Tuesday, April 8, 2014

Твитер прашалник @hambaboy

Твитер прашалник @hambaboy

1.Име (ник ово оно)?
-Хамба ми е прекар што го носам од 11-12 години, го добив по еден постар  дечко којшто го носеше прекарот Хамба зошто јадел многу хамбургери (@klavce на ТЛ),  се вика Трајче (јас се викам Трајче), тогаш он имаше Лада (и ние имавне Лада), неговите работат земјоделие (ние имаме овоштарници) и поради сите тие сличности БУУУМ, ете и јас Хамба.

2.Висина и тежина?
-Многу висок, многу тежок и многу згоден.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
-Блондинка, летно време коа ќе ме напече сонцето, на албино заличуам.

4.Убав? (одговори со да или не)
-Мноооогу.

5.Зошто си на твитер?
-По препорака на @hanmadafakasolo, дојдов да видам шо се дешава на ТЛ и тоа што ме радува, наидов на многу креативни луѓе, луѓе коишто размислуваат „надвор од кутивчето“ (тачка)

6.Шо преставува вашиот аватар?
-Со мојот аватар се надевам дека ќе заработам мноооогу пари. Го чекам денот коа некој преставник на „Голоаз“ ќе дојде да ми понуди многу пари за контра-кампања дека цигарите се штетни. Во мојов случај дека забите се расипуваат од пушење као демек, а куде мене светев ѓоа лампионче.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
-Слободен Стрелец (тачка)

8.Вашето прво искуство?
-Многу трауматично...одма се затрескав, а она по 3 дена мораше у Русија да се враќа :///

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
-На еден месец би се истоварил на Фиџи, со шаторче на плажа, за да сурфам, летам со Парамотор, медитирам, а навечер да си потпалам огинче и да печам к’баски и да пијам пиФце. А на меден, кај ќе каже жената, нели Џентлмен воа-ноа.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
-Ха, абе одам у Крушево, грабам Шатор, Параглајдер, Маунтбајк, се постилам на Мечкин Камен, од сабајле точаче, на поручек Параглајдерче, навечер по некоја крушевчанка (а и Русинки и Украинки доста доаѓаат да учат, да летаат) и ќе живеам ден за ден, онака Зен.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
-Кромпир, како би земал учество во решавањето на меѓучовечките односи.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
-Тоа би бил Кастро, да седнеме со братот у цветни кошули, на по една пура и коктелац у бичбар, па да си попраиме муабет за женски и кулирање

13.Шо мобилен телефон користиш?
-Sony Experia SP-не дека е мој, ама многу е моќен


14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
-Само смак света

15.Што би сменил на себе?
-Кога праел чале, не штедел. Микеланџело може вода да му носи (читај ништо)

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
-Дека сте бе народијо, арни ли сте, како по дома?

Прашања од  @HanMadafakaSolo
1.Колку женски фати откако напраи твитер?
-0 (читај кромпир)

2. Кога би правел политичка партија како би ја крстел?
-ПОТ (Партија на Осамостоени Твитерџии)

3. Што животно си бил во предходен живот?
-Од тија летеќите верверици сигурно, зошто сонувам за куќа на дрво и за летање со Wingsuit.

4. Што ти е животна цел (мотивационен одговор ко Пауло Коелјо)?
-На погреб да ми ми дојдат 10 000 луѓе, тоа доволно ќе зборува за животот кој што сум го изживеал

5. Кој ти е градот од соништата?
-Баце, јас сум роден за во дивина да живеам, али најблиску до такво нешто е Манаус во Бразил.