Friday, March 8, 2013

Твитер прашалник @ElenkAIX


Твитер прашалник @ElenkAIX


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Тоа е комбинација од име, презиме и омилена римска бројка.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Јас сум понекогаш цвеќе, понекогаш овца, а не толку често славејче, многу често верверичка и kinder surprise.

3.Зошто си на твитер?
За да се смеам, а се смеам бајаги. За да ги пуштам мислите, за да понајдат нечии други, рандом залутани мисли кои не се made in China.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Тоа сум јас и моите „тегли“. Ако се решам да носам леќи, нив ќе ги употребам за чување на слатко од вишни.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Ме донесе еден ветар кој дува од источен правец. Уствари тоа беше ураган :)

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Вие убави и среќни луѓе бидете шарени како виножитото и нека скитаат вашите мисли без мапа и правила во оваа какафонија.

7.Каде сте родени?
Во градот кој некогаш имаше микро клима. Во градот со повикувачки број 02.

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Јас 30 дена заглавена во едно место тешко дека ќе издржам. А на меден на некоја планина, и по цели денови мед да сркам :)

9.Брак?
Во таа институција немам намера набрзо да влезам.
10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е? 
Верверичка.

Дополнителни прашања
1.Каде доручкуваш?
Доручкувам на ручек.

2.Зошто слонот се плаши од глушец?
Затоа што секој се плаши од нешто!

3.Кој е најстар на твитер?
Па сигурно е  Jack Dorsey

4.Омилена пијачка? 
Пиво и  вода од планински извор! 



Од @spiinoza 

1.На што прво помислуваш сабајлечки која ќе станеш?
Има ли сонце? Овошје. Кафе.

2.Кој е твојот „супер херој“? 
Малиот Принц!

3.Што за тебе претставува „ќеса полна среќа“?
Ќеса во која се спакувани разни мириси, вкусни колачи, моите луѓе, чист воздух, планински чај, убава шарена музика, кристално чист поглед, очи кои се смеат, квалитетни разговори, тивки утра, сончеви денови, изгрејсонца.....

4.Омилен стих од песна, или некоја фраза од книга?
Има еден куп! Ама една секој ден ми се мота низ глава: “It is only with the heart that one can see rightly. What is essential is invisible to the eye!”

5.Кога би тргнала на пат до крајот на светот што и кого би понела со себе?
Би тргнала уште веднаш. Мал куфер и мапа, ќе ја понесам и @spiinoza со мене  и ќе  читаме приказни од очите на луѓето што живеат на различни меридијани на оваа топка што кружи околусонцето.

6. Дефинирај совршен ден. 
Совршен ден е оној со многу адреналин, кога со уште некои драги луѓе ќе го поминам во воздух, летајќи со параглајдер.