Wednesday, March 12, 2014

Твитер прашалник @Bataceto

Твитер прашалник @Bataceto



1.Име (ник ово оно)?
-Кристијан Батак, Батачето мало,Батаче

2.Висина и тежина?
-1.91цм со 114 кг

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
-Црна

4.Убав? (одговори со да или не)
-Доволно убав, барем така ми вељат од дома.

5.Зошто си на твитер?
-На твитер сум дека сум будала и имам доволно слобода да ја искажам мојата будалштина без некој да ја злоупотребит.

6.Шо преставува вашиот аватар?
-Љубител на точак без кој не можам да го замислам денот. Било за на работа или подолги релации.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
-НЕ

8.Вашето прво искуство?
-Шо би рекла моја пријателка, твитерџика цитирам
: Машко женско пријателство е игра во која губит тој шо прв ќе се заљубит. Ја оцапав несвесно, од која и после време не можам да се тргнам од нејзе ама сега та цапат свесно, а јас сум обратниот.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
-Доминиканска република а на меден Таиланд. И ќе одам!!!

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
-Ќе се вратам на Хајфајв

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
-Ѓумбир

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
-Да не јајт многу лајна за не го копираат другите.

13.Шо мобилен телефон користиш?
-Нокиа Ц1

14.Кој графит би го напишал и каде?
-Возејте точак и нека не ве мамат во врска со ташаците.



Прашања од @fidanska
1.Каква боја ти е таванот од собата?
-       Бела

2. Зошто одбра точак? Шо му фали на Југо?
- Го исфрљам цел притисок и нервоза шо ја примам во текот денот и мозокот го пуштам на пасење. Мислам дека е и појќе од доволно. А ко сме кј коливе каква да е за да одам пр.Битола, одам со точак. Не сум мераклија по коли. Ево го кј е 30 км.

3. Која боја од агрокремот ти е омилена?
Ко е во прашање благо, која била. Иначе појќе по белото.

3.а. Шо јадиш прво од ресаната?
Прво фолијата, па најлончето и за на крај само желето.

4. Каде си бил најдалеку со точакот и дали од дома знаат за тоа?
Лефкада, Грција и го свртив цел остров. И ден денешен не верват уште дека бев до таму J

5. Збор два-три за љубовта. Како бе остануваш заљубен по цел ден? Јадиш
нешто?... Спиеш?
Имам доволно пропатено, премногу спомени, премногу случки, и ден денешен случките ми се враштат на гла и упорно го прам то шо не требит да го прам. И јас ти сум вистина една напатена душа и можам 7 дена во неделата по 16 сати во денот да прам муабет за љубовта. Да не продолжвам да пишам зошто ми дојде инспирација за нов статус. J