Wednesday, April 23, 2014

Твитер прашалник @laFemme90

Твитер прашалник @laFemme90



1.Име (ник ово оно)?
-Кумот ме има унакажано со својата самоглавност и ниска креативност, нудејќи за избор само едно име. Од никот задоволна. Самото име ме карактеризира како личност.

2.Висина и тежина?
- Изгледа ме тапкале по глава како мала, и растот се откажал. Ниско шилеже. Полесна од една вреќа брашно.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
афеава. Имам фобија од фарби и промени.

4.Убав? (одговори со да или не)
-Да, за моите дома најлична сум.

5.Зошто си на твитер?
-Да ме читаат ни криви-ни дужни луѓенца..и да се пронајдеме во маките.

6.Шо преставува вашиот аватар?
-Фигура полна самокритичност.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
-Врзана со нервите. Во чвор. Они ме водат.

8.Вашето прво искуство?
-...како мува без глава.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
-Рио де Жанеиро. А меден, ако дочекам..

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Ќе им кукам на блиските. Мора некаде. А во сон, твитови ќе си цитирам.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
-Морков. Да ме има во тие подосадните(поневкусните) јадења и да не ме јадат толку многу.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
-Ќе останам со отворена уста, нема да има можност да направам нешто.

13.Шо мобилен телефон користиш?
-Циглетина. Кај се излажав по него. Alcatel One touch idol. Не е битно што дланката ми е како на мало дете.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
-Видот додека не го изгубам.

15.Што би сменил на себе?
-Од глава до пети, цела. Само локните ќе си ги оставам.

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
-Имам проблем. Не умеам да бидам плиткоумна и глупа и да се вклопам во денешните стандарди.

Прашања од  @Iva_nnnA 
1. за коју љубав у твитови збориш и да не е љубав за што би твитала?
-Чатам и мавам патетики за љубовта која ја имав, а никогаш не и одолеав. Би твитала за ниските вредности што ги величиме.

2. што би се десило кд следеќа љубав би ти бија твитерџија?
-Оу!? Или тој или јас би се откажал од твитер. Нема да можам да слушам исповед и проповед.

3. кој е твој сн?
-Да бидам еднаш задоволна од себе. Скромно.

4. сс коју боју би га обоила свет ?
- Со зелена...и мирис би измислила на бојата.

5. што те опишуе тебе ?

-Локните и убавата насмевка. Барем така ме лажат.