Monday, October 7, 2013

Твитер Прашалник @neko_e

 Твитер Прашалник @neko_e 


1.Име (ник ово оно)?
Елена. Shore од Alan Shore.
Со neko_e почнав на mIrc, и сите мислеа дека сум машко. „Neko е мачка на јапонски (пуста моја желба за учење странски јазици). Дека сакам мачки (и сите животинчиња), не дека сум мачка. Па полека neko почна да се провлекува во сите мои кориснички имиња.

2.Висина и тежина?
Многу. Со сон и полунамера да не биде бар едното така.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Досадна, без светли прамени, со бели влакна. Пуцвал.

4.Убав? (одговори со да или не)
(Ми кажале дека сум. Има и едно или две огледала што ми потврдиле. Треба да им верувам за да ми е полесно во животов.)...
- Да бе, што да не...

5.Зошто си на твитер?
Отворив многу одамна чисто за да го имам. Почнав да го користам кога почнаа протестите за Мартин (пошто не верував на вестите и порталите). Останав поради динамиката на споделување (интересни) информации и радоста што ја имаш кога ќе налеташ на истомисленици и го имаш она чувство на припадност. А сега мислам да се откажам и тешко ми оди тоа.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Причината за постоењето на универзумот - љубов. А има и мачка таму некаде.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Се откажав од карирано во четврто одделение.

8.Вашето прво искуство?
За чудо, убаво. Ама секое чудо за кратко време...

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Времето е илузија. Сакам цело време секаде. :)

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Да беше корумпирана земјава ќе потплатев некој да го отвори пак. Ама слушам по вести не била, па затоа - блог или јачање тестиси да кажам што мислам во очи. Не дека се изнакажав на твитер или на блог, ама ај...

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Маслинка. А може и рукола.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Полека со тоа егото, наебавме.



Прашања од @cecenik
1. Те остави ли универзумот со чувството дека сè ќе биде ок, дека нели фино го замоли?
Ме остави. Ќе ми се врати тоа со одмазда, знам, не пропушта нешто такво. За некоја година, кога ќе помислам дека работите конечно се средени...

2. План за наредниот живот, по своја кројка?
Без планови, само смирено, со повремено лудо уживање. Во сè. Ослободена од очекувања и од општествени бариери, кафези, манипулации.
А ако случајно пак завршам во овој паралелен универзум (упорна сум за непоправливи работи, може да се заебам пак) сакам да сум ко оние манипулативни кучки какви што не учат женските списанија да станеме. Тоа се бара тука.

3. Три убави збора за светов, имаш?
Љубов. Разбирање. Љубов. Тоа што знаеш дека го има кога ќе погалиш некое суштество за тебе неразбирливо, а толку блиско. Ко мачка ете. И куче... и ближниот што спие до тебе, кој и да е.

4. По прашањето на туѓо државјанство.. Каде?
Го правев тоа тестот што се моташе пред некоја недела по твитеров и знаев дека ќе ме однесе на север некаде, ама Исланд не го очекував. Сум станала пребирлива, не сакам кај што се снобови, не сакам кај што се затворени, не сакам кај што се отворени... Па ладно било, топло било, влажно било, немало кај да играат деца, фашисти се со комшиите, па што ја знам... Ко мислиш рајот сум го видела па сега не сакам што да е. А нема врска, само сум утопист без причина. Другар ми би рекол комунист, а јас пустата не знам дали да се срамам или да бегам од тоа. (Бранко стоп).

5. А где су мачке?
Во мене, во тебе, во сите нас. Само чекаме кога ќе се разбудат, мамицата нивна мрзлива.

6. Немаме јазични бариери, а сепак нема разбирање во светов и животов. Од каде парадоксот?
Егото не заеба. На козата ич не ѝ е гајле, и ич не е битна. Битно е дали денот ќе ти се разубави ако комшијата ти каже „добро утро“ кога ќе се видите сабајле и дали ќе исклучиш бормашина ако ти ѕвони некој на врата и те замоли да му ги зашиеш хеланките. Битно е да знаеш што сакаш од себе, а не од другиот. Битно е да разбереш дека тоа што не е идентично на твоето не го прави твоето лошо. А не го прави ни добро. Само е убаво на начин на кој што ти сакаш.
Зајдов...
Остај ја козата на раат.