Monday, February 18, 2013

Твитер прашалник @Kopriva


Твитер прашалник @Kopriva


1. Име (се мислеше ли за никот)?
- Пред многу години, села, планини и долини, 8 мориња и 3 езера (едното ќе има и аеродромска писта (пукнете скопјанчишта)) некаде далечната 2007 @nasty_talk ме зарази со блогирање, па почнав да праам блог и ептен се мислев шо име ќе стаам. Нести ми даде генијален предлог да се викам Срча, али пошо од мали нозе тролот во мене удобно растеше и се развиваше, а коприва како растение исто така расте, се развива, пришти и прави пликови, беше разумен избор. За жал, неколку години подоцна видов за што се се користи коприва и се покајав: http://news.bme.com/2006/11/17/thats-going-to-be-sore-in-the-morning/

2. Опишете се (макс 140 нели)?
- Леп, згодан и неопходан. (не успеав да најдам поголемо клише од ова, а се трудев)

3. Зошто си на твитер?
- Уше од мали нозе имав предиспозиции за нервирање на други луѓе, понекогаш и со самата моја појава. А зашо па и на твитер да не ги нервирам самобендисаните егоманијаци? J

4. Шо преставува вашиот аватар?
- Мојот аватар претставува секодневен потсетник на мојата раскошна убавина. Се шалам. Тоа е некој глумец од некоја турска серија. Глуми богаташ и во него се заљубуе слугинката и откако ќе напраат две деца сфаќаат дека му е сестра и дека децата уствари не се негови, него таа се ковала со брат му, али на крај пак е инцест, плус мајка му не му е мајка, него маќеа, а нејзиниот татко бил робовласник кој шо аслдхфгкаетхгфбалкгл... Интернал ерор! Јузер троуинг ап.

5. Кој ве донесе на твитери дали ве за*ба со тоа?
- Зошто ѕвездичка на заеба? Заебуење е многу фин и, да не речам, клучен збор во нашиот секодјевен говор и да се стави ѕвездичка на истиот е ко да ставиш ѕвездичка на пал*чинка. Башка, сеа на твитер, шо поише користиш пцости и вулгаризми тоа си по андерграунд. Па уште ако си женско, пффффф лапаш фолоуере ко Велија години у ќорка или ко менаџер на дискотека пичиња. Иначе сам си се донесов на твитер. J

6. Ова ви е прв твит( ај да видиме,шо ќе твитните)?
- Фејсбук рулз!

7. Вашето прво искуство?
- Кој вика дека увек се памти првото искуство? Еве ја на пример ич не го памтам првото. Ни второто. Трето? Па твитерџија сум, сто му громова!

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- Кој ин деир рајт мајнд би сакал да излезе од оваа држава? Економијата ни цвета, за демократијата ни позавидуваат и америте, новинарите се заштитен вид, понезависно судство нема ни Финска (иако се фини), поефикасна полиција нема ни Кина, поголеми и погламурозни споменици нема ни Северна Кореја.
На еден месец на Шапка, на меден во Охрид! #акосиботбидипатриот

9. Дали верувате?
- А кој не веруе у себе? Ако ме прашуеш за некои supreme beings Џорџ Карлин го знае одговорот. Со видеово го поздравуем мојот брадр ин армс @angelov480048 



10. Ако реинкарнирате во животно , кој би сакале да е?
- Блобфиш (види слика 1.). Секој коментар е извишен и секоја сличност со мене е случајна. Можда на ова мислел Ѓоко Танески со она Ај фил лајк а фиш. Блобфиш!

Сл1. Ја коа сум тужен
Прашања за @kopriva од Џиги...
1.Зошто од коа стана “влијателен“, престана да ги тролаш влијателните?
- Влијателност на твитер е илузорна појава, затоа ми е интересна тема за тролање. Башка у последно време ми праат конкуренција влијателните, сами себе си се тролаат (автотролање). Како пример, еве еден цитат од @necovski (цитатот изваден од видеото подолу): Педер, кој доаѓа нов на твитер, мене прв почнуе да ме следи, шо ти е на тебе?


2.Која е тајната на твојот успех во дуелите со @sead93 на NBA2K?
- Сеад има краток фитиљ за гејминг, затоа у прва четвртина му рокаш 7-8 тројки, го вадиш од такт со исти финтици и дриблинзи овр енд овр аген и после го остааш сам себе да го убие.

3.Дали конечно го научи Чаир, и зашто не?
- Секој човек се раѓа со компас и саат у глаа. Тие му помагаат да се ориентира во простор и време. Мојот компас, за жал, е непоправливо расипан. @darjanr знае за шо зборам.

4.Кај го калеше твојот неприкосновен косовски шут, и од кај толкав одраз?
-  Шутот се калеше низ сите територии на бивша Југославија а одразот се калеше од играње баскет по мински полиња. Такви беа времињата. А ако не скокнеш доволно високо... (коа стаам три точки на крај на реченица умираат десетина неурони во мојот мозок)

5.Коа ќе ми ги вратиш филмовите со педерите?
-  А бе цело време ме мешаш со @SkDeeyasporah, кај него ти се тие со педерите, пошо у Њемачка легализирале бракови па да се извежба за прва брачна ноќ. Мене си ми го дал тие со транвеститите, ама само едното ЦД сум го изглеал. Ако сакаш ќе ти ги вратам. Иам и некои нови на кои дури и #БилиЅвер би ми позавидел, поише инфо ќе ти пратам у ДМ.

Дополнителни прашања
1.Твитер симпатија?
- Еве ја користам оваа прилика и овој твитер прашалник на Иџи да ја запросам @dr_ayla за жена, пошо сеа се ин јавните запросуења. Додека го пишував ова ми се јавиа @dzigi7, @darko156 и @MakNBA и ми кажаа да не се будалам, рано ми било. Не се секирај @dr_ayla и онака никој осим тебе не ме сака. #foreveralonewithyou #романтичнапапучарскадуша

2.ЛГБТ?
ШРФГ! Не ја сфаќам играта, си кажуеме рандом букви? ПЉЏЕ!

3.Омилен филм?
Секој филм е убав на свој начин. Трето полувреме и Монтевидео, Бог те видео на пример ми се убави на ист начин. Не знам зошто.

4.Кој е следен?
- Некрунисаниот трол над троловите, @angelov480048