Wednesday, September 25, 2013

Твитер Прашалник @EStavrevska


Твитер Прашалник  @EStavrevska 


1.Име (ник ово оно)?
- Скратена верзија на името, плус презиме. Ако веќе споделувам ставови, сметам дека е важно да се знае кој стои зад нив, сосе последиците и придобивките од тоа.

2.Висина и тежина?
- Пониска отколку што твитам, потешка отколку што изгледам.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- __________________________*

*солидарност со ќелавите!

4.Убав? (одговори со да или не)
- Убавината зависи од субјектот, не објектот.

5.Зошто си на твитер?
- Прво го користев за поврзување со колеги од академија, за од декември-јануари да почнам да читам и македонски твитерџии и со тек на време да почнам да твитам речиси целосно на македонски. Во принцип, првенствено го гледав твитер како извор на информации, а после стана и многу други нешта. Ова го вклучува и дијаспорскиот елемент, кога твитер ми помага да не станам мрзелива во користењето на македонскиот јазик. И да, вистина е, на твитер сум за да ја раширам информацијата дека нилскиот коњ има розово млеко.

6.Шо преставува вашиот аватар?
- Спомени од летување и желба пак да ми биде толку убаво.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
- Во многу врски сум и сите се шарени. За волја на вистината, ги избегнувам оние со лотоси.

8.Вашето прво искуство?
- “Прво искуство” е оксиморон.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- Ех, што се месец дена? Да се барем неколку, би отишла на југот на Куба, да вежбам шпански и да учам румба и салса, или во Пондичери во Индија да мудрувам со студенти од јужна Азија. А само на месец дена, веројатно во куќата на баба ми и дедо ми во Јабланица, далеку од цивилизација, со него и со многу книги што сега ги оставам за кога ќе имам време. Исто и за меден.


10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Ќе се најде друга гранка или жица за гракање и исправање криви дрини.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
- Краставица. Освежува и зближува.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
- На Мајкл Џексон, “докторот е апаш, пази се!”, на Џек Даниелс, Џек со мед и “фала” и на Марија Кири, “заштити се!”.

 Прашања @JustPurpling            
1.Кога ќе се скрасиш на едно место во светов и каде?

- Зошто би се скрасувала на едно место кога можеш да комбинираш убавини од повеќе? Замисли да можеш да го бркаш летото околу планетата!

2.Што ти смета на Твитер?
А неговата добра страна?
- Ми смета злобата и некултурата. Ми смета и сајбер силеџиството и групното тролање на грешка на твитерџија. Како група средношколци кои шутираат некого кој веќе лежи на земја. Сосема непродуктивно искористена енергија и мозочни клетки. Ми сметаат и паралелните, изолирани дискусии на неистомислениците, што е само копија на сликата во општеството. Се блокираат оние со различни ставови или нивното мислење се делегитимизира преку етикетирање без грам размислување дека можеби аргументите се основани. Добрата страна, покрај информираноста за тековни настани, е што може многу да се научи. Има неколку твитерџии од кои речиси секојдневно учам по нешто ново, а има и такви кои и на најлошиот ден знаат да ме насмеат до солзи, разнежнат со некој твит или да ме натераат да размислувам за нешто што можеби несвесно го правам.

3.Како истражувач и наскоро доктор на науки, наоѓа време за Твитер?

- Твитер ми доаѓа како издувен вентил и често, во зависност од концентрацијата, како пауза меѓу продуктивни мини периоди и напишани/прочитани параграфи.

4.Што има повеќе во државава Евроскептици, или хеланки хејтери?
-
Тука се некаде, со таа разлика што првиве барем имаат какви-такви аргументи.

5.Твитерџии зборат дека си била пресмешна во живо. Ако отидеш на твитап со Македонија, што би и кажала?a
- Од кога им веруваме на твитерџии? Како доказ дека не сум смешна ги приложувам одговорите на прашалников. А и со твитерџии никогаш не знаеш дали се смеат или те исмеваат J На Македонија би и’ рекла: “Не си веќе тинејџерка, не се води од оваа изрека http://vukajlija.com/zivot-pocinje-u-tridesetoj/660312, туку бери умот (pun intended)”.