Wednesday, June 4, 2014

Твитер прашалник @monika_potter

Твитер прашалник @monika_potter


1.Име (ник ово оно)?
Гица Прасица (такозвана Бауер)

2.Висина и тежина?
Види под 1.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Ни права, ни виткана

4.Убав? (одговори со да или не)
Моите на гости викаат дека сум посвоена

5.Зошто си на твитер?
Е ајде де и јас тоа се прашувам цело време. Ваљда многу имам за учење

6.Шо преставува вашиот аватар?
Нашиот аватар претставува самослик пред искачање

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да, во оптичка

8.Вашето прво искуство?
Бранко е крив



9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Лондон. Лондон. Лондон.
Ако не ми даат виза, на Бора Бора

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ако го затворат, ќе го амнестираме

11.Ако се реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Во розев патлиџан

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Би порачала чизбургер оброк со кока кола и италијански тост од Мекдоналдс

13.Шо мобилен телефон користиш?
Паметен, како мене

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Кога би заработувала доволно за да можам да си дозволам психијатар. Се шалам, ни тогаш

15.Што би сменил на себе?
Моментално би ги сменила алиштава со пижами

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
Не ме следете, не знам кај терам

Прашања од @Amoretisi

1.Што те мотивира во животот?
‘’Stay hungry. Stay foolish.” – Jobs

2.Омилен филм?
Многу тешко прашање. Не знам од каде да почнам...

3.Опиши се со 3 збора
Многу сум комплицирана

4.Што претставува за тебе љубовта?
 “Do not pity the dead Harry.  Pity the living, and, above all, those who live without love.” - Albus Dumbledore

5.Доколку би имала 10 000 000 евра што прво ти текнува да направиш?

Колку сум несмасна, ваљда би ги изгубила