Saturday, February 9, 2013

Твитер прашалник @LepotanSmotan

 Твитер прашалник @LepotanSmotan
 


1.Име (ник ово оно)?
Никот ми е ЛепотанСмотан. Се римуе као. Што знам, убаво така ми изгледаше, кога го пишував во план ми беше да го сменам покасно, ама кога дојде тоа покасно веќе беше касно.  А Халуциногенијалец е зошто кругот не е округол, времето не е линија, и не се живее еднаш, заеби YOLO.

2.Висина и тежина?
Па овака некако ако кажам x.xx m xx kg не е интересно, а и нејќам да ме ограничува бројка. Да кажеме повисок сум од тебе ако си девојка. А вие момци (и центарци и дромци), за вас шо е битно, кошарка не играм ради коленово. )= Тежина варијабилна но најчесто повеќе од доволна.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Боја е секако заебан концепт. Од кај да знам дали таа боја што за мене е зелена сите вие ја перцепирате ко зелена или на друг начин, ко љубичанствена или црвена или било која трета боја, дали ме разбираш? У секој случај, коса со боја од типот „потсеќа на плажа“ (сам ако не се самопромовирам кој ќе ме самопромовира така?) 
 
      4.Убав? (одговори со да или не)
Прашањево ако не е за мене правено ја не знам. Кога го видов прв пат си реков ја у овој прашалник ќе се појавам макар био последњи макар пре мене ботови одговарали и еве ми се оствари паралелограмот. Ќе го одговорам со реченицата што ми ја кажува другаров од Србија: много си губав.

5.Зошто си на твитер?
Ме повика една од двете нај#љубовни особи на твитер (според некои анЌети неам поИма), ИзабелаАндонова триаголникон. Ми рече дојди, добар ќе бидеш. Дојдов, добар сум. Вие како сте? (=

6.Шо преставува вашиот аватар?
Аватарот е Џони Браво во шмекерскa поза као talk to the hand cause I can't hear you over how fabulous my фризурица is ама тек сеа приметив дека има само четири прсти а-ла МиЌи Маус. Инаку сликата е во инверзно црно-бело, симболирајќи дека ја и Џони сме (ра)слични.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Врска не носам и не сум во врска, и неам врска дали тие две ствари се во узрочнопоследична врска. Во секој случај ако на првото прашање одговорот е не, нема што да биде карирано. Кари рано рани две кари граби. Мда.

8.Вашето прво искуство?
Прашањево е заебано сакам да кажам има две или повеќе значења кој како сака си го протумачи али (ми се чини?) сите до сеа збореа за секс така што јас ќе зборам за љубов. Ѝ ја дадов душава во свилен пехар, она пиеше додека сакаше, а кога ѝ здосади ја скрши од колено на милион делови. Сè уште ги собирам, ако видите некој стајте го у џеб ќе ми го дадете кога ќе се видиме.
 
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден во Амстердам, скоро бев на четири дена и се заљубив во архитектурата мајке ми. На меден месец би сакал во Америка ленд оф опортјунити да се прошетам со госпожата да видиме све од гран кењон до кулите близначки. Хех. Хех. Too soon? (=

П.С. лошата шала на страна, озбилно е одговорот ЈуЕсЕј, свашта нешто има таму!

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Твитер нема кој да го затвори дечкото е невин. „И њега ћемо да хапсимо а?“ Абе ШУ од тука бе да не станам вискршам, твитер ќе ми го затварале, после треба да трошам пари на психотепсија. Психомераклија. Психо. Терапија. Вотевер.
 
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Па ќе ти кажам кој НЕ би сакал да биде. Пашканат. Пошто пашканат does not пашка. ПашкаNOT. Така? Така?! Anyone? (=

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Би сакал да се сретам со Џим Морисон и да го носам на Psy Trance журка да му кажам брат ГЛЕДАЈ. Awesome, right? Не, али без зезање, Џим би откинал на рејв сигурно. Ќе порачаме по една-две капки и лудило зезање.

 
Прашања од @ortographia

1.Кој е Лепотан, а кој Смотан?
Ја мислев истиот се. Као нејќам да ги разграничувам пошто и онака сум веќе шизикфреничен, ама ајде, твитер-упитника ради:

Лепотан е тој што се гледа у прозорите на зградата покрај која проаѓа, а Смотан е оној што у тој момент со фаца мава у бандера пошто гледа у десно.

2.Образложи на тема Тренерка Стајл > гангам Стајл?
Кога гангам преферирам ненајавен да се појавам од шумица (shoutout до сите гејмери), а Гангнам Стајл доста му е миљарда прегледи остајте го на раат човекот. Иначе тренерка не е СТАЈЛ туку СТИЛ, у стилу влагам у продавница и тренерка steal си праам.

3.Која твитерџика ги заслужила твоите симпатии?
Која НЕ? (= Ама некако највеќе од сите, моите симпатии ги заслужува мојата  твитер симпатија која.

 4.  Сега без лажење, кажи јавно која е твојата Твитер Симпатија
..која не ми паѓа на памет да ви кажам која е. Она си знае дека ми е мила, не мора сите вие да знаете. Избегнување не се рачуна за лажење, така? #хехе dodged a bullet right there.

Дополнителни прашања

1.Скопје е .....(пополни)?
Скопје е ретко наш град, во кое сивилото може да се претвори во шаренило, а виножитото да стане сиво. Абе убав си е Скопје и ќе го сакаме каков и да е, тревата е демек секогаш позелена во комшискиот двор али да ти кажам сегде е иста тревата (тревата!), ти си тој што е различен.

2.На пуст остров со кого?
Прашањево е едно од најтешките прашања на свет, има толку комбинации што ми се врти у глава. Колкав е ко прво островот, ваљда не е ко оние од стрипче-карикатура у крстозбор, три квадрати земја и една палма? Таму џабе ми е, со што и да идам ќе се удавам. (= А на нормален пуст остров (со струја интернет и све) би однел ајпед (кој го немам али ќе направам од негде iPad стил), комплет алати, семки, и неколку твитерџии (а и повеќе твитерџики) за да ја изградиме повторно цивилизацијата.

 
За крај ќе си поставам сам на себе едно прашање:

420. Лепи дали имаш нешто да им порачаш на сите доволно луди да ти ги читаат     глупостиве од типот на „предугачок одговор и на најпросто прашање“? 
Аха, фала Смоки, добро прашање, инвентивно, „што ќе им порачаш на читателите?“. Се надевам не ти пукна некоја синапса од преголем напор додека го смислуваше. Да не должам: да, на сите што до тука стигнавте со читање ви порачувам по еден #ЌИС

Следен е @TomislavNaskov