Thursday, November 28, 2013

Твитер прашалник @Milena_mico

Твитер прашалник @Milena_mico (Зденка)


1.Име (ник ово оно)?
Milena_mico- Зденка
Милена од кумот, Мичо од @Tintulina, Зденка оти немам осет ко ќе јадам зденки.

2.Висина и тежина?
висината одамна е иста, а со тежината варирам, плус-минус.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)


4.Убав? (одговори со да или не)
Да

5.Зошто си на твитер?
За да следам луѓе,
пробав по улица да следам некако не одеше, обично бегаа, па реков ај овде ќе следам народ.

6.Шо преставува вашиот аватар?


7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да, не е карирана водородна е. Нешто вака:

8.Вашето прво искуство?
Шеска доле десно, избегав од кај забарот на сред работа.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во било кој дел од Палеотропското Флорно Царство, а на меден во Обединетото Краслство.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Да сме здрави и живи, ќе чкртаме по ѕидовите на новите барокни згради.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Ако се реинкарнирам (а нема) верувај дека нема да биде зеленчук.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Ако се сретнеме овде во Македонијава, ќе му порачам такси за до најблискиот излез од државава.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Lg- optimus me- Елџи оптимус јас

14.Каде сте родени?
Кичево

Прашања од  @minomkd
1.Зошто си го мразиш блогот?
Е сеа не шири вакви дезинформации, го љубам блогот многу.
Еве ви линк да го видите:  http://milenastylish.blogspot.com/

2.Колку пати го менуваш стајлингот на ноктите?
Два до три пати неделно, ама сеа сум во врска со мрзата така да и еднаш неделно ми е многу.

3.Омилена песна?
Ова е исто ко да прашаш мајка кое дете и е оМИЛЕНО.
Во овој период омилена ми е: