Толку пати ме имаат издадено што почнав да се осеќам како гарсоњера.
— Миле Паника (@Mile_Panika) March 18, 2014
Има шанси кај жена ми у ташна да е малезискиот авион.
— Влатко Васиљ (@VlatkoVasilj) March 18, 2014
Аман бе дечко градежна дозвола имаш ли за тоа бубуљицата?
— ЈБургунди (@JBurgundi) March 18, 2014
-Убаво е времево надвор, ќе шетам со девојката.
-Брат немаш девојка шо ти е.
-Ти па само за ситници се фаќаш.
— Д Зоро (@The__Zorro) March 18, 2014
-Добар ден. Имате апчиња против кукање?
-Имаме. 55 денари.
-Аман бе! Од злато да не ги праите!
— Ljubiša (@Sulimanovic) March 18, 2014
Местото на Русија во Г-8 ке го заземе Македонија како следна најразвиена држава !!!
— БАТО (@Joker_denied) March 18, 2014
влегува ванковска во аптека и вика:
-добара ден, имате блокмакс апчиња?
-да, имаме, колку сакате?
-10.000
— Nikola Strezovski (@NikolaStrez) March 18, 2014
Глупо е да читаш книга во кафич, а не е глупо да поминеш цела вечер со телефонот во рака. #иронија
— Black Widow (@GeorgievaT) March 18, 2014
Многу љубам нафурани келнерчиња што кога ќе ги прашаш од што имаат чај викаат 'Од сѐ', па им нарачувам од новогодишна елка.
— Маци (@ViktoryNik) March 18, 2014
Најгрдите на на тл имаат твитнато највеќе селфиња.
#факт
— Шеќер ага (@Ljube_A) March 18, 2014
Не сум пуста. - Желбата
— Veselinka (@_Luna_1979) March 18, 2014
Малезискиот авион е само метафора за Македонија и вожњата во неповрат
— Крас Супертрамп (@JJakimovski) March 18, 2014
- Го знаеш Достоевски?
- Не
- Идиот!
— Тања (@Azhdaja) March 19, 2014
Прашај ја дали не сака да не се запознаете!
Двојната негација ќе ја збуни оставајќи ја ранлива.
— Медоу (@MedoDimoski) March 19, 2014
Прашале некој азилант од Етиопија како се чувствува во Македонија...
Одговорил: Исто како дома.
— Волшебникот од (В)Оз (@vlatko992) March 19, 2014
„Бабо што има за јадење?“
„Ташак“
„А?“
(ја става вилицата)
„Грашак сине, грашак“
— Man (@Goran_Man) March 19, 2014
Од супермоќи... можам да те сакам без да дознаеш.
— Бапчо (@TheFitzzz) March 19, 2014
Вампир вегетарјанец: Граф Брокула
— Dixon (@radovan_sm) March 19, 2014
Толку беа сиромашни, имаа само пари.
— ✖She. (@IrenaMila2) March 19, 2014
Ако "American Pie" се снимаше во Македонија, ќе се нарекуваше „Баничка со урда“.
— Троа полудена багра (@slabkarakter) March 20, 2014
Пошо идевте по кафиња место да вежбате на часовите по физичко, затоа сте дебели!
— ★ (@elena_tekinec) March 20, 2014
Дур имавме едноставни телефони, спуштавме песни за рингтон, сега со смарт телефониве, сеедно ни е каква музика свирит!!!
— Дете на точак (@Bataceto) March 20, 2014
ЕЛВИС Е ЖИВ !!!
ене го у Шутка , осмо одделение полуматурант ..
— Aleksandar S. (@juvesnake) March 20, 2014
Дедо ми го видел кралот, татко ми Тито, а ја газот на Станија.
— Ghost Rider (@motors_rider) March 20, 2014
Крсте Петков Мисирков во Америка би го наебал за Тhanksgiving
— Алфалфа (@Maestralniot) March 20, 2014
Сител е многу домаќинска телевизија. На пр., пуштаат вести да ти го исперат мозокот и одма после пуштаат турска серија побрзо да се исуши.
— Зоран Николов (@zorbital) March 20, 2014
На царина:
-Имате нешто за пријавување?
-Имам, Калкулус 1 од зимски семестар и Физика 2 од летен.
— Д Зоро (@The__Zorro) March 20, 2014
Некој некаде во овој миг бутка врата на која пишува влечи
— ЈБургунди (@JBurgundi) March 20, 2014
Уште не ми е пишала... Ама не сум како Бени одма песна да напишам за тоа
— Пекарот (@BurekMajstor) March 20, 2014
Не е опозицијата слаба.Народот си сака диктатура.
— Noli (@SinolickaT) March 20, 2014
- Мамо, а шо сакаше ти повеќе, ќерка или син?
- Јас сакав само филм да гледаме..
— C-Sativa (@Z_Qurinov) March 20, 2014
Бившата толку многу ме сака што се омажила во комшии
— Џими ® (@JimmyFromDaHood) March 20, 2014
Ако Ескимите имаат 50 зборови за "снег", ние треба да имаме толку за "глад".
— Veselinka (@_Luna_1979) March 20, 2014
со твитеров, таксистов слободно може да ме однесе до слупчане и да ме шитне на сумњиви типови, а ја да не приметам
— оннета (@onneta) March 20, 2014
- Тато, знаеш како се вика лав без коса?
- Не знам...
- ќеЛав ХАХАХАХАХА НЕ ТАТО ТЕ МОЛАМ НЕ
- pic.twitter.com/JcXfd85wFk
— Filip (@DimovskiFilip) March 20, 2014
Од ова германскиве порничи, да ти е страв на пица деливери да му отвориш врата.
— feata mushutica (@AveCeaser) March 21, 2014
Лиценца.
Или е некаква дозвола.
Или се многу мали лица.
— Jordan Geekov (@jocoska) March 21, 2014
Платаморгана - Одиш да провериш сметка и се надеваш дека има плата
— Viko von Drom (@vikohyeah) March 21, 2014
Нова пролет, нова надеж, исти разочарувања
— Профилот на Твитер (@profilot) March 21, 2014
Дедо ми не пропуштил шанса да гласа од кога почина пред 10 години па се до денес.
— Медоу (@MedoDimoski) March 21, 2014
Ова лето одиме на одмор во Турција. Да видам колку можиш да издржиш без Твитер!
— Oliver (@Oly_ver7) March 21, 2014
Да бевме уште под Турско ропство, сеа ќе немавме твитер...
— Đigi™ (@dzigi7) March 21, 2014
NE GO BRKAJTE SKAKULECON GOLEM OTI ON E NA ACETA NASH MILENICHETO DEKA ACE VELIKI OK POZZ
— Cene (@Ce_ne) March 21, 2014
Толку ми фали, што би ја барал и на фиксен.
— Дарјан Раденковиќ (@darjanr) March 21, 2014
Seen е убава работа, барем знаеш дека е жив/а.
— Брендон (@Brendonov) March 21, 2014
Не гледа ли дедо од рајот, мисли ли на нас тато?
- Па не баш на тебе конкретно, ама мисли на државните интереси. Затоа и гласа.
— Медоу (@MedoDimoski) March 21, 2014
удри силно со бокс во ѕидот. што знае жена што е гипс картон.
— Дарјан Раденковиќ (@darjanr) March 21, 2014
- К'ј си мор?
- Nevermore.
(Едгар Алан По во Охрид)
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) March 21, 2014
Во Турција го исклучиле Твитер. #БичПлис во #Македонија ја исклучија реалноста !!
— Bozidar (@ZimskiB) March 21, 2014
Сакам да останеме само другари.
- Добро, ти се игра после фудбал?
— Тутан Камон (@IvoCmon) March 21, 2014
Зашто ја уби?
-Ама судијо ми пишуваше на чат со 4етвор4е...
— Тутан Камон (@IvoCmon) March 21, 2014
А Ердоган да ги блокираше турските серии наместо твитер...
— Јани Макрадули (@makraduli) March 22, 2014
Ако умрам ил загинам, од избирачки список не ме бришете ♬
— Г-ѓа Старк (@MarincePink) March 22, 2014
Пичка е за неспособни,вистински муж искача со цела жена.
— Hornet (@SkHornet) March 22, 2014
Ми падна шеќерот...
Ете го низ цела кујна.
— ★ (@elena_tekinec) March 22, 2014
Махери сме за нерешено. И со името исто.
— Чејс (@ChaseWork) March 22, 2014
Што работиш?
- Државна администрација.
А што поточно.
- Искрено брат, не знам.
— Медоу (@MedoDimoski) March 23, 2014
Дали можеме Канал5 да ги тужеме за нанесена душевна болка оти го пуштаат Раде секој ден??
— Лошото Детиште Хуго (@nikola_iris) March 23, 2014
не сте толку паметни, не се фурајте
— Sajsi (@_Sajsi) March 23, 2014
Ќе дојде денот кога ние Македонците..
И ќе пројде!
— i999y (@i999y) March 23, 2014
Среќа што одвреме-навреме знам да кажам нешто паметно инаку по ;) на крај на секој твит,чоек може да помисли дека Хорхе стои позади профилов
— Man (@Goran_Man) March 23, 2014
Македонската верзија на „Happy“ би била „Crappy“.
— Man (@Goran_Man) March 23, 2014
Жена - може гадно да те заеби, нема ни да осетиш.
— Мино (@minomkd) March 23, 2014
Еве проверив. Уште те сакам
— Ivana (@iSmiljanska) March 23, 2014
Ако си прав македонец коа ќе се испотиш под мишка ти се оцртува Македонија пред да биде поделена.
— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) March 23, 2014
Три одлуки ќе ве молам - за носење ми се.
— Тања (@Azhdaja) March 23, 2014
"Иванов нема да дозволи промена на името без референдум"
Каков храбар став за човек кој прашува дали смее во WC да оди.
— Скопски Педер (@Skopski_Peder) March 23, 2014
ПА И НИЕ НА КАЈМАКОТ ЌЕ МУ ДАДЕМЕ ДА НАСТАПУВА НА ГОЦЕ ФЕСТ
— Бапчо (@TheFitzzz) March 23, 2014
Луѓе на твитер што мама и тато уште им го плаќаат нетот за да твитаат, се дрзнуваат да се смеат на чесна работа како што е градежник.
— Леонон (@LB_Prezidente) March 23, 2014
Не заборавајте дека и Нонето беше у финале,
па сега работи на брод!
— Baze Lazevski (@BazeLazevski) March 23, 2014
Во меѓувреме во штаб:
„Шефе тепаше нашиот“
„Кој наш бе?“
„Даниел бе шефе, од ХФактор“
„Одма да сте го ставиле да пее на митинг!“
— Man (@Goran_Man) March 24, 2014
Кајмакоски да победи на х-фактор. Неветено, Остварено !
— Проданов (@bprodanov) March 24, 2014
Првиот и најбољи пречек Македонија го организира за Касандра, коа во кабрилет ја везеа. Сум плачел за сите пари. <3
— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) March 24, 2014
Уште една позитивна работа кога работиш од дома и само со странци. Денес немаш колеги кои ќе ти серат цел ден за #ХФактор
— Laze Janev (@lazejanev) March 24, 2014
Да се секиравте за државава како што се секирате за Кајмакоски или Реал и Барса, Швицарска ќе бевме до сеа
— BBo (@BBozh) March 24, 2014
1.Правиш сендвичара
2.Ставаш црква во дворот
3.Луѓе оставаат зејтин за здравје
4.ПОМФРИТ!
— Тутан Камон (@IvoCmon) March 24, 2014
Мојот омилен рецепт за боранија:
1. Вадиш боранија од ќеса
2. Ја фрлаш у канта
3. Спремаш кременадли #пошто храна
— Beni (@Shushmula) March 24, 2014
Некои женски не се свесни колку лесно можат да ме имат
— mitkav (@mitkav) March 24, 2014
у Рамстор дозволен е пристап до твитер?
— The educated брада (@ViksaaSkool) March 24, 2014
Авионот го најдоа. Потрагата по кичмата на Ѓорѓе Иванов продолжува...
— Martin Nikolic (@Martin_Nikolic) March 24, 2014
Кога би ја споредил политичката кариера на Ѓорѓе Иванов со некоја филмска улога ми текнуе на ќесата шо леташе рендом у американ бјути
— Martin Nikolic (@Martin_Nikolic) March 24, 2014
Јадам здраво и здраво се најадов не е исто добро?
— Ina (@mnogufina) March 24, 2014
Си седиме и дедо ми прашува:
- Убава ли е, внучко?
- Најубава е, бе, дедо!
- Внучко, сите цвеќиња се убави, гледај коренот каков е!
#ѕвер
— Димитар Атанасов (@Stariot) March 24, 2014
Скандалозно!Виден човек на митинг без сендвич.
— Италијанка™ (@Principessa_M) March 24, 2014
Ако ти дојде висока сметка за телефон, соопшти им на твоите во Џејмс Бонд стил:
- Седумсто.. двеилјади и седумсто!
— Анонимнa ♥ (@edno_devojce) March 24, 2014
-Добар ден апчиња против турбофолк имате?
-Само со Лична Карта.
-Нема проблем:
Напред назад немам гдe
Лична карта празна је
— Браварот (@bravarot) March 24, 2014