Wednesday, February 5, 2014

Твитер прашалник @strezovski


Твитер прашалник @strezovski 


1.Име (ник ово оно)?
Името ми е Таше и да ги расчистиме сите дилеми тука еднаш засекогаш. Да, ТАШЕ, четири букви од името мое, тоа ми е правилно и не е скратено – и во личната карта и во пасошот, подеднакво во Скопје колку и во Ресен, и на картичката за попуст од СП маркет и во криминалното досие, и на акаунтот на steam;
Не е Ташко, не е ни влашко (жалам Штерјо... сите години живееш во лага... те сакам...), не е Ташули, не е Тоше, не е Тасе, не е Таки, не е Тоде... Таше е. Никот ми е презимето, ама не се фаќа никој за тоа. Освен @NikolaStrez, #непребол му е.

Кога сме кај душмани, знаете ли дека името Таше, всушност, доаѓа од грчкото Анастас (воскресение)? И јас не знам како. #Тривија

2.Висина и тежина?
Има подобрување низ годините, пример откако почнав да работам канцелариска работа ми се искриви грбот и сега ме собира така на стандардно седиште од автобус.  Дали победив? Дали станав прашалник? Не знам, важно сега ме собира.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Батали косата, да ми објасни некој биолог зошто само брадата ми е џинџер?! Тамам ми е стана густа и... портокалова e. Aџанак баџанак.

4.Убав? (одговори со да или не)
Прво, don’t tell me what to do, второ - уште една бизнис идеја, покрај Тефлонска ВЦ шолја™ која ќе ја развивам со текот на годините, ми е естетска хирургија за внатрешни органи, зошто викаат убавината...

5.Зошто си на твитер?
Одамна беше кога работев во една фирма кај што... how to put it… кај што работата не беше во изобилие. Дојдов на твитер за да спасам мозочни клетки од медиокритетноста на Facebook. I regret nothing.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ако не знаеш што претставува мојот аватар, ти си мртов човек за мене, никогаш не си постоел, престани да го читаш ова и не ми се обраќај никогаш. Ни да ме ретвиташ нејќум!!!

Кога сме кај аватар, знаете ли дека пред некој ден другар купил евтино сино ќебе од кинеска продавница и сабајлето се разбудил целиот син? #Тривија

Самурај Џек ми е најомилената цртана серија на сите времиња, a Џек најомилен лик. Because the quest never ends. Живот. Неверојатно добри сценарија, фантастична и инвентивна анимација полна досетки, многу филозофија и мудрост. Своевремено, како млада девојка, умирав да доснимат епизоди и да ја завршат, ама потоа сфатив дека... не сакам да заврши. Зашто некои работи не треба да имаат крај. Ако ве интересира, имаше неточни шпекулации лејтли дека ќе снимале нови епизоди, испадна дека само ќе ги репризирале старите. Bollocks.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Бурбери брат. Ко та куќата во Куманово.

8.Вашето прво искуство?
ЕЕГ нормално.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Исланд, ама затоа па на меден во Исланд. Покрај тоа, би сакал еден ден во животов да имам можност да одам во Исланд, додека, пак, кога би избрал каде да живеам, тоа би било Исланд.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Како човек кој пати од анксиозност, често размислувам за овие теми. И воедно би сакал да ја проширам свеста за оваа ментална состојба и да им воочам на неинформираните дека треба да избегнуваат вакви прашања.
Не знам бе... ќе си земам една бовча со вода, леб, сиренце и бормашина и ќе одам да живеам во планина.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Шумахер, хах!
Too soon…? L

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
„Џабе се трудиш“.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Горд сопственик сум на ZTE Grand X In. Добро, не сум толку горд, капитализмот и конзумеризмот ме тераат да го покривам логото со показалец кога го држам на уво. Имам и таблет, гугл нексус седум двојката... ladies...

14.Кој графит би го напишал и каде?
Би напишал ЦИЦИНА! на јајцата на воинот на коњ, но сметам дека сѐ уште не е зрела ситуацијата за тоа.


Прашања од @jburgundi
1. Планираш ли некогаш да ја напуштиш архитектурата како професија?
Последните луѓе на кои им велев дека „брат ми е архитект, немам врска со тоа јас“ инсистираа да им ја проектирам куќата. Лесна им земја, фини луѓе со цврст карактер. За разлика од кровната конструкција.

2. Откако се појави на #твитернагради неколку другарки дојдоа и ми залепија шамар зашто сум те криел до сега. Како успеваш да си толку убав и да имаш толку ужасен сексуален живот?
Бургунди #најсмешен.

3. Дали знаеш колку е во проценти на пример 7 од 9?
За неупатените читатели, еве ја анегдотата: твитерџика со никнејм 7 од 9 (така некако) твита „мене ме заследи стрезовски, вие небитни“. Јас со подуени гради (не од добиено, од земен воздух) викам – фала, у реду е мацо, you had me at 7 of 9, јер стартрек. Оваа ми враќа – леле извини, мислев на брат ти... ја ретвитав и се зафркавав на своја сметка во обид да спасам што може, ама веќе отидена работата (читај: мојот реплај го забележа нецовски, лесна му земја).

Како и да е, одговорот на прашањето е дека 7 од 9 луѓе не знаат да пресметуваат проценти. И сите други статистички варијации со 7 од 9 кои следеа после тоа.

4. Зашто не возиш со #наточак кога ги вртат критичните маси, ами сам си се качуваш на Водно со тоа точакот. Нели мислиш дека е малку хипокритички сето тоа?
Шо збор ти е хипокритички бе? Шо му фали на лицемерно? Или не знаеш од кај доаѓа лицемерно, ама па хипокризија знаеш што е? Ах бе, дошлаци сите во Скопје од лево-десно, од планина се симнавте и сега „ХИПОКРИТИЧКИ“... исто ко тие на критична маса со стари смрдени точаци искршени рѓосани дошле таму, ќе возеле, пола во студентски дом живеат...

Само 3-4 критични маси имам испуштено #љубов #НаТочак

5. Здравиот ресенчанин има милион желби, болниот само една. Која е твојата?
Да го направев малку пократок прашалников, ама доцна е сега, не? Како и во bio-то ми на твитер: извинете за изгубеното време.