Thursday, March 27, 2014

Твитер прашалник @havarija_marija

Твитер прашалник @havarija_marija 



1.Име (ник ово оно)?
Марија. Хаварија е состојба на умот. 

2.Висина и тежина?
Mи викаат не сум висока, ама ако се качам на штикли им јадам бурек на глава на повеќето. За тежината, најтешко ми е кога треба фармерки да купувам. Обично во такви ситуации се ставам на гладување.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Џинџер

4.Убав? (одговори со да или не)
Не, има и поубави

5.Зошто си на твитер?
Зошто ако си кажам се што мислам во рл, многу луѓе ќе ми се скараат

6.Шо преставува вашиот аватар?
Црно - бело селфи, зошто во боја е меинстрим

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Од врски најмногу поштувам клот црвени во нијанса на Арсенал со потпис на Артета на грбот.

8.Вашето прво искуство?
Врска немам што се случуваше. Сеуште не ми е јасно што се имав направено.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден во Јапонија. На меден во Лондон на Емирати... ама само без мед.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе одам на Златно Славејче

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Цвекло

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Да направиме селфи со Ван Гог откако ќе си го исече увото. Наместо дак фејс ќе му го имам гризнато увцето. И така ќе стигне пораката за новиот тренд кога станува збор за самослик. Масакар на уши.

13.Шо мобилен телефон користиш?
SGS 2

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Џедајски моќи

15.Што би сменил на себе?
Рамките за очила.

Прашања од  @legalXperiment

1.Се сметаш себе си за соодветна замена за Jeri Lynn Ryan, дали би ја прифатила улогата на Seven of Nine и кого би асимилирала да робијаши во колективот?
Еееј, тоа се три прашања !!! Не сум замена, не прифаќам улога ама би ја асимилирала цела влада.

2.Куче, маче или двете и папагал?
Во моментов сум со четири мачки дома. Едната се породи. Кој сака маче нека каже... имав и папали и куче, ама умреа.

3.Омилена боја на чорапи?
Мрежести циклама.

4.Зошто redhead е привилегија?
Не е. Постојано треба да докажувам дека не сум дојдена по душите на обичниот народ

5.Кога прв пат се имаш свртено на ч`кс?
Во осмо одделение кога почна да ми се шири градниов кош. После тоа дознав дека не е модерно да се вртиш и престанав