Tuesday, December 3, 2013

Твитер прашалник @vBarlakoski

Твитер прашалник @vBarlakoski 


1.Име (ник ово оно)?
Мило ми е, Владимир. А зад никот има цела легенда... Нели J 

2.Висина и тежина?
Тмн. Обратно пропорционално на глуп колку што е тежок.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Шуќур, нема празно, ни од надвор, ни одвнатре. Бојата варира, ноќе ми е темна, дење ми е посветла.

4.Убав? (одговори со да или не)
Најубав сум, неможам да издржам!

5.Зошто си на твитер?
Еден куп квалитетна информација. Различни конструктивни мислења за секакви животни прилики. Иако треба да се помачиш низ плевелот од промискуитет да ја најдеш. А и слободата да кажеш дека Царот е гол, и да добиеш ретвит од царицата.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Дијаспора.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да. И не само што е карирана, помината е и на цик-цак. Сега ја стегаме на оверлок.

8.Вашето прво искуство?
Камен. Се криев зад него кога бегав во забаваче, ама ксмет мој, мал каменот, па ме позна бабетината комшивка... И се знае - меѓу мене, каменот и бабетината, еден беше кодош!

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Назад во #Прилеп. Најубаво е дојденец од дијаспора да се прчи цел месец во родната провинција :D.  (#трололо)

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе лупаме хаштаг #протестирам на фејсбук. Барем на хаштази сНе јаки.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Јебеш живот ако после тоа си марулка...

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Ја посравНе, брат! Фиран ја напрајвНе!

13.Шо мобилен телефон користиш?
АТЦ. Машинишче. Успешна миграција од ајФон. Фрлајте тоа лајно!

14.Каде сте родени?
Во #Прилеп, Ебаго.

Прашања од  @Milena_Mico
1. патување низ времето или телепортација?
Патување низ времето може да напрај манџа... а манџата јаде многу леб. Кај толку леб во Македонија?
Имаше таков твит (го барав ама не го најдов), телепорт бар за куфериве... да не ги влечкаме со нас.

2. дали би живеел еден живот 1000 години или 10 животи по 100 години?
Еден живот, 100 години. Сосема доволно за сѐ. Ех да ја имаме таа среќа во денешно време!

3. Дали ги броиш чекорите дури одиш?
Ако има плочки, секој чекор на различна. И не стапнувај на фугите... лава е!

4. Како 3Д киното во Прилеп?
Со ептен фин малтер, да се заштеди на платно.

Скопјанишчана дадоа 500 илјади евра за перде во театарот, ние дадовме 500 денари за квалитетна мистрија – да може поубо да мазни!

Кој гледа кино на платно во денешно време!?