Thursday, May 1, 2014

Твитер прашалник @tetkabiberce22

Твитер прашалник @tetkabiberce22



1.Име (ник ово оно)?
Ме викаат Марија. На твитер позната како Тетка Биберче (многу го гледав тој цртан филм).

2.Висина и тежина?
Метро и жилет. Повеќе жилет него метро. 53кг од кога знам за себе.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафеава.

4.Убав? (одговори со да или не)
Тие што ги знам ми викаат дека сум убава (и тие што не ги знам сигурно сметаат дека сум).

5.Зошто си на твитер?
За да се релаксирам во слободно време. Поретко да се караме, повеќе да се сакаме.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас. Целта ми е да погодувате каква боја ми се очите и колку голем нос имам.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Врска не, ролка да.

8.Вашето прво искуство?
Беше многу неискусно.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден Париз, а на меден некаде кај што има повеќе мед.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Еј Бардовци слушате, еден кревет за мене.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Лук. Кога ќе се најадеш, сите да бегаат од тебе заради мене.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Сигурно ќе ја испцујам бидејќи заради таквите, маки мачев на училиште.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Имав Ајфон и го продадов. Каде згрешив?

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Ништо, не се повлекувам.

15.Што би сменил на себе?
Перфектна си сум, ништо не менувам (рече никој никогаш).

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
#ДоброУтро




Прашања од  @AndrejAleksov

1. Колку си бушава од 0 до Канго?
Хахаха Канго на квадрат или на кубен зависи, како косата ќе сака.

2. За тебе, што би било твој „животен успех“?
Да си најдам добро платена работа која ќе вреди заради макиве. Многу барам така?

3. Кажи ми поврзаност помеѓу дрво и алкохол?
Пиеш премногу алкохол, никого не познаваш, паѓаш у несвест - е тоа е дрво.

4. Кој/Што е вашата најголема слабост?
Знам дека имам слабост, а тоа е што многу јадам и пак сум слаба.

5. Каде се гледаш за 5 – 10 години и зошто баш таму?
За 5 на Хаваи, да уживам едно 5 години, значи за 10 да се вратам назад.

6. Кои песни најдобро ја опишуваат твојата работна етика?
Англиски балади, поп музика е она што најдобро ме опишува, влијае на моето расположение и на мојот успех.