Tuesday, July 2, 2013

Т.П @Art1ficialB

Твитер Прашалник @Art1ficialB 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Мило ми е, Мона, СИмона. А инаку на времето, бившиот ми го стави.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Една мала плава. Сосем доволно.

3. Зошто си на твитер?
Не знам да се социјализирам со луѓе, па психијатарот ми рече: отвори си твитер за да се подобриш на тоа поле. И еве, добро ми оди сега за сега.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Блондинка, како ја. Али вештачка, да нема забуни.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Психијатарот, тој е крив за се, ама затоа пак и ја имам многу луѓе за*бано... L

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Мејдеј, мејдеј, дали се читаме? Оувр.

7. Каде сте родени?
На дивиот запад.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Сакам да ја прошетам Европа со воз на еден месец, да направам една авантура за да имам што да им раскажувам на внуците, а на меден че го носим негде кај што има плажа, море и журки. Да се изжурка за последно.

9. Брак?
Ајде бе. Може. Има да напраам таква свадба, сите ќе ве испоканам, ќе се направиме пичвајз. Ама никој не ме зема за жена, тоа е проблемот. А колку добра сопруга ќе бидам, прочитавте погоре.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Зошто побогу ја да реинкарнирам во животно, зошто животното не реинкарнира во мене? Се шалам, веројатно во мачка пошо карактерно сме исти, мрзи, лижачи само коа ни треба нешо, итри и снаодливи ;)


Прашања од @m1ssy
1.Како е правилно – Кичево или КичеА?
Кичево, Кичаа, ама во никој случај КичеА. Nor Крчове. L

2.Ка Тито, ка Хитлер чоек се раѓа, или не?
Како не, еве јас, мешавина од двајцата.

3.Кој прв започна љубов да води? И колку лица страдаа?
Во далечната 1903, во тоа летно попладне, еден поглед и магија се стори, многу души страдаа и болна беше глетката. Уште последици имаме, еве.

4.ПрашањеЗаЕкстерно. Лицето со иницијали А.Б. од градот В. е
а) А
б) Б
в) В
Мој конечен одговор е г). Шо добив? Машина за перење од Нептун?

5.Зашо во Кичеа има најјак бурек и дали Јанко има јадено бурек во Кичеа?
Значи не е само бурекот. Дали има на овој бели свет, поубаво девојче од Кичевчанче? Не знам за Јанко, ама кај нас си има Јади бурек кај Кепа. Пукнете!

6.Кај сакаш да одиш на еден ден, а каде на меден ден?
На еден ден, идам кај тебе Миси, спреми си се. А секој ден со „него“ ми е меден ден, било каде, меден е секаде!
   
7.Еве едно трик прашање: Имаш 3 телефони... Едн... Чекај, чекај, од каде тебе 3 телефони?? Кому му ги украде? И дали дозна кој тебе ти го украде телефонот?
Кој краде: тој лаже, има три телефони и е политичар.  Миси бе, немој да ми отвараш стари рани. Рацете да му се исушат на тој што брцна во мојата чанта.