Saturday, April 12, 2014

Твитер прашалник @iSmiljanska

Твитер прашалник @iSmiljanska 



1.Име (ник ово оно)?
Од Ник, го знам оној Ник Слотер. Беше фраер со раскопчана кошуља.
Иначе, имам карактеристично презиме... и тоа...

2.Висина и тежина?
Кој пробал, знае

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Природна плавуша. Морам да се фарбам потемна за да не ме голтне мракот на вицовите за плавуши. Една школска у 4-та средна, кога ставив потемна боја на коса, ми кажа: Ифке, конечно и ти се опамети (читај со штипски дијалект)

4.Убав? (одговори со да или не)
Сё е релативно, рече Ајнштајн додека си ја местеше левата туфка од коса на главата

5.Зошто си на твитер?
Еј долга и широка....повеќе широка него долга. Ме зарази сестра ми (која не твиташе, али само мудро ве следеше), она си роди ќерка и се повлече... искрено речено, ме заеба

6.Шо преставува вашиот аватар?
Плочките у ВЦ-то на работа многу ме инспирираат.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Јонска, ковалентна, тетрагонална? Сё што знам е дека не е карирана
(НЕ СУМ ВО ВРСКА, АМАН ВЕЌЕ ОД ТОА И НА ТВОЈА ГЛАВА!!!1)

8.Вашето прво искуство?
Едно летно утро, додека сончевите зраци го галеа моето младо тело, чекајќи да купам доручек во пекара, го голтнав. Беше инсект и леташе. Да, мува

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Работен или не работен месец? Ако е работен не се 30 дена, да си знаете.
А на меден, па ко шо е тргнало, у некоја геријатриска установа. Не дека сакам, ама таму ќе ни напраат организација со некој дедо вдовец

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе ми фалите...MWA KISS4E. И ќе се обратам кај психијатар

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Озрачена марула. Господи те молам ако постоиш и читаш, ти потенцирам: озрачена!

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Како прво, нема да ја препозаам дека е историска личност. Со зор учев историја и сё сум заборавила.
Како второ, сигурно нема да се сретнеме. Лоша карма

13.Шо мобилен телефон користиш?
Ресенски

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Смрт? Или многу морбидно звучи?!

15.Што би сменил на себе?
Би изгорела дел од мозокот, да не мислам толку.


Прашања од  @ShoMaajkaTi

1. Кој е најомилениот предмет што го поседуваш?
Не сум материјалистичка личност. Заборавам што поседувам. Али мислам дека е мојата коса. Ја миеш и одма пеглана фризура

2. Што ти претставува прекрасно помината вечер?
На крај, во клубовите остануваат курвите и пијаниците, Јас сум во вторите

3. Да ти се падне грдна пара на лото, кое е првото нешто што би направила?
Би ве собрала сите на плоштад. И на сите по 1000 Еур хонорар

4. Кој е твојот омилен твит?
Порано не бев, ама сеа сум повеќе по љубовните твитови.

5. Што би сакала да бидеш кога ќе “пораснеш„?
Кога ќе пораснам, сакам да пораснам. Аман веќе од детските пасти за заби, чоколиното и хип сокчињата