 1000, што побогу чекаш чуек? [ОВА Е МЕСТО ЗА ТВОЈАТА РЕКЛАМА]
Големи цифри се за у исплатно ливче од кладилница, за резултати од попис, за рејтинг на политичари, кошаркари, кечери ;) Ако ме следите (внимателно) ќе знаете дека ајдонгивашит за ништо од ова. Освен за кечери, нормално, сѐ би дал да гледам кечерски меч во она кружното на плоштад...

Следен: @Jane_Sk