Monday, February 4, 2013

Твитер прашалник @sead75 @sead93

Твитер прашалник @sead75 @sead93


   
1.Име (ник ово оно)?  
Имам два, @sead75 и @sead93. Имам уште некои на лагер, но тие се од оние "групњачките", за организација, проект, и слично. За тоа што имам два лични твитер налога не е точно дека сум бил инспириран од Мелита и Маја Синадиновска, кои имаат по неколку профили на Фејбзбук, стварно нема врска. Хахаха, мислам глупости, кој би бил инспириран во нешто од Мелита и Маја, камон...Ок, можеби малку, онака потсвесно. Ок, може и не е потсвесно, ама стварно нема врска...Добро, признавам, посакувам да бидам маче во скутот на Мелита.
2.Висина и тежина?
Тежина, ги исполнувам ИСО стандардите за нинџа. Висина, висок сум две и пол нониња.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Ќумур.
4.Убав? (одговори со да или не)
Мајка ми вели да.
5.Зошто си на твитер?
Ме навлекоа другари. И потоа, приказната беше Once you tweet, you can't quit.
6.Што преставува вашиот аватар.
Нинџа. У суштина сите мислат дека се зезаме со ова нинџа, нинџа не се кажуе, нинџа ќе те изеде ако го видиш и  слични муабети. Се работи за нинџасепшн: што ако си нинџа, кој јавно се декларира дека е нинџа, ама никој не му верува дека е нинџа и мисли дека се зеза. Совршена маска.
7. Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да, со Близу. Многу нестабилна врска. Се караме постојано, мe вади од памет. Имам нешто и на страна, мобинет, ок е, ме задоволува.
8.Вашето прво искуство?
Прво искуство ми беше кога како мал брцнав прст во штекер, ама не осетив електричен оргазам. Се разочарав, мислев дека е нешто до мене.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец?
Во Македонија од вестите на МТВ.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе отвориме Фејзбук група, најдоброто од Твитер. Што, има таква група? Тоооо!
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Рен и да се викам Оли.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Марко Цепенков. Би му кажал, крадеш туѓи пословици, гатанки и брзозборки, а?!?? Гарант денес би се отепувал од крадење твитови.

Прашања од @darko156
1. Зошто Парис Хилтон? Зошто? Ама искрено, зоооошто?
Мелита, Маја Синадиновска, Парис Хилтон...Они плави, јас црн, они убави, ја ружен, они малку спори, ја со ајкју ко за советник, може не у Здравство, ама во Министерство за земјоделство, глатко...Спротивностите се привлекуваат, нема друго.

2. Колку пари му зимаш на @dzigi7 кога ти ги краде твитовите?
Не ми ги краде, му давам да ги рециклира, да ги врати малку на сцена, се е тоа братски координиран пиар.
3. Вистина ли е дека 93 и 75 се комплетно идентични бројки?
Може и да се. Во основно најмногу имав проблеми со два предмети: математика.
4. Колку има вистина во гласините дека Семос ќе те учеле да работиш Фотошоп за да правиш повеќе и подобри монтажи за на FB?
Ма каков Фотошоп, се што ти треба има во MS Paint. Тоа е хардкорот, лесно е со фотошоп.
5. Навистина имаш дома 17 пиплметри и заради тебе цела МК во просек гледа 8+ саати телевизија дневно?
Тоа се шпекулации, ја сиромашкиот дома не можам на ред да дојдам, затоа и најмногу твитам во прајмтајм.
6. За крај едно озбилно. Книга?
Работам на случајот.

Дополнителни прашања?
1.На коа страна ги чешлаш шишките?
Кога на власт е десница, на лево, кога на власт е левица, на десно.
2.Не дека ти не си млад али шо би им порачал на младите?
Не ја напуштајте Македонија, тука е хардкорот, запад из фор сисис. 

Прашалникот оди кај @apostolov80